Секојдневно, многу граѓани во нашата држава се соочуваат со последиците на извршителските постапки, кои често водат до сериозни финансиски проблеми и остават луѓето без средства на нивните сметки. Извршителите се задолжени за наплата на долгови, но како што покажуваат бројни случаи, постапките понекогаш не ја земаат во предвид финансиската состојба на должниците, што доведува до ситуација во која многу луѓе остануваат со празни сметки и без средства за секојдневните потреби. Во некои случаи, целокупните средства на сметката на должникот се запленуваат, а тоа може да вклучува и минимални износи, кои не овозможуваат да се покријат основните потреби за живот како што се храната, сметките за струја, вода, интернет и лековите.
Постојат и случаи кога извршителите ги одземаат целокупните износи од сметките, без да остават ниту минимален износ за живот. Во такви околности, должниците често се наоѓаат во ситуација на апсолутна финансиска исцрпеност и без можност да ги покријат основните трошоци за живот.
ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Какви се вашите искуства со извршителите?
Редакција ЦивилМедиа ги повикува сите заинтересирани граѓанки и граѓани да одговорат на ова, но и на претходните прашања на денот во коментарите на објавата.
Некои прашања се деликатни, така што, освен во коментари, секогаш постои можноста да се биде анонимен, па одговорите на Прашањето на денот да се даваат анонимно, во порака на месинџер или на другите онлајн контакти на ЦИВИЛ.
Најдобрите одговори ќе бидат објавени во посебен прилог.
Сите прашања на денот може да се најдат во рубриката ФОРУМ на интернет весникот ЦивилМедиа.
Редакција ЦивилМедиа