• Latest
Петрит Сарачини

Празнично потсетување: Што се случуваше на новинарскиот протест пред Музејот на ВМРО?

October 23, 2021

24 ЧАСА: „Гасни комори и смрт“ за Албанците на спортски натпревар; Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ, Димитревски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ; Таравари бара национализмот да биде осуден и изгаснат

August 4, 2025
Графити во Маџари, снимени на 5 септември 2024 (фото: ЦИВИЛ)

Дијагноза: Колективно воспитана омраза – „Смрт, гасни комори за Шиптарите“

August 4, 2025
Скриншот од видео кое наводно го прикажува погледот од авион што слетува на аеродромот во Сочи на 3 август Shaun Pinner/X

Украинците потврдија успешен напад со дронови врз складиште за гориво на рускиот аеродром во Сочи

August 4, 2025

Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ и Димитриевски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ за националистичките скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фотографија: ВИ

Во пресрет на локалните избори 2025: ДКСК без претседател, Собранието на одмор

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео објавено од Володимир Зеленски на Фејсбук

(ВИДЕО) Русија лови цивили: Зеленски споделува снимки од градовите на линија на фронтот

August 4, 2025
Порака за блокирање на веб-страница. Фото: LSM+

Латвија блокираше 10 веб-страници што шират руска пропаганда

August 4, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: ОБСЕ нуди препораки за Кривичниот законик во Албанија; Спиропали и Османи со остри осуди за антиалбанските скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео на WION

Најмалку 68 мигранти загинаа при превртување на брод кај Јемен

August 4, 2025

Министрите ќе ја извршуваат функцијата и додека се тркаат за градоначалник

August 4, 2025
CivilMedia
No Result
View All Result
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ КОНТЕКСТ

Празнично потсетување: Што се случуваше на новинарскиот протест пред Музејот на ВМРО?

October 23, 2021 15:43
in КОНТЕКСТ, СЛОБОДНА ЗОНА
Петрит Сарачини

Петрит Сарачини

Share on FacebookShare on Twitter
На денешен ден, 23 октомври 2013 година, новинарите излегоа на протест пред Музејот на македонската револуционерна борба (тнр. Музеј на ВМРО), кој беше насилно спречен од полицијата. Повод за протестот беше притворениот новинар Кежаровски, во случај што беше пример за губење на медиумските слободи во земјата, и предмет на бројни реакции, и од домашната прогресивна јавност, и од меѓународните тела и организации. Овој настан е добар повод јавноста да се потсети на состојбите, некогаш и сега.

Зошто? Затоа што е дегутантно тоа што го прават разни тутуле-балиња но и луѓе што се декларираат како сериозни новинари или аналитичари во медиумите и јавноста, кога велат дека сега било полошо од тогаш.

Очигледно, или се учесници и одобрувачи на злото, или страдаат од амнезија, или се едноставно, недоветни. Арно ама, има луѓе што паметат. А нешто останало и запишано.

Затоа, во продолжение, ви пренесувам текст, напишан на самиот ден на новинарскиот протест, 23 октомври 2013, на кој бев учесник, што е факт на кој сум особено горд.

„Музејот ги искара новинарите оти протестирале пред него. А пошто, нели и впрочем, музејот е зграда и не може да збори, гласот на музејот му го позајмија пастирот, а музиката, следствено, пастирските фрули.

И така, кара судот, ќе кара и музејот. Фрулите запиштеа: „Насилно сакале да влезат во музејот!“, иако на никој не му падна на памет тоа. А и ќотекот е воспитна мерка, излезена од рајот.

Понекогаш, како денес, и новинарите храбро ќе изедат и понекој пендрек и клоца под штит. Оти одбиваат да бидат соучесници во превоспитување на општеството според денес општоприфатливите шибицарски манири.

Новинарите и дел од граѓаните кои беа повикани јавно вчера (да потсетиме, не беше ова само новинарски протест, како што „просвираваат“ фрулите, јавно стои повикот на Интернет, па џабе и спиновите, чуму има не-новинари на протестот)  денес пружија достоинствена партија, во која без сила го поразија режимот и неговите фрули.

Освен со поддршката за Кежаровски, која очигледно расте, денес новинарите и граѓаните го бранеа и уставното право на слобода на движење и слобода на протест, кое беше брутално прекршено од полицијата. Протестирачите не беа насилни и само се обидоа да пристапат до местото каде што имаа намера мирно, со молк, да протестираат, што им беше оневозможено, со сила.

Режимот е нервозен, оти знае дека ова соголување на режимот го виде цел свет, го видоа граѓаните. Режимот исто така треба да знае: следниот пат ќе нè има и повеќе, а и ќе бидеме поподготвени. На насилството да одговориме со уште повеќе ум и дух.

Денес секој трети џандар се смееше. Наскоро ќе почнат да паѓаат и штитовите“.

Тоа е она што го напишав пред 8 години. Го пишувам повторно и денес. За да не се заборави, и никогаш да не се повтори!

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

    CIVIL MEDIA NEWSLETTER

    Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

    CivilMedia

    СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

    Следете нè

    No Result
    View All Result