• Latest

Правната држава да се покаже на дело за „Рекет“, бара меѓународната заедница

August 14, 2019

ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

November 3, 2025
Фото: Украинска амбасадорка Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Русија продолжува со воздушниот терор против мирните градови, единствениот одговор се – строги санкции, поголема поддршка за Украина

November 3, 2025

Северна Македонија не ги усвои уставните измени, треба да работи на почитувањрто на правото и борбата против корупција, се наведува во Извештајот на Европската комисија

November 3, 2025
Креирано со помош на ВИ

Четири жени избрани за градоначалнички на локалните избори 2025, останува „рекордот“ од дури 6 избрани во 2017

November 3, 2025

ДКСК: Потребно е да се усогласи терминологијата во Изборниот законик за рамноправен пристап до платено политичко рекламирање за сите учесници

November 3, 2025

Според АВМУ, анализираните медиуми генерално известувале неутрално за учесниците во изборите

November 3, 2025

Раст на неважечки ливчиња на локалните избори во Северна Македонија: Тренд што го алармира изборниот систем

November 3, 2025
Фото: Министерство за култура на Украиан/Фејсбук

На Денот на борбата против неказнивоста за злосторства против новинари – 116 убиени, 26 заробени новинари од почетокот на целосната руска инвазија врз Украина

November 3, 2025
Британски Томахавк во лет. Повеќето Томахавки се поморско оружје, но постојат и опции за копно и за воздух. Фото: Кралска морнарица

Трамп „засега“ не размислува за трансфер на ракети Томахавк во Украина

November 3, 2025
Скриншот од видео на
ABC News (Australia)

Британец обвинет за масовниот напад со нож во воз во Англија

November 3, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Правната држава да се покаже на дело за „Рекет“, бара меѓународната заедница

August 14, 2019 08:25
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Меѓународната заедница деновиве е едногласна во барањето до властите во Северна Македонија во врска со случајот „Рекет“ да покажат на дело дека во земјата има владеење на правото и дека правната држава функционира, јавува МИА.

Амбасадорките на САД и на Велика Британија Кејт Бернс и Рејчел Галовеј споделувајќи ја објавата на еврокомесарот Јоханес Хан за случајот „Рекет“ и борбата против корупцијата, на своите официјални Твитер профили порачаа земјата да покаже заложба за придржување кон владеење на правото.

„Како што рековме претходно, ова се сериозни обвиненија за кои е потребен сериозен одговор, кој ќе биде темелен, транспарентен и навремен. Сега е време Северна Македонија да покаже заложба за придржување кон владеењето на правото“, напиша Бернс на Твитер .

За Галовеј зацврстувањето на владеењето на правото е од витално значење за Северна Македонија.

„Зацврстувањето на владеењето на правото е од витално значење на Северна Македонија и можност за независните институции да покажат посветенсот на правдата за сите граѓани“, објави на Твитер британската амбасадорка.

По објавувањето на снимените разговори во врска со случајот „Рекет“, викендот на Твитер се огласи еврокомесарот за проширување и соседска политика Хан, кој порача дека борбата против корупцијата на високо ниво мора да продолжи.

„Северна Македонија: Борбата против корупцијата на високо ниво мора да продолжи непрекинато. Што се однесува до најновите откритија, важно е да се утврди правна одговорност за сите кривични дела, вклучително и оние што произлегуваат од и околу илегалните прислушувања“, наведува Хан во објавата.

Тој натаму посочува и дека никој не е над законот и не може да има неказнивост.

„Сите кривични дела мора да бидат испитани од надлежните органи, ослободени од какво било мешање, а сторителите да бидат изведени пред лицето на правдата“, порачува еврокомесарот Хан во објавата на Твитер.

#NorthMacedonia: the fight against high level corruption must continue uninterrupted. Concerning the latest revelations it is important to establish legal accountability for all crimes, including those arising from and surrounding the illegal wiretaps. 1/2

— Johannes Hahn (@JHahnEU) August 11, 2019

Даниел Сервер од Универзитетот „Џон Хопикинс“, во коментар за истрагата околу случајот „Рекет“ и можната поврзаност на поранешната специјална обвинителка Катица Јанева, изјави дека ваквите случаи треба да имаат судска разрешница, укажувајќи при тоа дека тоа може да биде процес кој нема да заврши брзо.

„Сметам дека главно во момнетов е Владата да стави до знаење дека е посветена на обемна и фер судска истрага, и ако треба, судење на оние кои го извршиле криминалот“, изјави тој за МИА.

На прашањето дали случајот би можел да се одрази врз пристапните преговори со ЕУ, Сервер изјави дека тоа зависи од самата Унија.

„До Брисел е да одлучи дали треба некакво одложување. Но, убеден сум дека искрена и јасна посветеност на Владата ќе го отвори патот за отварање на преговорите“, изјави Сервер.

Со сличен коментар се огласи и Пол Мекарти, директор за Европа во Меѓународниот републикански институт во Вашингтон, кој укажа дека треба да се дозволи истрагата да продолжи понатаму за да се види што всушност е точно, а што не е.

„Во овој момент ние ги имаме само овие снимки и тоа сигурно е загрижувачки. САД, особено Меѓународниот републикански институт, водат голема грижа за институционална транспарентност и силно судство. Истрагата треба да биде завршена“, изјави Мекарти за Гласот на Америка.

Тој вели дека опозицијата треба да почека да се реши случајот, пред да излегува со какви било заклучоци. Важно е да биде конструктивна, а американските пријатели се тука за да ја потсетат на тоа, рече тој.

Со свој став се јави и претседателот на државата Стево Пендаровски, кој на прес-конференција во Вилата „Водно“ побара брзо расчистување на аферата „Рекет“ од аспект на интеграциите на земјата во ЕУ и НАТО.

 „Мораме брзо да ја расчистиме аферата „Рекет“ од аспект на евроатлантските интеграции. Можеби не во однос на НАТО, бидејќи таму сме во завршните фази од процедурата, но во однос на ЕУ не смееме да оставиме ниту најмал сомнеж, ниту кај една единствена земја членка на ЕУ дека ние не сме подготвени да расчистиме и вакви случаи“, порача Пендаровски.

За тоа колку аферата „Рекет“ ќе влијае на добивањето датум за почеток на преговори со ЕУ, претседателот Пендаровски е дециден дека во овој момент од информациите што ги има од ЕУ и Европската комисија, нема промена во ниту една земја членка во насока за ревидирање на нивниот став. Потсети дека одложувањето во јуни беше од технички причини заради германскиот Бундестаг, кој на 27 и 28 септември треба да ја одржи сесијата на која ќе даде зелено светло.

„Нема промена, но ние мораме да дуваме и на јогурт. Не смееме да се опуштиме. И помали афери од оваа се повод некои од земјите членки, бидејќи не го сакаат проектот на проширување, да кажат не ни требаат овие од Западен Балкан, кој било. Имаме обврска да не им дадеме аргумент плус на таквите нивни политички настојувања“, оцени Пендаровски кој додаде дека разговарал и добил уверување од некои негови пријатели во Брисел, дека досега нема битна промена на расположението во главните градови кои решаваат за интеграциите.

Share42Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    148 shares
    Share 59 Tweet 37
  • Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    140 shares
    Share 56 Tweet 35
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ