Вечерва на седница на Извршниот одбор, беа дефинирани уште пет кандидати за градоначалници од редовите на СДСМ, објави на Фејсбук, генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски.
Како што вели Николовски, по спроведените испитувања на јавното мислење, по истражувањата и анализите во рамки на органите на партијата и секако по консултација со членовите, Тони Делков е кандидат за градоначалник на Неготино, Борче Георгиевски за Гази Баба, Јасмина Гулевска – Могила, Звонко Пекевски – Берово и Даниел Крстевски за Ранковце.
„На нешто помалку од три месеци пред изборите имаме потврдени кандидати во 35 општини, односно веќе имаме потврдени кандидати за повеќе од една третина од сите општини во државата.“, наведе Николовски.