• Latest

Преглед на настани: Неуспешна интерпелација за Димитров, кривични пријави за 14 учесници на протестот за „Монструм“, газди земале државна помош, а не им исплатиле на стотици вработени

February 4, 2021
Вештачка интелигенција (фото извор: Wikimedia Commons)

ЕП бара законско регулирање на употребата на вештачката интелигенција во работните процеси

November 11, 2025
Фото: Украинската амбасадорка Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Русија со постојаните напади на енергетските капацитети го загрозува греењето, осветлувањето и безбедноста на милиони мирни луѓе во Украина

November 11, 2025
Crime scene in Islamabad, Pakistan, suicide bomber killed 12 people
Source> screenshot video Reuters

Бомбаш самоубиец уби 12 лица пред суд во главниот град на Пакистан

November 11, 2025

Меѓунардониот кривичен суд му го одби барањето на Ратко Младиќ за ослободување

November 11, 2025

Репортери без граници и Европската радиодифузна унија со повик до ЕУ за зачувување на демократијата преку обезбедување пристап до сигурни информации

November 11, 2025
Фотомонтажа: D. Mi[ev/CIVIL Media. Фото од wikimedia commons

Бугарија се подготвува за преземање на рафинеријата Лукоил во Бургас, во Северна Македонија сé уште без реакции

November 11, 2025

DDGI им се придружи на светските лидери и мислители на инаугуративниот глобален форум во Лугано

November 11, 2025
Војо Маневски

Буџетот се планира, ама треба и да се полни

November 11, 2025
Knesset, Death penalty bill Israel
Source- screenshot
ILTV Israel News

Израел пред нови поделби: закони за смртна казна и контрола на медиумите

November 11, 2025

Две американски компании од автомобилската индустрија ги затвораат фабриките во Северна Македонија

November 11, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

Преглед на настани: Неуспешна интерпелација за Димитров, кривични пријави за 14 учесници на протестот за „Монструм“, газди земале државна помош, а не им исплатиле на стотици вработени

February 4, 2021 17:00
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ: Димитров останува вицепремиер за европски прашања, не успеа интерпелацијата на ВМРО-ДПМНЕ

Неколку минути пред полноќ со 55 гласови „против” и 53 гласови „за”, Собранието на Република Северна Македонија не ја прифати интерпелацијата за работата на заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Никола Димитров, што ја поднесоа група пратеници од ВМРО-ДПМНЕ.

Во своето завршно обраќање вицепремиерот за европски прашања Димитров истакна дека излагањата на пратениците од опозицијата, темите и личните напади само ја потврдија тезата дека интерпелацијата немаше врска со неговата работа и дека сепак остана само политички театар.

„Одговорив за учеството во Комисијата, не бев уредно поканет и не морав да присуствувам. Сепак се согласив и сакав да учествувам онлајн и покрај несериозниот однос на претседателот на Комисијата за надворешна политика. Објаснив за разликите во мојот пристап кон јавноста, во моите меѓународни активности, кој е чесен и успешен за разлика од оној на опозицијата, кој не баш чесен и дефинитивно е неуспешен”, нагласи заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања Никола Димитров од собраниската говорница.

Во ова свое обраќање тој истакна дека некои мудри рекле дека кога напаѓате некого, критикувате некого, посебно лично, тоа повеќе зборува за оној што напаѓа.

„Нападите дека зад одлуките донесени во интерес на македонските национални интереси се кријат мотиви за богатство и моќ повеќе се однесуваа на тие за кои што татковината е „тезга” а не повик. За мене татковината е „мисија” и повик. На крајот не гледам што да додадам, и ќе повторам дека се чувствувам „пожарникар” кој е ставен во позиција да му се правда на „пироманот”. Сметам дека тоа нема поента, и е дури и дрскост. Јас ќе продолжам со мојата „мисија” за да нѐ биде, и ќе нѐ биде, и покрај сите пречки, вклучувајќи ги тука и вашите напори како овој денешниот”, потенцираше заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања Никола Димитров во завршното обраќање на седницата за интерпелација за неговата работа која со мнозинство гласови на пратениците не беше прифатена.

Ова беше трета интерпелација за Димитров во изминатите три и пол години. Првите две беа додека тој ја вршеше функцијата Министер за надворешни работи.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ: Лукаревска: Фирми земале помош од државата, а не исплатиле плати на стотина вработени, следуваат опомени и присилни наплати

„За овие работодавачи Управата за јавни приходи изготви и достави опомени и за неисплатената плата, а по истекот на рокот од опомената, против оние кои нема да ја исплатат платата ќе следи поведување на постапка на присилна наплата на платата со блокада на паричните средства на нивните трансакциски сметки и пренос на средствата на сметките на вработените лица и на уплатните сметки за јавни приходи“, рече Лукаревска.

 

ФЛЕШ ВЕСТИ

Претседателот Стево Пендаровски, во врска со случајот „Монструм“, никогаш немал средба со семејствата на обвинетите, ниту пак има какви било информации и сознанија во врска со убиствата, добиени од домашни институции или од странски извори, ниту во периодот пред да биде избран за претседател ниту потоа, реагираат од кабинетот на претседателот Пендаровски по изјавата на Бедри Ајдари, дадена во емисијата „Клик Плус“ на ТВ 21, во која изјавил дека Пендаровски им рекол дека ако се дознаела вистината за „Монструм“, можно е да настане војна.

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на денешната прес-конфернеција посочи дека очекува да се направат повеќе напори за многу поефикасно се решаваат случаите како „Јавна соба“, со цел да се покаже дека има некој кој ги штити граѓаните и нивните права, пред се злоупотребата на личните податоци.

Водечки принципи во работата на Државната изборна комисија (ДИК) и на изборната администрација и понатаму остануваат уставноста и законитоста во работењето, транспаретноста, одговорноста, независноста и непистрасноста, како и постојано унапредување и подобрување на работата. ДИК како највисок изборен орган може успешно да ги спроведува своите надлежности само преку соработка со сите заинтересирани чинители, а особено граѓаните, сегашните а и идните гласачи во нашата држава, истакна денеска претседателот на Комисијата Александар Даштевски на одбележувањето на 15-годишнината како професионално тело и Глобалниот ден на изборите.

Во рамки на соработката на Република Северна Македонија и Република Албанија токму во делот на управувањето со кризидиректорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов, e во работна посета во Република Албанија во рамки на спроведувањето на НАТО регионални проекти во делот на управување со кризи, заедно со стручни лица од Центарот за управување со кризи заедно со кодиректорот на проектот НАТО СПС НИКС (NATO SPS NICS), Урим Вејсели.

Покрај прекршочни ќе има и кривични пријави за сите оние кои извршиле оштетување на имотот на државата, на возилата на Министерството за внатрешни работи и кои учествувале во насилствата за време на протестот за случајот „Монструм“. Секое од тие лица ќе биде санкционирано. МВР досега идентификувало и повикало на разговор 14 лица, изјави министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.

Oдбележување на 149 години од раѓањето на Гоце Делчев, симболот на борбата за слобода и еднаквост, на непокорот, правдољубивоста

СЛОБОДНА ЗОНА 

„Опозицијата го прослави „хибридното“ демократско место на Македонија како свој голем политички успех, бидејќи тоа меѓународно рангирање – заедно со 111-то место на скалата на перцепцијата за корупцијата на Транспаренси Интернешенел – ја потврдува нивната генерална оценка дека, откако се дојдени СДСМ(/ДУИ) и Заев на власт, Македонија повеќе наликува на најлошите централно-африкански, одошто на европските, макар и проблематично-демократски држави.

Паралелно со триумфот на опозицијата, власта цела недела се обидува да објасни дека тие се зафатени со „системски промени“ во стратегиските сектори во општеството, кои не даваат брзи реформски резултати, но – според власта – гарантираат структурни и одржливи подобрувања на подолг рок, коишто државата со децении ги одлага“, пишува Сашо Орданоски во колумната „Демократијата ни е „хибридна“, бидејќи политичката култура ни е очајна“.

Д. Муратов

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    110 shares
    Share 44 Tweet 28
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ