• Latest

Правосудството на насловните страници: Судирот Русковска – Муареми виа Јовески во фокусот на домашната и меѓународната јавност

August 7, 2022

Парада на победата во Москва, 9 мај 2025 година

May 10, 2025

Мастрафот си ти

May 10, 2025

Трамп соопшти дека Индија и Пакистан постигнале договор за целосен прекин на огнот

May 10, 2025
Министерот Тимчо Муцунски во Лвив, Украина, на Денот на Европа, 9 мај 2025 (фото извор: Профилот Х на Муцунски)

Министерот Муцунски беше дел од министерскиот состанок на Основната група за Специјалниот трибунал за злосторство агресија против Украина; Амбасадорката Дир се заблагодари за поддршката

May 10, 2025
A sculpture installation at the Lawn on D | Flickr (CC BY-NC-ND 2.0)

Револуцијата на градот во кој може да се живее

May 10, 2025
Фото: Zaporizhzhia RMA

Северна Македонија се приклучи на повикот на ЕУ за безусловен 30-дневен прекин на огнот во Украина

May 10, 2025

Љубомора и завист во антизападниот македонски политички блок

May 10, 2025
Потписот на Доналд Трамп (Wikimedia Commons)

Трамп преку проглас ќе промовира порака за „самодепортација“ на мигрантите

May 10, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Пакистан и Индија се движат кон тотална војна по новиот бран напади

May 10, 2025

Борел: Три пати повеќе експлозивна моќ е фрлена врз Газа отколку што беше употребена во бомбата во Хирошима, а ние снабдуваме половина од тие бомби!

May 10, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПРАВДА

Правосудството на насловните страници: Судирот Русковска – Муареми виа Јовески во фокусот на домашната и меѓународната јавност

August 7, 2022 17:38
in АНАЛИЗИ, ПРАВДА, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Новинарот Љубомир Костовски, во анализата „Обвинителски конфликти после првиот чин: Нема да има скрининг пред скринингот“, меѓу останатото, во случајот на настанатиот „спор“ околу претресот во Управата за финасинската полиција, односно одлуката на обвинителката за организиран криминал, Вилма Русковска, се оврнува на последиците и правните разврски околу целиот процес.

Да се потсетиме дека последниот случај кој на насловните страници ја исфрли обвинителката за организиран криминал и корупција Вилма Русковска, првиот човек на Финансовата полиција Муареми и сега и самиот прв човек на Обвинителството Љубомир Јовески, започна кога обвинителката дала наредба за претрес во Управата за финансиска полиција. Кусата истрага на Јовески утврдила дека таа, давајќи му претходно погрешни информации на судијата на претходна постапка за да ја обезбеди наредбата.

Јовески во поширокото образложение објавено неодамна, забележува дека спротивно на законот, наместо на одделот за гонење на лица со полициски овластувања (кај што се обвинителите Лиле Стефанова, Артан Ајро и други), таа случајот го доделила на обвинители надвор од овој оддел, неовластени да постапуваат пред финансиските полицајци.

По пријавата од страна на директорот Муареми, надзорот во ОЈО за организиран криминал го извршиле двајца јавни обвинители, определени со годишниот распоред за надзор над работата на Обвинителството. Тие изготвиле службена белешка за увидот во постапувањето во предметот и ја доставиле до Јавниот обвинител Јовески.

„При вршењето на надзорот, јавните обвинители од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција кои постапувале во предметот беа задолжени да изготват информација за наводите во претставката. Меѓутоа, само еден од јавните обвинители постапи по задолжението и ја достави бараната информација. Одбивањето да се даде бараната информација за да се утврдат фактите за постапувањето по конкретниот предмет, го поткрепува сомнежот за недоследности во постапувањето” – вели Јовески.

Со надзорот во предметот било утврдено дека ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција примило анонимна кривична пријава на 3.5.2022 година, а на 18.7.2022 година подготвило барање за издавање наредба за претрес. Барањето истиот ден било доставено до Основниот кривичен суд Скопје.

Во согласност со утврдената состојба, Јавниот обвинител на РСМ дал укажување до ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција во кое се наведуваат констатираните неправилности во постапувањето во конкретниот предмет. При заведувањето на оформениот предмет нарушена е хоризонталната надлежност и организацијата на Јавното обвинителство. Кривичната пријава се однесува на лица од Управата за финансиска полиција, кои согласно чл.33 ст.2 од Законот за јавното обвинителство имаат полициски овластувања, а по таквите пријави надлежно е да постапува Специјализираното одделение за гонење на кривични дела извршени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција.

Според тоа, тројцата јавни обвинители од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција кои постапувале по овој предмет, а не се дел од Специјализираното одделение, ненадлежно постапувале по кривичната пријава.

Јавниот обвинител укажува дека предметот треба да се заведе во соодветен уписник и согласно распоредот да се додели на јавен обвинител кој е распореден во Специјализираното одделение”, се наведува во соопштението од неговата канцеларија.​

Исто така, укажано е дека во образложението на барањето, на Судот погрешно му се даваат податоци дека Обвинителство има основи на сомнение дека е сторено кривично дело, а во списите од предметот имало само анонимна кривична пријава.

„Анонимната кривична пријава и конкретните наводи во неа, непоткрепени со ниту еден доказ или со други средства, можат да бидат повод за поведување кривична постапка, но таа не обезбедува определен степен на веројатност дека ќе се пронајдат траги на кривичното дело или предмети важни за кривичната постапка за да има основи за барање на претрес на простории на државен орган и претрес на лице” – наведува Јовески уште една повреда на постапката.

Покрај тоа, во образложението на барањето за издавање на наредба за претрес, било наведено дека во предметот се води предистражна постапка, а при увидот било констатирано дека во списите постои само барање за претрес и писмо, кои биле први дејствија преземени во постапката по анонимната кривична пријава.

Исто така, укажано е дека од содржината и наводите во кривичната пријава не произлегуваат дејствија за кривично дело – Примање награда за противзаконито влијание по чл.359 ст.7 вв со ст.3 вв со ст.2 од Кривичниот законик. При постапувањето по пријавата, за исти дејствија доставено е и писмено барање до Управата за финансиска полиција за да ги достави истите списи, кои исто така се бараат да се обезбедат со претресот” – стои во соопштението.

Јовески ја задолжува Русковска целосно да го испита постапувањето по овој предмет, да ја утврди фактичката состојба и сите релевантни околности, пропустите во постапувањето и фактите за евентуална одговорност и за тоа да достави информација до Јавното обвинителство на Република Северна Македонија.

Ситуацијата ниту малку не е наивна,. Може да личи на местенка кон еден или друг, па и трет функционер. Може да „истумба“ некои идни случувања во политиката во овие премрежија! Дали Русковска го прекинала одморот во Грција не се знае, ама таа се обратила кон меѓународниот фактор, укажувајќи на многу моменти од својата биографија и од семејната историја, тврдејќи дека Муареми е тој кој може да си дозволи да брифира новинари.

„Ги повикувам сите надлежни институции во државата, меѓутоа и сите меѓународни институции и амбасади, пред сè Амбасадата на САД и Канцеларијата на ЕУ, еднаш засекогаш да ги проверат сите факти и да се расчисти – кој во оваа држава се бори против криминалот, а кој го прави криминалот. Исто така, ја замолувам и Европската обвинителка Лаура Ковеси, ако е во можност, да дојде и да ги провери сите предмети на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, откако јас сум на чело на Обвинителството, со посебен осврт на предметите за Рашковски, Зеќири и овој најновиот, за Муареми“ – повикува Русковска.

Одговорот на американската амбасада е кус и се вели дека се работи за тековни процеси кои треба да се решаваат во рамките на системот.

Одговорот секако е строго формален – нема да има скрининг пред скринингот.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Пандов љубител на костимирани настапи: ангелче, комита, моторџија, историчар, директор, а сега влезе и во мафијашки филм

    142 shares
    Share 57 Tweet 36
  • Зошто надворешната политика на владата на ДПМНЕ е антинационална и стана „тажната приказна“ на Балканот

    129 shares
    Share 52 Tweet 32
  • Тричковски: Медиумите се за граѓаните тоа што е златицата за компирите!

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Мрежа за заштита на жените Ромки: Фемицидот врз Рамајана не е изолиран инцидент; 142 случаи на семејно насилство врз ромски жени регистрирани во 2024

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
  • ПОРТОКАЛОВА ГЛАВА НА ТЕГЕТ ОДЕЛО: Трамп, дрско и без почит, во потрага по внимание на погребот на Папата

    92 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ