• Latest
Украина, неброени воени злосторства, разурнати домови, уништени животи (фото извор: Амб. на Украина)

Право на живот за време на војна. Против злосторствата на рф.

July 14, 2025

25 години климатски промени: Како планетата станува потопла, а животот во градовите сè потежок

October 14, 2026

Избори во Србија: Притисоци, инциденти и сомнежи за поткуп и “фантомски гласачи“

October 14, 2026
Кијив, 14 октомври 2026

Руски ракетен терор врз домовите и електраните: Четворица загинати во Кијив, стотици илјади без струја по руските напади

October 14, 2026
Зеленски - Трамп во Овалната соба, 28 јули 2026

Occupy Democrats: Зеленски го прозва Трамп поради стопирањето на предупредувањата за руските ракетни напади

October 14, 2026

Банките заработија над 1,1 милијарда евра за пет години: Кој и колку добива од рекордните профити?

October 14, 2026

Груби излезе од куќен притвор, пасошот останува одземен – судењето за „Лотарија“ продолжува

October 14, 2026

Четворица загинати во Харкив, балистички ракети врз Кијив – рускиот терор продолжува и по најавеното примирје

October 13, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Се снајде на туѓа сметка

October 13, 2026
Михаил Звинчук, аеродром Шереметјево, Москва, 11 октомври 2026

(ДОСИЕ @RYBAR) Звинчук се врати во Москва: „Рибар“ најавува продолжување на активностите на Балканот – се открива улогата на руските разузнавачки служби и „Ростех“

October 13, 2026
Ива Михаилова (фото извор: МРТ)

Случајот „Ива Михаилова“: Меѓу правото на лекување, бегството од правдата и политичкото профитерство

October 13, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА ДИПЛОМАТСКА ПРИЗМА

Право на живот за време на војна. Против злосторствата на рф.

July 14, 2025 13:21
in ВОЈНА ВО УКРАИНА, ДИПЛОМАТСКА ПРИЗМА, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5, ЧОВЕКОВИ ПРАВА
Украина, неброени воени злосторства, разурнати домови, уништени животи (фото извор: Амб. на Украина)

Украина, неброени воени злосторства, разурнати домови, уништени животи (фото извор: Амб. на Украина)

Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: Амб. ЛАРИСА ДИР
Вонредна и Ополномоштена Амбасадорка на Украина во Република Северна Македонија

Одлуката на Европскиот суд за човекови права од 9 јули 2025 година во предметот „Украина и Холандија против Русија (за Источна Украина)“ уште еднаш го стави во фокус вниманието врз злосторствата на руската армија против Украинците. Воени напади, убиства, тортура, вонсудски егзекуции на цивили и војници, киднапирање деца, присилно раселување цивили, уништување, пљачкосување – се карактеристични дејствија на припадниците на армијата на руската федерација.

рф ги прекршува сите норми на меѓународното хуманитарно право, кое го регулира заштитувањето на жртвите на вооружени конфликти и ги ограничува средствата и методите на војување.

За разлика од рф – Украина ги почитува одредбите на Женевските конвенции и има цврста основа за системска реализација на меѓународните обврски.

Украинските вооружени сили ги почитуваат и правилата на војување и го пренесуваат знаењето за меѓународното хуманитарно право, особено за почитувањето на правата на воените заробеници за време на воена состојба.

Украина – рускиот агресор систематски ги напаѓа цивилните цели (фото извор: Амб. на Украина)

Во овие неверојатно тешки услови, украинските војници учат за хуманитарните стандарди и ги применуваат.

Вооружените сили на Украина знаат дека без хуманитарно право, војната се претвора во неограничено насилство. Во насилство кое го трпат украинските цивили и војници, особено оние што се во заробеништво кај државата-агресор рф.

Зошто украинскиот војник може да пронајде, таканаречен, „компромис“ меѓу хуманоста и воената нужност, а претставникот на руската армија се „реализира“ преку извршување ѕверства, тортура, убиства (?!) – Буча, Ирпин, Мариупол, Изјум…

Одговорот не е ни толку во фактот дека војната и нејзиното започнување е надворешна политика на кремљ, туку во тоа што русите го обезвреднуваат сопствениот живот, а со тоа и животот на другите луѓе.

Украина – нема крај на деструктивноста на рускиот агресор (фото извор: Амб. на Украина)

Принципот на хуманост треба да се огледа и во должноста човечно да се постапува со лицата што не учествуваат во борбените дејствија. Постојат бројни примери каде украински војници им помагаат на цивилите во, на прв поглед, безизлезни ситуации. Запаметен е случајот од летото 2022 година. За да ги евакуираат своите постари родители, брачен пар цивили патувал со автомобил од Кијив кон градот Бахмут, кој тогаш беше под контрола на Владата на Украина, но истовремено под интензивни напади на руските сили.

Сепак, цивилното возило влегло во руска заседа и било нападнато. Мажот бил тешко ранет, а жената се обидела да му пружи прва помош.

При воздушна извидница со беспилотно летало, украинските војници го регистрирале нападот врз цивилното возило. Откако сфатиле дека цивилите имаат потреба од помош, тие ѝ покажале на жената со дронот во кој правец да се движи.

Така, жената била безбедно евакуирана до позициите на Вооружените сили на Украина и ѝ била пружена целата неопходна помош. Подоцна била пружена помош и на мажот, и неговиот живот бил спасен.

Мала епизода на спасување животи среде руската бруталност. Цената – живот!

Говорам за тоа дека Украина ги почитува и „женевското право“ и „хашкото право“. руската федерација, со акт на вооружена агресија против Украина, продолжува да ги прекршува нормите на меѓународното хуманитарно право.

Секојдневно рф гранатира населени места во Украина, уништува станбени згради, училишта, болници, цркви. Како резултат на нападите – има загинати и ранети.

Очигледно е дека моралните и вистински религиозни извори во рф целосно се пресушиле.

Убиства на деца, воени заробеници, тортура и изживување врз луѓето – се знак дека русите се надвор од цивилизацискиот простор. Очигледно, зад тие кремљовски ѕидини не се читаат ни Женевските конвенции, ни Повелбата на ОН. Очигледно е дека единствениот начин да се надмине руската „дислексија“ во овој случај се ракетите, дроновите, санкциите и притисокот врз рф.


Специјално за ЦИВИЛ МЕДИА.

Фото извор: Амб. на Украина
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ