Предлогот за разрешување на државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски денеска треба да биде разгледан на седница на Влада, по што ќе се достави до Советот на јавни обвинители. Мандатот на републичкиот обвинител трае шест години, а Коцевски беше избран на оваа позиција пред една година. Владата сака предвреме да биде прекинат мандатот на Коцевски, а причината за тоа е, како што велат оттаму, разочараноста од постапувањето надвор од законските надлежности, посочувајќи дека Коцевски незаконски именувал, вршител на должност на Вишото јавно обвинителство на местото на суспендираниот Мустафа Хајрлухаи.
Промената на еден обвинител и замена со нов не е решение, туку е партизација. Ова денеска (13 февруари) го изјави претседателот на СДСМ, Венко Филипче, кој смета дека не е добро да се прифати интерпелацијата на републичкиот јавен обвинител, Љупчо Коцевски.
Јавната обвинителка Наташа Крстевска Цалева денеска поднела барање да биде ослободена од функцијата шефица на Вишото јавно обвинителство Скопје.
ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Што мислите дали се прави партизација или професионализација на судството и обвинителството?
Редакција ЦивилМедиа ги повикува сите заинтересирани граѓанки и граѓани да одговорат на ова, но и на претходните прашања на денот во коментарите на објавата.
Некои прашања се деликатни, така што, освен во коментари, секогаш постои можноста да се биде анонимен, па одговорите на Прашањето на денот да се даваат анонимно, во порака на месинџер или на другите онлајн контакти на ЦИВИЛ.
Најдобрите одговори ќе бидат објавени во посебен прилог.
Сите прашања на денот може да се најдат во рубриката ФОРУМ на интернет весникот ЦивилМедиа.
Редакција ЦивилМедиа