Претседателот на Стопанската комора, Бранко Азески, упати писмо до премиерот Мицкоски со кое бара корекција на некои предвидени владини мерки од Законот за нефер трговски практики усвоен уште пролетоска. Потоа, напиша второ писмо со кое практично го поништи првото. Премиерот наводно ќе чека да заврши месецов и да види дали фирмите од списокот ја исполниле обврската, но по дописот кој е упатен директно до него останува да се види, дали тој ќе ги прифати барањата од бизнисот, ќе го менува законот , и/или ќе се пролонгира неговата примена?
ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Кој управува со државата, Мицкоски или крупниот бизнис?
ЦивилМедиа ги повика сите заинтересирани да учествуваат со коментар или порака во која ќе ги споделат своите размислувања по ова прашање.
Анонимност
Јасно е дека некои прашања се деликатни, така што, освен во коментари, секогаш постои можноста да се биде анонимен, па одговорите на Прашањето на денот да се даваат анонимно, во порака на месинџер или на другите онлајн контакти на ЦИВИЛ.
Редакцијата ЦивилМедиа ги повикува сите засегнати да споделуваат и коментираат. Најдобрите одговори, вклучително и анонимните, ќе бидат објавени во посебен прилог.
Редакција ЦивилМедиа