• Latest

Повикот за бојкот причина за разликите во бројот на државјани во дијаспората, смета Османи

April 3, 2022

Ден на Украинската Државност: илјадагодишно наследство и современа борба за слобода

July 16, 2026
Џабир Дерала (фото: ЦИВИЛ)

Дерала: Правото на глас повторно е алатка во рацете на моќните

July 16, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

ВМРО си ги брои гласачите од дијаспората како три од карти

July 16, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Зошто велиме дека се потребни реформи кога не сакаме да се менуваме­?

July 16, 2026
Фото: МИА

Евроинтеграции: Проширувањето добива нова динамика, Македонија сè уште чека отворање на првиот кластер

July 15, 2026
Илустрација: ВИ

Нетранспарентен процес, без јавна дебата: Правото на глас и Изборниот законик – играчка во рацете на моќните

July 15, 2026
Фото: МИА архива

Изборниот законик останува заглавен: ЕУ и дијаспората во центарот на партиските судири за изборните реформи

July 15, 2026

Генерален ремонт на Изборниот законик (2)

July 15, 2026

Украина отвори нов преговарачки кластер со ЕУ: и во услови на брутална руска агресија, Кијив сигурно напредува кон членство

July 14, 2026

Коалицијата на волните формира антиракетен штит; Северна Македонија примена во отсуство; прорускиот Радев го повлече членството на Бугарија

July 14, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПРОЦЕСИ ПОПИС

Повикот за бојкот причина за разликите во бројот на државјани во дијаспората, смета Османи

April 3, 2022 12:50
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА, ПОПИС
Share on FacebookShare on Twitter

Мислам дека повикот за бојкот беше најголемиот фактор за малиот број попишани наши државјани во одредени држави и ние го почувствуваме тоа во текот на Пописот, истакна министерот за надворешни работи Бујар Османи на денешниот брифинг, коментирајќи ја разликата во бројот на лица кои со Пописот се вбројани во дијаспората и оние кои се пресметани според бројот на државјанства, пренесе МИА

– Уште за време на пописот нашите дипломати не информираа дека повикот за бојкот го дава резултатот, особено во Канада, САД и Австралија и тоа, за жал, се одразува и во бројките кои што ги имаме, нагласи Османи.

Тој потенцираше дека сите наши дипломатско-конзуларни претставништва (ДКП) биле максимално ангажирани подеднакво во секоја држава.

 

– Сега се разбира во Европа имаме повеќе ДКП којшто можат да покријат за нашите во дијаспората, за разлика од Австралија каде што имаме една Амбасада и Конзулат на целата територија на Австралија и не можат ни физички да ја покријат, за разлика од Европа каде може тоа физички да се постигне, наведе Османи.

Министерот за надворешни работи, на новинарско прашање во врска со изборот на кандидати за амбасадори, наведе дека се избрани шест кандидати, но оти законски се уште не може да зборува за кои лица станува збор.

–  Нема да можам да спомнам конкретни имиња. Тоа што можам да го кажам е дека е вистина оти шест кандидати за амбасадори се одобрени од страна на Владата на последниот состанок. Ќе чекаме одобрување од земјите, а потоа ќе можеме да ги коментираме нивните имиња. Според Законот, јас не смеам да ги спомнам тие имиња, рече Османи во одговор на новинарско прашање околу тоа дека во јавноста се шпекулира оти меѓу кандидатите за амбасадори се и Теута Арифи и Виктор Димовски и дали при изборот се филтрира нивната морална одговорност.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ