• Latest

Правни аспекти на референдумот

August 15, 2018

Почна втората сезона на Eyes on Democracy: Украина и иднината на Европа (ВИДЕО)

August 28, 2026

СДА Македонија со остра осуда на величењето на воениот злосторник: Дали партнерите на ДПСМ во власта ја делат истата глорификација на воените злосторства на Ратко Младиќ!?

August 28, 2026

Генералот кој умре и продолжува да живее

August 28, 2026
Злосторникот и соучесниците

Смртта на Ратко Младиќ: Крај за еден воен злосторник, но не и за негирањето на вистината

August 28, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Статистиката не е економска политика, гласање ќе има, ама ќе нема избирање

August 28, 2026

ГРАЃАНСКИ ФОРУМ: Ние прашуваме, тие бегаат од одговори – која е вашата порака до политичарите денеска?

August 28, 2026
Преземено од Unsplash

Компанијата Мета се спогоди за скоро 18 милијарди долари по тужбите дека ги „заробувала“ децата на социјалните мрежи

August 27, 2026
Фотографија: Википедиа

Дрон со експлозив меѓу лежалки и чадори: руската агресија против Украина сè поблиску до романското крајбрежје

August 27, 2026
Украина, Сумска област, 27 август 2026 (фото извор: ДСНС)

Ден 1646, руски терор врз цивилите во Украина: Нападнати Кијив и Одеса – оштетени училишта, здравствена установа и станбени објекти

August 27, 2026
Скриншот од видео на Би-би-си

Катастрофални поплави на Хималаите: најмалку 165 загинати, речиси 1.500 исчезнати

August 27, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Правни аспекти на референдумот

August 15, 2018 08:00
in СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

Според мое мислење, Одлуката за распишување на референдум бр. 08 – 4666/1 (Сл. весник на Република Македонија – 140/18 од 30 јули 2018) на кој граѓаните треба да го кажат своето мислење во врска со склучен договор со Република Грција, е правно издржана.

Пишува: Мирјана Најчевска

Одлуката ги има потребните елементи (структурни и содржински) на начин на кој се дефинирани во Законот за референдум. Согласно членот 9 од Законот за референдум и други облици на непосредно изјаснување на граѓаните, во Одлуката е јасно дека референдумот го распишува Собранието на Република Македонија, на територија на целата држава, во врска со веќе ратификуваниот договор со Република Грција (што го прави дополнителен по неговиот карактер, согласно член 25 од Законот за референдум). Во одлуката е дадено образложение од кое произлегува дека зачленувањето на Република Македонија во НАТО и отпочнувањето на процесот на преговори за пристапување кон ЕУ покрај исполнувањето на предвидените критериуми зависи и од решавањето на конкретниот спор со Република Грција и е даден денот на одржување на референдумот.

Самото прашање е доволно прецизно за да може граѓаните да се изјаснат со ДА или НЕ за многу јасното прашање: дали се за членство во НАТО и ЕУ со прифаќање на склучениот договор со Република Грција?

Не станува збор за прашање за стапување во ЕУ, туку за прашање за почнување на процес на преговори, кој не може да започне и кога станува збор за НАТО и кога станува збор за ЕУ, без исполнување на еден претходен услов – договор со Република Грција.

За да не дојде до ситуација противниците на референдумот да создадат забуна околу поставеното прашање, мислам дека би било многу добро Собранието да излезе со став дека откако ќе заврши процедурата за исполнување на предвидените критериуми за влез во ЕУ, ќе распише референдум со прашање дали граѓаните сакаат државата да стане членка на овој сојуз или не (што според Уставот е и обврска кога станува збор за ваков вид на промена на статусот на државата).

Од правна гледна точка, поставено е многу јасно и еднозначно прашање: дали граѓаните на Република Македонија го прифаќаат договорот со Грција како предуслов воопшто и да се размислува за членство во НАТО и во ЕУ. Значи, никакви табели, никаква повеќеслојност или двосмисленост. Јасно прашање: дали граѓаните го прифаќаат  договорот со Република Грција како нужен предуслов за членство во НАТО и ЕУ.

Ако сте за членство во НАТО и ЕУ со тоа што ќе го прифатите договорот со Грција заокружувате ДА. Ако не сте за членство во НАТО и ЕУ, или не сте за членство во било која од овие структури или пак, сте за членство меѓутоа не го поддржувате договорот со Република Грција и мислите дека членството може да се постигне и на друг начин, заокружувате НЕ.

Со одговорот ДА, граѓаните не се откажуваат од правото на идниот референдум за влез во ЕУ да се изјаснат негативно.

Со одговорот НЕ, граѓаните не се откажуваат од тоа да бараат влез во НАТО и ЕУ без исполнување на конкретниот предуслов адресиран со договорот со Република Грција.

Значи, ајде да не мешаме баби и жаби и препораки за референдум и мислења на Венецијанската комисија за сосема други ситуации.

Нема манипулација во референдумското прашање, граѓаните не се откажуваат од никакви права, и Преспанскиот договор не е правна фикција туку ратификат изгласан од највисокото законодавно тело во државата.

Едноставно, на граѓаните им се дава можност да го искажат своето мислење за конкретна алтернатива, за можно решение. И тие треба да гласаат со ДА или со НЕ.

 


Услови за користење, авторски права и заштита на приватноста 

Преземање на содржините под различни услови од наведените не е дозволено, освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ. Повредата на авторските права е забранета со закон.

Tags: правореферендум
Share188TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ