„Предлогот на ДУИ за иден премиер Албанец е популистички и лажен чекор и јасно е дека со тоа ќе губат гласови и ќе одат во опозиција“, порача Зоран Заев во вечерашното издание на емисијата „Клик плус“ на Телевизија 21.
„ДУИ вели премиер Албанец но не го кажува името на кандидатот, тоа покажува дека ова е попултстички потег, политичко калкулантство со што ја потценуваат интелигенцијата на граѓаните. Предлогот им е национал-популистички и затоа ДУИ ќе губи гласови и ќе оди во опозиција. Можеби е време ДУИ да помине во опозиција после 17 години седење во власта. Тоа ќе биде здраво пред се за државата и народот, а богами здраво е и за самата ДУИ“, смета Заев.
Кој ќе биде премиер, додаде Заев, ќе одлучат само граѓаните на денот на гласањето. Заев посочи дека СДСМ е основоположник на концептот едно општество за сите и нема проблем со тоа кој на која етничка заедница припаѓа.