Социјалистичката партија на Еди Рама доби над 52 проценти од гласовите на изборите во Албанија на 11 мај, откако беа преброени повеќе од 93 проценти од гласачките кутии, јавуваат албанските медиуми.
Според официјалните бројки од Централната изборна комисија, Социјалистичката партија обезбеди 82 места во Собранието со 140 членови.
Оваа партија постигна најдобри резултати во Тирана, Фиер, Драч и Елбасан.
Коалицијата предводена од Демократската партија падна на 51 мандат, додека Партијата на можности на Агрон Шехај доби еден мандат во округот Тирана.
ПСД на Том Доши доби три места, додека коалицијата „Иницијатива Албанија ќе ја биде“ и Движењето Заедно добија по еден мандат.
Еди Рама и Социјалистичката партија се на власт од 2013 година.