• Latest
илустрација: Мирослав Стојановиќ - Шуки

Предизборна понуда со изминат рок – ден први

September 26, 2017

Војната во сенка ескалира: Мета се системите што ја одржуваат Украина

October 16, 2026
Фото: Скриншот / Х

Пропадна енергетското примирје: Трамп го обвинува Кијив, ЕУ го засилува притисокот врз Москва

October 16, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Можело и пристојно

October 16, 2026
Протести во Тирана, октомври 2026 (фото извор: https://www.facebook.com/karin.mueting)

Жестоки протести во Тирана: Рама одбива оставка, ЕУ повикува на дијалог

October 16, 2026
Илустрација ВИ

Брвеница на предвремени избори: Шест кандидати во трка за градоначалничката функција

October 16, 2026
Пребарување на морето – во барањето на преживеани ама и на евентуално непријателски бродови учествува бугарската и романската морнарица и воздухопловство ( Credit: US DEPARTMENT OF WAR / Cpl. Hernan Vidana)

Од членот 4 до членот 5: Колку ескалацијата во Црното Море го приближува НАТО до колективна одбрана?

October 16, 2026
Скриншот од камера во живо на Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП)

„Швајцарско сирење“ на македонски начин – рецепт за бегство од правдата

October 16, 2026
ДАВОР МАЦУРА Преку Битола ќе ја „европеизира“ својата банка што не ја „мирисаат“ во Европа

На српскиот бизнисмен Давор Мацура, сопственик на Алта банка, му е забранет влез во Црна Гора

October 15, 2026
Фото извор: https://ecps.educ.ubc.ca/white-cane-day/

ИНФОГРАФИК | 15 Октомври – Меѓународен ден на белиот стап: Инклузивно општество се гради со дела, не со зборови

October 15, 2026
Кијив, 15 октомври 2026 (ДСНС)

580 дронови во една ноќ: Нови жртви на рускиот терор во Украина, Москва планира поголем воен буџет

October 15, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Предизборна понуда со изминат рок – ден први

September 26, 2017 12:13
in ПОЛИТИКА
илустрација: Мирослав Стојановиќ - Шуки

илустрација: Мирослав Стојановиќ - Шуки

Share on FacebookShare on Twitter

Нова ера со стари лица или ист производ со поминат рок. Неинвентивни слогани на граница меѓу комично и морбидно и по некој залепен фецес. Ова е сликата од првиот ден од предизборната кампања за локалните избори закажани за 15 октомври.

Митинг на СДСМ, Битола, 25 септември 2017

„Отворена и услужна општина за сите“ повеќе личи на парола од некој нискобуџетен филм за возрасни, отколку за серизона политичка кампања. Да се запраша човек дали некој намерно си тера мајтап, смислувајќи ги овие слогани, или едноставно толкав им е капацитетот?

„Живот во Бутел, за сите…“. Сигурно? Баш за сите? Знам дека на бутелчани воопшто не им е смешно, имајќи ја предвид нивната перцепција за општината во која тие живеат и тоа единствено е важно, бидејќи, на крајот на денот, тие го даваат својот глас за иднината на својата општина. Од друга страна, кога ќе земеме предвид дека неретко како гласачи се јавуваат и починати лица, па зошто да не веруваме дека навистина во Бутел има живот за сите?

„Здравјето на граѓаните во следниот четиригодишен мандат ќе биде приоритет“… И здравјето почнавте на мандати да го делите?

„Коце Шилегов“ ја започна својата кампања, ни помалку ни повеќе, на велосипед. Едниот од едната, другиот од другата страна на градот. Во очекување сме на конечниот слет и пресретнување некаде во центарот на градот и на една фер и демократска борба, како вистински витези, херои на градот!

Од понудените дебати на синоќешниот реперотар, главната вест е дека Марија Џонс не била нашминкана. Ете, зошто не заслужуваме повеќе.

Штабот на СДСМ во Аеродром, ноќта пред почеток на кампањата (25.9.2017)

Штабот на СДСМ во Аеродром бил измачкан со измет. Инвентивно, нема што!

Карпош секогаш е чекор напред, па овој пат ќе им овозможи повеќе пари на граѓаните! „На семејните буџети на граѓаните на Карпош им заштедуваме пари преку картичката ‘Мој Карпош’. Оваа картичка ќе понуди попусти за користење на услуги во одредени локали, угостителски објекти, ресторани, кина, библиотеки и други установи во општината“. Ѕинго да им позавиди на карпошани! Лајонес се слушаме?

Охрид и Битола се освоени, легендарното „15-септември“, совршено се вклопува во актуелното извикување за 15 октомври. А и набројоувањата во стилот на Влатко Ѓорчев, се веќе видена приказна… Истиот производ, во ново пакување, со поминат рок.

Не паничете, навалете се удобно и со широка насмевка пречекајте ја „Новата ера“, на обновени канализациски и водоводни мрежи кои ве оставаат без вода барем четири пати неделно, патишта кои тоа не се и не водат никаде, чист воздух, ама по задутре, и секако, решението на најголемото прашање од животна важност во Македонија, кој е поголем патриот: кокошката или јајцето?

Маја Ивановска

Tags: „Нова ера“АеродромБутелЃорчевЅингоизбориКарпошопштиниЏонс
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ