Деновиве гедаме дека циклонот „Борис“ кој со себе носи обилни дождови и силни ветришта, предизвика поплави во делови од Централна и Источна Европа, особено во Чешка, Полска и Австрија. Илјадници се евакуирани, а расте и бројот на жртви. На фотографиите и видеате кои кружат на социјалните мрежи можат да се видат поплавени куќи, цели населби, а ни малку пријатни не се сцените од браните низ кои се прелева вода. Сето ова го разбуди стравот од доаѓање на циклонот и кај нас. Од УХМР најавуваат дека веќе од среда врнежите ќе бидат пообилни, повремено и поројни. Денес, ЦивилМедиа следејќи ја темата, го постави ПРАШАЊЕТО НА ДЕНОТ: Дали државата е подготвена да се справи со евентуални поплави?
Одговорете во коментари или, ако сакате да останете анонимни, испратете порака
Ова прашање го постави ЦИВИЛ на своите социјални профили и ги повика сите свои читателки и читатели да одговорат на ова прашање во коментари или во пораки, ако сакаат да останат анонимни.
Анонимност
Јасно е дека некои прашања се деликатни, така што, освен во коментари, секогаш постои можноста да се биде анонимен, па одговорите на Прашањето на денот да се даваат анонимно, во порака на месинџер или на другите онлајн контакти на ЦИВИЛ.
Редакцијата ЦивилМедиа ги повикува сите засегнати да споделуваат и коментираат. Најдобрите одговори, вклучително и анонимните, ќе бидат објавени во посебен прилог.
Редакција ЦивилМедиа