• Latest
Фото: Sergey Bobok/Agence France-Presse — Getty Images

Преглед на настани од руската инвазија врз Украина

March 3, 2022
Александар Вучиќ (фото извор: Wikimedia Commons)

Европратениците пристигнаа во Србија и брзо ја напуштија земјата: „Вучиќ не навредуваше и ни се закануваше“

September 6, 2025
Gaza under attack, September 2025
Source> IMEMC

Десетици убиени и ранети во континуираното израелско бомбардирање утрово

September 6, 2025
Бебиња умираат од глад во Газа
Фотографија/ скриншот од видео на ИТВ

Повеќе од 7.000 деца под петгодишна возраст во Газа се опоравуваат од неухранетост во период од две две недели

September 6, 2025

Хрватска ќе стане дел од Коалицијата за дронови за поддршка на Украина

September 6, 2025
Фото: веб страна на украинскиот претседател

Зеленски ја отфрла идејата на Путин за средба во Москва: „Може да дојде во Кијив“

September 6, 2025

На 16 септември и 2 октомври Албанија ќе ги отвори двете последни преговарачки поглавја со ЕУ

September 6, 2025
Артилериска стрелба
Извор- официјална ФБ страница на АРМ

АРМ ќе изврши пробна почесна артилериска стрелба по повод 8 Септември- Денот на независноста

September 6, 2025
Фото: ВИ

Национализам на „реприза“: Секој изборен циклус – иста матрица на страв и поделби

September 6, 2025

Дир: Од почетокот на септември рф употреби над 1300 дронови, околу 900 наведувани авионски бомби и 50 ракети врз Украина

September 6, 2025

Албанскиот политички блок пред локалните избори 2025: Поделби, наративи и нови сојузи

September 6, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СВЕТ КОНФЛИКТИ ВОЈНА ВО УКРАИНА

Преглед на настани од руската инвазија врз Украина

March 3, 2022 18:48
in ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА
Фото: Sergey Bobok/Agence France-Presse — Getty Images

Фото: Sergey Bobok/Agence France-Presse — Getty Images

Share on FacebookShare on Twitter

– Украинскиот претседател Володомир Зеленски денеска го повика рускиот претседател Владимир Путин на разговори, истакнувајќи оти тоа е „единствен начин да се запре оваа војна“. – Ние не ја напаѓаме Русија и не планираме да ја нападнеме. Што сакате од нас? Напуштете ја нашата земја, истакна Зеленски. Тој од западните земји побара да ја зголемат воената помош за Украина.

– Францускиот претседател Емануел Макрон смета дека „најлошото допрва доаѓа“ во Украина по денешниот разговор со рускиот претседател Владимир Путин, кој ја изрази „својата голема одлучност“ да продолжи со офанзивата со цел „да ја преземе контролата“ во целата земја, соопшти Елисејската палата.

– Борбите за најголемата нуклеарна електрана во Украина, лоцирана во град Енерходар, се уште траат.  Градоначалникот на Енерходар Дмитро Орлов, каде се наоѓа најголемата нуклеарната централа, изјави дека руските сили се на работ од градот и дека украинските сили се борат да го одбранат.

– Меѓународната финансиска, техничка и хуманитарна помош обезбедена за Украина изнесува повеќе од 15 милијарди долари, соопшти прес-службата на Народната банка на Украина.

– Прекин на огнот, примирје и воспоставување на хуманитарни коридори за евакуација на цивилите, се трите главни прашања на агендата на втората рунда украинско-руски преговори, што започна денеска на полско-белоруската граница. – Започнаа разговорите со руските претставници објави денеска на Твитер советникот на украинскиот претседател и член на украинската делегација во преговоите со Русија Микаило Подољак, изнесувајќи ги трите клучни прашања на средбата.

– Украинскиот Парламент денеска изгласа закон со кој се дозволува заплена на имот на Русија или на руски државјани во Украина, поради руската инвазија врз Украина.

– Европската унија чека да го види ефектот од веќе наметнатите санкции врз Русија пред да донесе нови, но паралелно веќе работи на нови чекори кои би можеле да вклучуваат и руски крипто имот, изјавија денеска официјални претставници од Брисел.

– Партнерите да го затворат воздушниот простор над Украина, инаку, крвта на Украинците, убиени од Русија, ќе биде на нивните раце, нагласи украинскиот министер за надворешни работи, Дмитро Кулеба.

– Европската комисија денеска порача дека аспирациите за членство во ЕУ на Украина се легитимни, и дека сега е на лидерите да се справат со ова прашање, јави дописничката на МИА од Брисел.

– Украина ја замоли Меѓународната агенција за атомска енергија, да побара помош од НАТО, за да се затвори воздушниот простор над подрачјата каде се наоѓаат нуклеарните централи. Со тоа, би се спречил можен „нуклеарен тероризам“ од страна на Русија, соопшти украинското Министерство за енергетика.

– Европската унија повикува на итен прекин на огнот во Украина, изјави денеска шефот на дипломатијата на ЕУ Жозеп Борел. – Оваа војна треба да запре сега. Повикувам на итен прекин на огнот. Повикувам на инто воспоставување на хуманитарен коридор, објави Борел на Твитер.

– Ситуацијата во Киев е „тешка, но, под контрола“, изјави денеска, градоначалникот на главниот град на Украина, Витали Кличко. Како што појасни градоначалникот, изминатата ноќ немало жртви, а ноќните експлозии биле од украинската противвоздушна одбрана, што ги гаѓала руските ракети.

– Чешката влада прогласи вонредна состојба во траење од 30 дена поради зголемениот број на бегалци од Украина.

– Украинскиот претседател Владимир Зеленски им вети на Украинците дека ќе се плати штетата врз инфраструктурата во зенговата земја предизвикана од инвазијата на руските сили и дека цената за тоа ќе ја плати Москва.

– „Нашата цел е да се ослободиме од нацистите во Украина“, рече рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, додавајќи дека преговорите меѓу украинските и руските сили ќе се одржат денеска. Тој додаде дека преговорите може да се водат „под услов на рамноправност“.

– Според ОН, повеќе од еден милион луѓе ја напуштиле Украина откако почна руската инвазија, додека ЕУ проценува дека до четири милиони луѓе може да се обидат да ја напуштат земјата.

Полска досега прими повеќе од 575.000 луѓе, соопшти полската гранична стража.

–   Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека американскиот претседател Џо Бајден рекол дека единствената алтернатива на санкциите е трета светска војна, на што тој се надоврза и порача дека трета светска војна може да биде само „нуклеарна војна“. Тој вели дека тоа е само во главите на западните политичари – и не е во главите на рускиот народ, пренесува Би-Би-Си.

– Популарното радио „Ехо на Москва“ (Ekho Moskvy), што е критички настроено кон Владата, ќе биде затворено. Информацијата ја објави денеска, главниот и одговорен уредник, Алексеј Венедиктов.

– Кремљ води жесток напад врз слободата на медиумите и постапките на Москва да се лаже и задушува вистината за бруталната инвазија во Украина се засилуваат, обвини американскиот Стејт департмент.

– ЕУ мора да се подготви за пристигнување на милиони бегалци од Украина, предупреди денеска еврокомесарката за внатрешни работи Илва Јохансон. Таа прецизираше дека досега дошле околу еден милион луѓе. Според неа, многу малку од нив поднеле барање за азил.

– САД се подготвени за дијалог за Украина доколку Русија ја повлече својата војска, изјави американскиот државен секретар Ентони Блинкен. – Доколку Русија ги повлече своите сили и е подготвена за преговори, ние сме подготвени да го сториме истото, рече Блинкен.

– Рускиот претседател Владимир Путин телефонски разговарал со премиерот на Израел Нафтали Бенет и го појаснил официјалниот став на Москва за ситуацијата во Украина, соопшти прес-службата на Кремљ, наведувајќи дека разговорот бил на барање на израелски премиер.

– Јапонија ќе го замрзне имотот на руските олигарси блиски до претседателот Владимир Путин, додека Токио ги заострува санкциите поради руската инвазија на Украина, објави денеска јапонскиот премиер Фумио Кишида.

– Генералштабот на украинската армија тврди дека дошол во сопственост на руски воен план на 810-та поморска бригада на Црноморската воена флота, според кој, наводно, идејата била да се покори Украина за 15 дена, објави украинска „Правда“.

 

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • ИНФЛАЦИЈА ЗА СИТЕ – ПРОФИТ ЗА МАЛКУМИНА: Сите лица и наличја на српската и македонската олигархија

    127 shares
    Share 51 Tweet 32
  • Јаневска контра Мицкоски: Учебници има, па нема, ама ќе има…

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • ВМРО-ДПМНЕ добива своја „послушна“ банка, Србија – ново средство за влијание

    117 shares
    Share 47 Tweet 29
  • „Војводи“ нападнале средношколци во Тетово, двајца уапсени, полицијата трага по уште други напаѓачи

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • (ИЗБОР) Албански медиуми: Реакции на статијата на „Цајт магазин“- 10 страници за висината и „уметноста“ на Рама, нула за корупцијата и заробувањето на државата; Косовското собрание не успеа да изгласа потпретседател од српска етничка заедница

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ