• Latest

Пратениците дебатираа за членовите на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација

January 12, 2021
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Самит

June 21, 2026

Светски ден на бегалците, застрашувачка статистика: 118 милиони присилно раселени во 2025, бројката расте – ЦИВИЛ повикува на одбрана на оние што бегаат од војна

June 20, 2026
ЈАС И ИТАЛИЈА НИКОГАШ НЕ МОЛИМЕ | Премиерката на Италија, Џорџ Мелони (фото извор: ФБ страница на премиерката Мелони)

Мелони му возврати на Трамп: Јас и Италија никогаш не молиме (ВИДЕО)

June 20, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Македонија и ЕУ: процес прекинат и заменет со маратон кон Недојдија

June 19, 2026
Прослава, 36 години ВМРО-ДПМНЕ, Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница)

Граѓански форум: Прославата на ВМРО-ДПМНЕ во коментарите се доживува како ароганција и раскош во време на сиромаштија

June 19, 2026

Амбасадорката Лариса Дир за ЦИВИЛ: Украина ја брани својата европска иднина и продолжува со реформите во услови на војна

June 19, 2026
Москва гори, 18 јуни 2026

Москва гори: Како украинските дронови системски ја рушат руската нафтена империја (ВИДЕО)

June 18, 2026

Отидовте ли на одмор СДСМ?

June 18, 2026
Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница на ВМРО-ДПМНЕ)

ВМРО-ДПМНЕ за пет минути „одговори“ колку чинела роденденската прослава

June 18, 2026

Идентитетот како алиби за блокада

June 18, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Пратениците дебатираа за членовите на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација

January 12, 2021 14:42
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Пратениците денеска во рамки на 31. седница дебатираа за изборот на составот на членовите на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација. Претседателот на Собранието Талат Џафери констатира дека општата расправа е завршена, ја прекина седница и најави дека пратениците дополнително ќе бидат информирани за нејзиното продолжение.

Гордана Силјановска Давкова од ВМРО-ДПМНЕ рече дека има впечаток оти политичкото и партиското сепак биле доминанти.  Посочи дека кога ја видела листата на пријавените била импресионирана од бројот, од пројавениот интерес и од некои од личностите кои, како што рече, фигурираат таму, зад кои стои цела научна јавност, и онаа ангажирана во невладинот сектор, знаат дека биле активни, ја знаат таа област и оти можат да учествуваат во заштитата од дискриминација.

-Листата во која повторно препознавам партиски луѓе, листата во која гледам меѓупартиски договор, договор на коалициските партнери оние од власта, јас нема да ја гласам туку ќе бидат воздржана, рече Силјановска Давкова.

Крајно време е, како што рече, да се преиспитаат ваквите тела и ако не посегнеме по стручност и компетентност во професионализација на сите комисии кои треба да одлучуваат за човековите права, нема да има вистински реформи.  Каде има партиско и политичко влијание, реформите не виреат.

Костадин Костадинов од СДСМ реплицирајќи рече дека се ќе било поинаку ако Силјановска Давкова ја прифатела неговата покана, присуствувала на јавната расправа, која траела два дена, и им поставела прашање на 44 кандидати. Тој рече дека од страна на ВМРО-ДПМНЕ немало никаков предлог, туку се залагале за  административна проверка на кандидатите која, како што рече, мнозинството го одби. Согласно закон, појасни Костадинов, ниту службите, ниту ние во Комисија не вршиме административна проверка на кандидатите.

Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски рече дека ќе гласаат воздржано за Предлог- одлуката за избор на членови на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација. Потсети дека имале интервјуа со 44 кандидати, но, како што рече, немале можност за увид во нивната административна проверка, односно на нивната документација.

-Со начинот на кој го направивте изборот и не дозволивте да се дискутира за одредени други имиња, туку веднаш се помина на гласање на предлогот на колегите од СДСМ, фрливте сомнеж на самата комисија, рече Мицевски. Додаде дека не ги знае сите луѓе поединечно, кои се кандидати за избор, и изрази надеж дека ќе бидат на висина на задачата и ќе го демантираат со својата работа. Мицевски рече дека меѓу предложените кандидати има такви кои имаат блиски роднински врски со Кабинетот во МТСП. Тој изрази надеж дека не се работи за, како што рече, партиско, коалициона, владина комисија која нема да работи во интерес на задачата и работата која ја имаат. Најави дека ќе бидат следени од јавноста, од заинтересираните невладини организации, од граѓаните…

-Ќе гласаме воздржано од причина да направиме еден почетен иницијален притисок на самата комисија за сомнежот кој Вие, како парламентарното мнозинство го фрливте на самата комисија, да бидат будни и го исправат тој сомнеж, кој ние како опозиција и дел од кандидатите кои не се избрани тука, го имаат врз начинот на избор на кандидати на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, потенцира Мицевски.

Костадинов реплицирајќи му на Мицевски, потсети на спроведената јавна расправа на која биле поканети над 30 невладини организации, претставници на амбасади во земјава… Потенцира дека ВМРО-ДПМНЕ е против интеграција во ЕУ, против избор на вистинска Комисија за спречување на дискриминацијата. Костаднов во однос на биографиите на кандидадтите и зошто не им биле поделени на пратениците од опозицијата, рече дека тие биле прикачени во е-Парламент. Така обврска, како што образложи, немале ниту тој, ниту мнозинството, ниту пак службите.

-Нема дилеми дека овој предлог-состав на Комисијата за спречувањеи и заштита од дискриминација е непартиски, неселективен зошто тоа наидува на поддршка од цел невладин сектор, кој трепеливо ја следеше и учествуваше во јавната расправа која траеше два дена, потенцира Костадинов.

Пратеничката Снежана Калеска Ванчева од СДСМ рече дека нема кому да реплицира бидејќи Мицевски и останатите пратеници од ВМРО-ДПМНЕ ја напуштија салата.

За членови на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација се предложени Игор Јадровски, дипломиран правник со положен правосуден испит од Скопје, Неда Чаловска Димовска, дипломиран правник од Скопје, Лимко Бејзароски, политиколог и доктор по историски науки од с. Пласница, општина Пласница, Ирфан Деари, лекар специјалист од с. Боговиње, кои се со мандат од пет години, додека м-р Кире Василев политиколог од Битола, Исмаил Камбери, магистер по правни науки, и Весна Бендевска, психолог од Битола, се предложени за мандат од три години.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ