• Latest
Фото: ВМРО-ДПМНЕ/Фејсбук

Македонски блок 2025: Наративот на ВМРО-ДПМНЕ за „национален проект за обнова на Македонија“ присутен во сите сегменти на политичката кампања

September 1, 2025
2K12 Kub (NATO denomination: SA-6 Gainful)

Кабинетот на премиерот Мицкоски три недели молчи за транзитот на советските ракетни системи за Уганда

June 22, 2026

Европска фасада, балканска кал: Илузиите за мултиетничко општество и национализмот, најпрофитабилни бизниси во заробената држава

June 21, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Самит

June 21, 2026

Светски ден на бегалците, застрашувачка статистика: 118 милиони присилно раселени во 2025, бројката расте – ЦИВИЛ повикува на одбрана на оние што бегаат од војна

June 20, 2026
ЈАС И ИТАЛИЈА НИКОГАШ НЕ МОЛИМЕ | Премиерката на Италија, Џорџ Мелони (фото извор: ФБ страница на премиерката Мелони)

Мелони му возврати на Трамп: Јас и Италија никогаш не молиме (ВИДЕО)

June 20, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Македонија и ЕУ: процес прекинат и заменет со маратон кон Недојдија

June 19, 2026
Прослава, 36 години ВМРО-ДПМНЕ, Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница)

Граѓански форум: Прославата на ВМРО-ДПМНЕ во коментарите се доживува како ароганција и раскош во време на сиромаштија

June 19, 2026

Амбасадорката Лариса Дир за ЦИВИЛ: Украина ја брани својата европска иднина и продолжува со реформите во услови на војна

June 19, 2026
Москва гори, 18 јуни 2026

Москва гори: Како украинските дронови системски ја рушат руската нафтена империја (ВИДЕО)

June 18, 2026

Отидовте ли на одмор СДСМ?

June 18, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ АКЦЕНТ

Македонски блок 2025: Наративот на ВМРО-ДПМНЕ за „национален проект за обнова на Македонија“ присутен во сите сегменти на политичката кампања

September 1, 2025 18:19
in АКЦЕНТ, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Фото: ВМРО-ДПМНЕ/Фејсбук

Фото: ВМРО-ДПМНЕ/Фејсбук

Share on FacebookShare on Twitter

Во пресрет на локалните избори, политичкиот кампус во Северна Македонија е обележан со засилени политички пораки и јасно изразени спротивставени наративи меѓу двете најголеми партии од македонскиот блок – владејачката ВМРО-ДПМНЕ и опозициската СДСМ.

Според анализата на Драган Мишев „Македонскиот политички кампус во пресрет на локалните избори: ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ во вечен судир на спротивставени наративи,“ , ВМРО-ДПМНЕ, како владејачка партија настапува со стратегија на прикажување на својата власт како коректор и спасител по „годините на пропаѓање под СДСМ во партнерство со ДУИ“.

Централна порака е дека локалните избори треба да ја зацврстат власта и да му дадат нов импулс на „националниот проект за „обнова на Македонија“, кој е клучен слоган,рамка на изборните кампањи на ВМРО-ДПМНЕ на изборите од 2020 па наваму, иако целиот претходен период ВМРО-ДПМНЕ е на власт во најголем број општини во државата.

Мицкоски и партијата ја истакнуваат инфраструктурата, енергетиката и локалните инвестиции обезбедени преку сомнителниот заем од Унгарија, но и преку договори за задолжување од други земји, додека паралелно кампањата е проследена со жестоки напади врз опозицијата.

Во медиумскиот простор, кој речиси е целосно под влијание на владејачката партија, премиерот Мицкоски не се „симнува“ од програмата, неговите изјави се повторуваат по неколку пати на денот, и се користат агресивни пораки кои ја претставуваат СДСМ како „партија на предавства“, „партија која ја продаде државата“, со што се мобилизираат емоциите на сопствените поддржувачите.

Сé поголем акцент сега се става на економските трендови, платите и инфлацијата, на кои во соопштенијата од партискиот центар за комуникации се претставуваат со розови очила, и со манипулација со бројките сака да се претстави дека сега народот живее подобро, отколку претходно.

Дополнително, се користат и алтернативни форми на кампања, со сомнителна и нетранспарентно финансирање, како музичкиот караван „Македонијо во срце те носиме“ на кој се собрани пејачки и пејачи кои учествуваат во изборните кампањи на ВМРО-ДПМНЕ и со преработки на патриотски песни организираат концерти низ земјата за да го разбудат националното чуство.

Често се споменува и посветеноста на членството во ЕУ, но во рамка на сопствени услови и интерпретации, со остри критики кон меѓународните компромиси што ги правела претходната власт, наводниот нефер однос на ЕУ кон земјава и со повторување на ригидниот став против уставните прмени за внесување на Бугарите во Уставот.

Премиерот Мицкоски, иако повикува на обединување, сепак ги отфрла сите иницијативи и обиди на опозицијата за заедничко делување за да се изнајде излез од ќорсокакот во кој ја одведоа евроинтеграцијата на земјата.

Дополнително, повторно се игра на картата на меѓуетнички тензии, како во случајот со поларизацијата на ниво премиер со вицепремиерот Меџити околу улогата на УЧК, но и разногласието помеѓу Мицкоски и министерот за правда Филков околу најавата за менување на принципот Бадентер.

И во целиот тој дефокус од неуспехот на власта да се справи со малите плати на работниците, скапотијата и празната кошничка со спинови за луксузни јахти на Заев и Филипче, Мицковски, во обид без преседан, најави можност Владата да именува повереници во општините доколку, според него, се создаде проблем во изборниот процес со учеството на независните кандидати со само два потписа од граѓани од изборната единица, што пак може да го зголеми бројот на кандидати и да направи гласачкото ливче да биде долго и збунувачко. Набргу потоа, претседателот на ДИК, Борис Кондарко, ја отфрли можноста за застој во изборниот процес.

Сепак, мора да се забележи дека владејачката ВМРО-ДПМНЕ, иако до максимум ги користи државните ресурси, во кампањата најчесто настапува од позиција на опозиција.

Македонскиот политички кампус во пресрет на локалните избори: ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ во вечен судир на спротивставени наративи

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ