• Latest

Предлог-закон #12414: План за саботирање на иднината на Украина

July 25, 2025
Фотографија: Скриншот од Фејсбук видео

„Марш на ангелите“ во Кочани: Правдата и вистината да излезат на виделина

October 25, 2025
Фотографија: Wikimedia Commons

Независната кандидатка и левичарка Кетрин Коноли победи на претседателските избори во Ирска

October 25, 2025

Мицкоски очекува 59 градоначалници по завршување на вториот круг од локалните избори

October 25, 2025

Хоџиќ: Македонската политичка елита ја подготвува јавноста за интеграција во „српскиот свет“

October 25, 2025

Најголемиот американски воен брод, авиони, беспилотни летала и маринци се распоредуваат околу Венецуела

October 25, 2025

Камала Харис: Можно е повторно да се кандидирам за претседателка на САД

October 25, 2025

Религијата како оружје

October 25, 2025

Урсула фон дер Лајен: ЕУ развива план за намалување на зависноста од критични суровини од Кина

October 25, 2025

Турција најверојатно ќе биде исклучена од планот за стабилизација на Газа по противењето на Израел

October 25, 2025
Фото: Х

Литванија ги затвори аеродромите и граничните премини со Белорусија поради временските балони

October 25, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Предлог-закон #12414: План за саботирање на иднината на Украина

July 25, 2025 08:35
in ПОЛИТИКА, СВЕТ, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Олха Данилиук

Цивил ме праша за моето мислење за улогата на претседателот Зеленски за ова прашање. Па, претседателот Зеленски е одговорен за сегашната ситуација.

Прво, парламентарното мнозинство на неговата партија го усвои предлог-законот бр. 12414. Второ, тој одби да стави вето на него. А сега, гледаме како украинската влада најавува четиринеделен одмор – потег што апсолутно го разбеснува општеството. Зеленски свика состанок со шефовите на антикорупциските тела на Украина само еден ден по потпишувањето на контроверзниот закон, на 23 јули.

Тој предложи нацрт-закон кој, како што тврди, нема да ги ограничи овластувањата на НАБУ или САПО. Но, кога ќе се воведе овој закон и дали ќе ја реши или ќе ја продлабочи кризата, останува нејасно. Затоа Украинците продолжуваат да протестираат на улиците на бројни градови од исток до запад и од север до југ, барајќи вистински реформи што можат да го заштитат, или дури и да го зајакнат, антикорупцискиот систем на земјата.

Едноставно кажано, неговата улога во ова е значајна и јас лично сум шокирана што тој и парламентот го избраа овој тек на дејствување. Исто така, ме прашаа колку е вистинско ова прашање и колку е корисно за непријателите на борбата за слобода на Украина. Ова прашање е катастрофално. Тоа ја става Украина во опасно слаба позиција во преговорите за пристапување на Украина во ЕУ.

Антикорупциската реформа е една од основните столбови на обврските на Украина во рамките на патот за членство во ЕУ. Неодамнешните заострени мерки против НАБУ и САПО не само што ја поткпуваат јавната доверба, туку и предизвикуваат сериозна загриженост кај меѓународните партнери на Украина, особено Европската унија, која го постави напредокот во борбата против корупцијата услов за понатамошна финансиска помош и евентуално пристапување.

Што е уште полошо, јавните протести и растечките тензии меѓу граѓанското општество и владата создаваат идеална средина за руското влијание да ја дестабилизира ситуацијата во Украина. Се соочуваме со сериозни ризици во моментов. Она што може да се случи би можело да биде навистина катастрофално – не само за Украина, туку и за цела Европа. План за саботирање на иднината на Украина Кога државата мисли дека може трајно да се мајтапи со граѓаните под изговор „сега не е време“, многу позната фраза меѓу Украинците во текот на последните три години – Па, не, не може.

Од 24 февруари 2022 година, сите тивко постигнавме консензус: ние, како нација, нема да ве држиме одговорни за она што се случи пред 2022 година, а вам, на владата, ќе ви се даде огромна доверба. Потоа дојдоа 2023 и 2024 година – ѓубриња како прорускиот пратеник Артем Дмитрук и поранешниот градски советник Денис Комарницки, обвинети за корупција, избегаа во странство. Луѓе како Анија Алхим, позната блогерка која живее во Кијив, можат да извикуваат „Путин успеа“ без никаква казна.

Сега е 2025 година – година во исклучителна тешка средина, кога САД бараат каков било изговор да нé избришат од агендата. ЕУ внимателно следи што се случува со реформите. И еве нé, ја реконструираме владата. (Првата вицепремиерка) Јулија Свириденко вели дека „го преувеличуваме проблемот со корупцијата во Украина“, во меѓувреме, станот на Херојот на Украина Андриј Пилшчиков, попознат по прекарот „Џус“, е претресен од страна на Државното биро за истраги – затоа што таканаречениот „непријател на народот“, Виталиј Шабунин, добро познат активист против корупцијата, еднаш престојувал таму.

Браво! Доволно моќно?

Луѓето кои зборуваат за тоа колку биле ефикасни НАБУ и САПО – можеби треба да ја погледнат „ефикасноста“ на Министерството за национална единица, чиј раководител сега е највисоко рангоран функционер на кого му е доставено известување за сомневање за корупција во случај на проневера на 38 милиони долари, но сепак тој останува недопрен. Ако една структура е трн во окото на системот на полициска држава, тоа значи дека е ефикасна. НАБУ и САПО не се совршени, но функционираат.

Во 2015 година, никој во Украина не мислеше дека некој судија може да заврши зад решетки. Во 2025 година, тоа стана норма. НАБУ и САПО се достигнувањата за кои луѓето загинаа во 2014 година, за време на Револуцијата на достоинството. Оние за кои луѓето се борат сега. Не за марионетскиот главен обвинител да стане крал на „правдата“, деактивирајќи ги главните државни тела за борба против корупцијата. Вие, владини претставници, продолжувате да мислите дека ќе можете да ја водите земјата без граѓанското општество.

Нема да можете. И вие двајца пратеници од Волин, чии потписи ги видовме вчера на Предлог-законот 12414, знајте го ова: вие сте срам за здравиот разум. А, и уште една последна работа, освен (пратеничката Марина) Безухла, има уште некој кој навистина ги мрази НАБУ и САПО. Го прикачувам видеото подолу.


Олха Данилиук е истакната украинска новинарка, главен и одговорен уредник на „Волинска газета“ и ко-водач на медимскиот проект „ВиЛНи“. Како непоколеблива застапничка за слободата на печатот и безбедноста на новинарите во Украина, таа постојано го крева својот глас против репресијата и насилството насочени кон медиумските професионалци.
Во мај 2025 година, Данилиук се обрати на Вестминистерскиот сојуз за Украина, привлекувајќи внимание на сериозните ризици со кои се соочуваат украинските новинари, вклучувајќи го и ужасниот случај на Викторија Рошчина, која беше убиена додека беше во руско заробеништво.
Таа беше и истакната говорничка на меѓународната конференција „Украина и светот: Отпор против агресијата, победа над авторитаризмот“ во март 2025 година и учествуваше на конференција „Одбрана на демократијата и човековите права“ во декември 2024 година.

Превод: Н. Цветковска

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

    130 shares
    Share 52 Tweet 33
  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    126 shares
    Share 50 Tweet 32
  • EУ испрати порака, Мицкоски молчи – Андонов со жестока критика

    185 shares
    Share 74 Tweet 46
  • „Путин повторно го изигра“: Откажувањето на самитот во Будимпешта ја завршува фантазијата на Трамп дека ќе донесе мир во Украина

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Разобличување на „буразерската“ финансиска коалиција: Алта банка и „посвоената“ Стопанска банка – Битола во обид да го избегнат европскиот финансиски радар

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ