• Latest
Креирано со помош на ВИ

Правдата во рацете на подобни судии од новото црно тефтерче на ВМРО-ДПМНЕ

February 19, 2026
Зеленски - Вучиќ, Тирана, февруари 2024 (фото извор: Кабинет на Претседателот на Украина)

Србија – Украина: Цената на Вучиќ

August 7, 2026
Илустрација ВИ

Безбедносно тестирање: Напредните AI модели покажаа автономно измамничко однесување, експертите бараат построга регулација

August 6, 2026

Хроника на една пропадната држава (јули 2026): Додека правдата е заробена во „реформи“, луѓето се трујат од вода и политика, а владата и опозицијата се „реконструираат“ – земјата тоне во „достоинство“ и молчи пред Украина

August 6, 2026
Фото: Архива

По жестоките руски напади: НАТО работи на итна испорака на противвоздушна одбрана за Украина

August 6, 2026

Сите цистерни со сертификат, нема штета: Што покажуваат доказите за „Мазут“?

August 6, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Ватос – капина или како стигнавме до таму, змиите да ни бидат друштво

August 6, 2026
Тематска дебата на СДА Македонија, 30 јули 2026 (фото: ЦИВИЛ)

СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ВО ОРБИТАТА НА СРПСКИОТ СВЕТ: Европскиот пат блокиран, изолацијата станува државна политика – дебата на СДА Македонија

August 5, 2026

РУСКИ ТЕРОР ВРЗ КИЈИВ: Најмалку 17 загинати и 44 повредени во нов масовен напад со ракети и дронови

August 5, 2026
СЛОБОДА | Кијив, 22 јули 2026 (фото: Џабир Дерала/ЦИВИЛ)

Животот и демократијата се обновуваат под оган: Детален запис од мисијата на Media Dialogue во Украина

August 4, 2026
фото: ВИ

Италија предлага мигрантски центри во трети земји по моделот на Албанија

August 4, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПРАВДА

Правдата во рацете на подобни судии од новото црно тефтерче на ВМРО-ДПМНЕ

February 19, 2026 17:23
in (АНТИ)КОРУПЦИЈА, ПОЛИТИКА, ПРАВДА, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Креирано со помош на ВИ

Креирано со помош на ВИ

Share on FacebookShare on Twitter

ДРАГАН МИШЕВ

Гласачката машинерија на парламентарното мнозинство во Собранието со 63 гласа „за“  и седум „против“,  за нов уставен судија го избра Гоце Наумовски, актуелен советник на премиерот Христијан Мицкоски за правни прашања, и  брат на поранешниот вицепремиер од ВМРО-ДПМНЕ, Васко Наумовски.

Освен партиска подобност, изборот на едниот од браќата Наумовски (Гоце) има и непотистичка позадина, ако се има предвид дека и двајцата се професори на Правниот факултет „Јустинијан Први“, каде прв се вработил Гоце, па потоа си го земал и братот Васко, како да се работи за приватен факултет во семејна сопственост. Од друга страна, тоа и не треба да зачудува, ако се знае дека и премиерот на сегашната влада и лидер на партијата од каде доаѓа барем едниот од браќата Наумовски – студираше, стана асистент, а потоа и професор  на факултетот каде што му предаваше неговиот татко.

По изборот, Наумовски (Гоце) веднаш положи заклетва во Собранието, повторувајќи ги свечените зборови по Антонијо Милошоски, за кој, откако во една од објавените „бомби“ се слуша како  го известува  тогашниот претседател на Комисијата за верификација на фактите Томе Аџиев дека нашол лице кое ќе поднесе претставка за судијата, а Аџиев ветува дека ќе заврши работа, своевремено СЈО го осомничи дека договарал лустрација за судијата Билески од Кичево, кој беше лустриран во 2010 година, за  по девет години Европскиот суд за човекови права во Стразбур да утврди серија неправилности и незаконитости кои му ги прекршиле човековите права на судијата кога бил прогласен за соработник на тајната полиција.

Апсурдно е тоа што, токму новоизбраниот судија на уставниот суд, повторувајќи по пратеникот и долгогодишен висок функционер на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски при полагањето го прекрши уставот, со некористењето на уставното име на земјата.

Истовремено, ова не е прв пат за уставен судија да се избере актуелен советник на член на државниот врв од редовите на ВМРО-ДПМНЕ. Во 2017, тогашниот претседател Ѓорге Иванов го предложи за уставен судија Дарко Костадиновски, кој беше советник за надворешна политика во неговиот кабинет. На 11 јануари 2018 Костадиновски избран за уставен судија, а во јуни 2024 беше избран за претседател на Уставниот суд.

Всушност, намерата да ја преземе и судската влат, ВМРО-ДПМНЕ не ја крие од самиот почеток, организирајќи хајки против неподобни судии – директно, како во случајот на отворените напади против Државниот обвинител Љупчо Коцевски кој беше ставен за разрешување на собраниска седница, иако Законот за јавно обвинителство го забранува тоа, по што самиот си поднесе оставка непосредно пред нејзиниот почеток – или од страна на нивните „јастреби“ -режимски новинари кои преку медиумите блиски до власта јавно ја клеветеа и навредуваа  обвинителката за врски во Агенцијата на ЕУ за соработка во кривичната правда (Еуроџаст) Ленче Ристоска, во момент кога постапката за избор на кандидатите за нов државен Јавен обвинител е во сензитивна фаза.

И како капак на сѐ, дојде скандалозната изјава на портпаролката на Владата, Марија Митева, на која, во емисијата „Само Вистина“ со Андреј Жерновски, најверојатно опиена од власта, и се испушти и изнесе протечена информација дека го знае решението по тужба поднесена од нејзиниот соговорник Жерновски, која инаку е сѐ уште во постапка, на тој начин признавајќи дека има влијание и добива информации директно од високи кругови внатре во самиот суд, што дополнително ги подгрева сомнежите кај најголем дел од граѓаните во непристрасноста и објективноста на судството во СевернаМакедонија.

По се изгледа, Гоца се врати- навистина се врати, и од нејзиното црно тефтерче повторно ќе се договараат судии и пресуди, само што истото, овој пат е надградено и проширено… и уште по црно.


 

Текстот е личен став на Авторот

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ