Поминаа три месеци од несреќата на железничката станица во Нови Сад, а повеќе од два месеци траат протестите и студентските блокади со кои се бара утврдување на одговорноста за несреќата и спроведување на правдата и правата. Студентите речиси од сите земји од регионот им дадоа поддршка на српските студенти, освен студентите од нашата земја кои засега молчат.
ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Што мислите за протестите на српските студенти?
Што мислите вие за протестите воопшто? Редакција ЦивилМедиа ги повикува сите заинтересирани граѓанки и граѓани да одговорат на ова, но и на претходните прашања на денот во коментарите на објавата. Учествувајте!
Некои прашања се деликатни, така што, освен во коментари, секогаш постои можноста да се биде анонимен, па одговорите на Прашањето на денот да се даваат анонимно, во порака на месинџер или на другите онлајн контакти на ЦИВИЛ.
Најдобрите одговори ќе бидат објавени во посебен прилог.
Сите прашања на денот може да се најдат во рубриката ФОРУМ на интернет весникот ЦивилМедиа.
Редакција ЦивилМедиа