• Latest

Преглед на настани: Разрешен судија од Кривичниот суд, музејот на ВМРО почнал со изградба пред да биде склучен Договор, измените во законите за пасошите и личните карти важат за сите

January 20, 2021

24 ЧАСА: Со онлајн петиција и мобилизација СДСМ против мигрантите; МВР со апел – петардите не се играчка; Се разгоруваат борбите меѓу Тајланд и Камбоџа

December 9, 2025
Џабир Дерала (Фотгорафија: НДИ Косово)

Дерала на ДИСИКОН 9, Приштина: Вештачката интелигенција ги редефинира изборите и отвора нови ризици за демократијата

December 9, 2025
Фото: МВР

МВР со силен апел: Петардите не се играчка – една грешка може да го промени животот!

December 9, 2025
Фото: Б. Јордановска/ ЦИВИЛ

Тркалезна маса на ЦИВИЛ: „Демократска отпорност: Стратегии и споделени решенија“ за проценка на демократските ранливости, зајакнување на институционалната, граѓанска и општествена отпорност

December 9, 2025

Обвинение за шпионажа и терористички акт за три лица за експлозијата во Ибар-Лепенец

December 9, 2025
фото: СДСМ, Венко Филипче

СДСМ стартува онлајн петиција против мигранти: „Време е народот да каже гласно НЕ!“

December 9, 2025

(ВИДЕО) Одбрана на демократијата 2025: Брифинг и разговор со Хедер Роберсон

December 9, 2025

Анкетната комисија ќе ја разгледува претставката на родителите на загинатите од „Пулс“: Бараат правда, одговорност и системски промени

December 9, 2025

ОДБРАНА НА ДЕМОКРАТИЈАТА: ХОРИЗОНТИ НА СЛОБОДАТА (ЦЕЛОСНА ПРОГРАМА)

December 9, 2025
Скриншот од видео на ВВС

Борбите меѓу Тајланд и Камбоџа околу спорната граница се шират, додека бројот на жртви расте

December 9, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

Преглед на настани: Разрешен судија од Кривичниот суд, музејот на ВМРО почнал со изградба пред да биде склучен Договор, измените во законите за пасошите и личните карти важат за сите

January 20, 2021 17:03
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ: Судскиот совет разреши судија од скопскиот Кривичен суд

Судскиот совет на денешната седница разреши судија од Основниот кривичен суд Скопје поради поради нестручно и несовесно вршење на судиската функција. Постапката за разрешувањето на судијата, како што изјави претседателот на Судскиот совет, Киро Здравев, се водела околу една и пол година, но притоа не сакаше да открие за кого станува збор.

-Не можам да ви кажам за кого одлучувавме, меѓутоа факт е дека на денешнта седница имавме посебна точка за утврдување на одговорност на судија и нашата одлука е дека се разрешува од функцијата судија на конкретниот суд, поради повреда на одредбите од судскиот деловник по однос на примената на  системот, изјави Здравев по завршувањето на седницата.

ЦИВИЛНИ АКТИВНОСТИ

Анкета: „Ќе се вакцинирам за мое здравје и здравјето на другите“ vs. „Вакцина никако, мене болест не ме фаќа, јас самиот сум болест“

На прашањето на ЦИВИЛ поставено на официјалната Фејсбук страница на организацијата – Дали ќе се вакцинирате против Ковид-19?, одговориле над седумстотини граѓан(к)и. Поголемиот дел од одговорите на граѓан(к)ите е дека ќе се вакцинираат против Ковид-19 за да се заштитат и себе и останатите граѓан(к)и и да се вратат во нормалниот живот, да шетаат без маски, да одат на одмор, журки, да патуваат надвор од државата.

Дел од граѓаните нема да се вакцинираат, бидејќи не веруваат во квалитетот на вакцините. „Кој ќе се вакцинира е ретардиран, кукавица и слуга на политичарите, така да, вакцина никако, мене болест не ме фаќа, јас самиот сум болест“, пишува Александар Димитровски.

ФЛЕШ ВЕСТИ 

Премиерот Зоран Заев вчера на редовниот годишен состанок со шефовите на дипломатските мисии на земјите-членки на ЕУ во нашата земја ги информираше амбасадорите за актуелните и најважни активности во процесот за интеграција на земјата во Европската Унија при што детално го образложи континуитетот на тековните реформски процеси, особено во делот на правосудството, борбата против корупцијата, реформите во јавната администрација.

Израдбата на Музејот на ВМРО започнала пред да биде склучен договор за градба со изведувачот, потврди денеска во Кривичниот суд градежниот инженер Небојша Арсовски кој го изработил вештиот наод и мислење во 2017 година по налог на поранешното Специјално Јавно Обвинителство (СЈО) во предметот „Тендери“.

Измените на законите за пасошите и за личните карти се усогласување согласно Уставот, каде се впишува уставното име на државата.

Премиерот Зоран Заев, заедно со вицепремиерот задолжен за европски прашања Никола Димитров и министерот за здравство Венко Филипче, преку интернет-конференциска врска одржа состанок со регионалниот директор на Светската здравствена организација (СЗО) за Европа, Ханс Клуге и сo претставници на СЗО.

Министерството за образование и наука, Бирото за развој на образование и членовите на работната група со денешниот состанок на којшто присуствуваа преставници на директорите на основните училишта од секоја општина го продолжуваат широкиот консултативен процес во врска со реформите во основно образование. Консултациите за концепцијата продолжуваат до крајот на наделата. Утре е закажан состанок со наставниците, а задутре со членови на МАНУ.

СЛОБОДНА ЗОНА 

„Го читам вчерашното соопштение од ВМРО-ДПМНЕ за посетата на тандемот Мицкоски-Николовски на Будимпешта и не знам дали да се смеам или… да се паднам од смеење. Како што беше објавено, двајцава фатија пат за Унгарија и Словенија за таму да „лобираат“ за европската интеграција на земјава во ЕУ. Како изгледа залагањето за сопствената татковина, според сфаќањата на парот лидери на опозицијата?“, пишува Сашо Орданоски во колумната „Што ли ќе ги советува „келнерот“ во Будимпешта?!“.

„На МВРО (како што Гордана Јанкулоска си ја нарекуваше партијата) ништо не му е доволно. Му успеа, без посебен напор, да го задржи својот партиски војник на највисоката позиција во македонската ТВ Бастилја во 2018 година, но сега ни тоа не му е доволно. Марјан Цветковски, директорот на МРТВ од редовите на најпослушните партиски војници – груевисти, веќе не ги задоволува апетитите на „белата дивоградба“ и нејзиниот стопан во Будимпешта. Тие сакаат повеќе“, пишува Џабир Дерала во колумната „Операција „Зароби ја МРТВ“.

„Судовите да се чистат, криминалците да се судат, полицијата да контролира, чува и казнува, за подобро образование, за секое дете, старец, здрав или болен. Да се гради, планира, чисти, чува. Тоа е третата опција која со децении ја бараме, кој и да е на власт. Таа е во нас и помеѓу нас. Нема дома и надвор, се е дома. И улицата и паркингот, реките, езерата, планините, училиштата, тротоарите, Собранието, Владата, ДИК, пописот!“, пишува Перо Арсовски во колумната „Станица“.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • 24 ЧАСА: Скопје вози во хаос; десничарската AfD исклучи член поради имитирање на Хитлер; Пендаровски ексклузивно за ЦИВИЛ: Кратко и јасно! Македонија е одамна прокси-држава на рускиот свет

    115 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Безбедноста мора да ѝ служи на слободата – а не да ја замени!

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Скопје Среќна Нова 1984 година, со љубов- Големиот брат

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • ДИК: Завршија парламентарните избори, Азизи нов пратеник на местото на Касами

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Кога вистината е непријатна: Што навистина изјави Пендаровски, а што му припиша владејачката ВМРО-ДПМНЕ

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ