• Latest

Правдата на испит!

December 27, 2018
Фото; СДСМ/ Фејсбук

Македонски блок 2025: СДСМ со критика кон владините политики за реставрација на авторитарни модели и во одбрана на европската иднина

September 1, 2025
Фото: ВМРО-ДПМНЕ/Фејсбук

Македонски блок 2025: Наративот на ВМРО-ДПМНЕ за „национален проект за обнова на Македонија“ присутен во сите сегменти на политичката кампања

September 1, 2025

24 ЧАСА: ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ – вечен судир на наративи; Судири со полицијата во Нови Сад; Убиен портпаролот на Хамас; Една година ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ

September 1, 2025

Македонски блок 2025: Валкана кампања, дезинформации и манипулации

September 1, 2025

Македонски блок 2025: Кои се четирите доминантни наративи?

September 1, 2025

Османи одговори на прозивката на Меџити за средбата со Груевски: Дури и да имало нешто такво, тоа се класифицирани информации и би било во рамките на функцијата на министерот за надворешни работи

September 1, 2025

Светските медиуми се обединуваат во протест против убиствата на новинари во Газа од страна на Израел

September 1, 2025

Филипче: Владата го стопира ЕУ патот – Муцунски: Нашата иднина е европска, потребни се трпение и мудрост

September 1, 2025

Една година ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Време е за поконкретни прашања и поголема одговорност

September 1, 2025

ПОЛИТИКО: Авионот на Фон дер Лајен нападнат од ГПС пречки, се сомнева дека нападот е од Русија

September 1, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Правдата на испит!

December 27, 2018 16:19
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Со денешното усвојување на измените на Кривичниот законик од страна на Собраниската Комисија за политички систем се намалува затворската казна за дела поврзани со злоупотреба на јавните набавки. Согласно некои толкувања, овие измени ќе допринесат обвинетите за вакви дела да добијат само условна казна. Со новите измени се очекува да бидат опфатени дека во кои се инволвирани екс-министерката за Култура, Елизабета Канческа Милеска и Василије Авировиќ, син на пратеничката Владанка Авировиќ.

Обвинение за џихадистите од Македонија

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднесе обвинителен акт против седум македонски државјани за делото учество во странска војска, паравоени или параполициски формации. На еден му се става на товар и делото терористичка организација. Петмина од обвинетите се дел од истражни постапки во рамките на претходни акции познати во јавноста како „Ќелија 1“ (август 2015) и „Ќелија 2“ (јули 2016), но беа недостапни на органите на прогонот и за нив беа активни национални и меѓународни потерници.

Централата за снимање во ОЈО е набавена во 2012 година

Не станува збор за прислушување на Јавното обвинителство како инситуција, или на судот, туку станува збор за можностите за снимање што ги нуди централата набавена во 2012 година, а истрагата на Јавното обвинитество ќе покаже дали имало злоупотреби, одговори министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, на денешната седница на Собранието на која пратениците им поставуваат прашања на министрите. Прашањето го постави пратеникот Антонио Милошовски.

Антикорупција

Законот за антикорупција никако не стигнува да се разгледа во комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците. Најпрво овој закон од прва точка се симна последна, или четврта на дневниот ред, а по отпочнувањето на дебатата, кога се пристапи кон третата точка, законот за судска служба, пратеникот Реџаил Исмаили заради лични обврски побара пауза.

Директорите ќе си добијат заменици

Пратениците Александар Кирацовски и Благоја Трпевски, од владеачкото мнозинство од СДСМ и ДУИ, предложија по скратена постапка да се донесе закон со кој во сите јавни претпријатија, директорите ќе добијат заменици, кои би раководеле со јавното претпријатие во отсуство на директорите.

Рускоска ќе одлучува за амнестијата

Утринава до обвинителката Вилма Рускоска која го води случајот за „крвавиот четврток“ пристигнале 27 барања за амнестија од 33-та обвинети во случајот. Обвинителката ќе го даде своето мислење за тоа кој ќе биде, а кој нема да биде амнестиран. За најголемиот случај поврзан со „крвавиот четврток“ за кој е и надлежна Русковска, имаше поднесено вкупно 29 барања за амнестија.

Д. Муратов

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • СРПСКИ (БУРАЗЕРСКИ) СВЕТ: Ќе добие ли ВМРО-ДПМНЕ своја банка?

    127 shares
    Share 51 Tweet 32
  • ВМРО-ДПМНЕ добива своја „послушна“ банка, Србија – ново средство за влијание

    107 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Си Џингпин распосла црвен тепих за Путин и Моди, додека самитот е во сенка на трговските војни со САД

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Разрешени и избрани нови членови на општински изборни комисии за Локалните избори 2025

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • 24 ЧАСА: Обвинет таткото-насилник кој тепаше малолетни играчи; како ВМРО-ДПМНЕ ја разбира статистиката – експлозивна изјава на Бранимир Јовановиќ; алармантен рекорд на насилството врз новинарите во Србија; оружје за 825 милиони долари од САД за Украина

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ