• Latest

Макрон по разговорот со Путин: Најлошото во Украина допрва доаѓа

March 3, 2022
Постизборна ноќ во Србија, 25 октомври 2025 (скриншот од видео на социјалните мрежи)

Србија: Студентската листа најавува декриминализација на државата во првите 100 дена

November 2, 2026

Афера АЛТА БАНКА: Кој ги штити парите и политичката мрежа од Белград до Скопје и Москва?

November 1, 2026
Марко Кричак

Апсење на високи полициски функционери: Што се случува во српскиот безбедносен апарат?

November 1, 2026

Руската воена економија: Санкции, структурни пукнатини и цената на агресијата

November 1, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Револуционерен модел

November 1, 2026

Подготвеноста спасува животи: Практичен водич за кризни ситуации

November 1, 2026

Кочани, корупција и бесмисленост: Начин на живот на територија што посакува да биде држава

November 1, 2026

Аферата Алта банка: Парите, политиката и мрежата на моќ од Белград до Скопје и пошироко

October 31, 2026

Кога ќе се совпаднат изборите во Брвеница и цената на студентскиот оброк

October 31, 2026

Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

October 30, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Макрон по разговорот со Путин: Најлошото во Украина допрва доаѓа

March 3, 2022 18:20
in ВЕСТИ, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Францускиот претседател Емануел Макрон смета дека „најлошото допрва доаѓа“ во Украина по денешниот разговор со рускиот претседател Владимир Путин, кој ја изрази „својата голема одлучност“ да продолжи со офанзивата со цел „да ја преземе контролата“ во целата земја, соопшти Елисејската палата, пренесува МИА.

По едночасовниот телефонски разговор на барање на Путин, рускиот претседател му рекол на својот француски колега дека операцијата на руската армија се развива „според планот“ и дека ќе се „влоши“ доколку Украинците не ги прифатат неговите услови, соопшти француското претседателство.

„Очекувањата на претседателот Макрон се дека најлошото допрва доаѓа, со оглед на тоа што му го кажа претседателот Путин“, се додава во соопштението.

Кремљ денеска, по разговорите на двајцата претседатели, соопшти дека Путин му порачал на Макрон дека Русија има намера да ја продолжи бескомпромисната борба во Украина.

Како што наведе Кремљ, Путин му дал на Макрон „аргументирани објаснувања за улогата на неонацистите во државната политика на Киев“ и повторил дека условите на Русија во преговорите се демилитаризација на Украина и нејзиниот неутрален статус, за да нема опасност за Русија од нејзина територија.

Путин ја даде иницијативата за тој разговор, трет меѓу двајцата функционери од почетокот на инвазијата на 24 февруари, за да го „информира“ Макрон за „ситуацијата и намерите во рамки на отворениот дијалог“ меѓу двајцата, соопшти француското претседателство.

На обвинувањата на Путин упатени кон Украинците, Макрон одговори дека прави голема грешка против украинскиот режим, „кој не е нацистички“.

„Ти зборуваш сешто, бараш изговори“, возвратил Путин и го повикал својот француски колега „да не се лажат“, се наведува во соопштението на Елисејската палата.

„Тој разговор овозможи да се разгледаат несогласувањата, да му се каже вистината на претседателот Путин, но, исто така, за жал, да се констатира неговата решеност да ја продолжи воената операција до крај“, се вели во соопштението.

„Украинците храбро се борат. Ништо не е готово, но односот на силите е неурамнотежен“, се додава во соопштението, истакнувајќи го „песимизмот“ на Макрон по тој разговор.

Француското претседателство додаде дека ќе ги зајакне санкциите против Русија, оценувајќи дека се работи за многу моќна алатка, што може да се види со падот на вредноста на рубљата.

Париз, исто така, ја оцени како „многу значајна“ одлуката на Кина да се воздржи во ОН кога резолуцијата со која се повикува на итен прекин на употребата на сила против Украина беше изгласана со огромно мнозинство.

„Ние сме заинтересирани за фактот дека Кина го предложи своето посредување и сме во контакт со властите во Пекинг, соопшти Елисејската палата.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ