На 3 октомври пред 29 години, беше извршен атентат врз тогашниот претседател Киро Глигоров, кој го преживеа со тешки повреди на главата. Истражната постапка против непознат сторител сè уште е отворена. Прашање е зошто?
ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Зошто и по 29 години остана мистерија кој го изврши атентатот врз Киро Глигоров?
Редакција ЦивилМедиа ги повикува сите заинтересирани граѓанки и граѓани да одговорат на ова, но и на претходните прашања на денот во коментарите на објавата.
Некои прашања се деликатни, така што, освен во коментари, секогаш постои можноста да се биде анонимен, па одговорите на Прашањето на денот да се даваат анонимно, во порака на месинџер или на другите онлајн контакти на ЦИВИЛ.
Најдобрите одговори ќе бидат објавени во посебен прилог.
Редакција ЦивилМедиа