По средбата со Али Ахмети, вообичаено, новинарите не можеа да извлечат ништо особено од Мицкоски. Сепак, што се однесува до едно од најважните прашања, предлогот за министер за внатрешни работи, „Фокус“ веднаш го објави името на предложениот министер.
Драган Ковачки е предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за технички министер за внатрешни работи, потврдиле за „Фокус“ извори од партијата. Сепак, за Ковачки да стане минитер, треба да го прифати и премиерот Зоран Заев, со кого Мицкоски во моментов е на средба. Инаку, Ковачки доаѓа од АРМ и е со чин полковник.
Според премиерот Заев и министерката за правда, Дескоска, овој предлог е неуставен. Поточно, со овој предлог се кршат повеќе законски одредби и тоа Член 97 од Уставот, Закон за внатрешни работи и закон за служба во армијата. Министер за внатрешни работи може да биде некој што во претходните најмалку три години бил цивилно лице.
А. Зеќири