• Latest

Музејот на ВМРО почнал со изградба пред да биде склучен Договор за тоа, потврди вештак во предметот „Тендери“

January 20, 2021

Секс со здравиот разум и демократија во сите пози

August 23, 2026

Први во Европа, но поточно по што?

August 22, 2026
Screenshot

Зеленски за нападот во Криви Рих: Апсолутно руско ѕверство, дефинитивно ќе одговориме

August 22, 2026
Гари Каспаров, цитат (фото извор: Енциклопедија Британика; графичка обработка: ЦИВИЛ МЕДИА)

Гари Каспаров: Единствениот начин руската агресија да не се повтори е таа да биде поразена во Украина

August 22, 2026

Националистичко месечарење – или – нешто не е в ред со Вучиќ

August 22, 2026

СЕЗОНСКИ ПОПУСТ на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – до 21 септември

August 22, 2026

ТЕЦ Неготино произведуваше струја, државата штедеше, а случајот стана „криминал“: Како дојде до случајот „Мазут“?

August 22, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Пензија: морков кој никогаш не си го видел, на стап со кој те тепаат цел живот

August 22, 2026

КОМУ ИДЕ: ВМРО-ДПМНЕ не сака, но нуди предвремени избори, ДУИ ги бара веднаш, СДСМ не сака да биде „алиби“, а ВЛЕН возврати со напад на ДУИ

August 21, 2026

Деноноќен терор врз Украина: ПВО е прашање на непосредно спасување животи

August 20, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Музејот на ВМРО почнал со изградба пред да биде склучен Договор за тоа, потврди вештак во предметот „Тендери“

January 20, 2021 16:24
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Израдбата на Музејот на ВМРО започнала пред да биде склучен договор за градба со изведувачот, потврди денеска во Кривичниот суд градежниот инженер Небојша Арсовски кој го изработил вештиот наод и мислење во 2017 година по налог на поранешното Специјално Јавно Обвинителство (СЈО) во предметот „Тендери“, пренесува МИА.

На прашање на обвинителот Стевчо Донев, вештакот рече дека тоа што е дадено во мислењето во стручниот наод, од анализирано може да се заклучи дека се работи за комплексна градба и дека истата е почната со реализација со основен договор во процес, каде покрај носителот на договорот се вклучени поголем број подизведувачи и дека континуитетот на градбата го пратат повеќе договори како резултат на повеќе непредвидени работи.

-Фокусот на анализата е во документацијата од Договорот од 5 октомври 2011 година. Континуитетот на градбата и решавањето на проблемите во од за работи кои не се предвидени во договорот можеби е добра за динамиката на самата градба, на мислење сме дека јавната набавка со денот на воведување на работа на изведувачот дел од нив биле изведени во фаза на изведба, пред изведувачот да биде воведен во работа, појасни Арсовски.

Вештакот рече дека од воведувањето на работата на изведувачот до ситуирање на работите е невозможно во тој кус период да бидат реализирани сите работи кои веќе биле изградени.

-На барање на ЈО за утврдување на градежните работи за на Музејот на ВМРО од 18 август 2011, врз основа на градежната документација која не е водена во целост, на мислење сме дека од временскиот период на воведување на работа до ситуирање на работите, од анализираната документација, факт е дека технички и технолошки е невозможно да биде реализиран овој обем на работа, посебно во првата времена ситуација, дел се реализирани по ситуирање на истите, но има ситуирани позиции кои делумно биле сработени претходно и позиции кои се работени покасно со оглед на краткиот временски период, истакна вештакот.

Одбраната во вкрстено испрашување на Арсовски праша дали неговата лиценца е од 2012 година која има важност пет години, односно до 2017 година, вештакот потврди но појасни дека во тој период кога го почнал вештачењето, веќе имал поднесено барање за продолжување на лиценцата. Вештакот рече дека не е само тој на кој не му била продолжена лиценцата.

Обвинителот Донев рече дека кога вештакот ја добил наребата, тој имал важечка лиценца, но и на судот му посочи дека праксата на Апелциониот суд дозволува ако на вештакот му е истечена лиценцата, а да не е избришан од регистарот на вештаци да вештачи.

Во „Тендери“ првообвинета е поранешната министерка за култура Елизабета Канческа Милевска за тендерот за извршување градежни работи во Музејот на македонската борба за државност и самостојност, од проектот „Скопје 2014“. Обвинети се уште двајца членови на Комисијата за јавни набавки.

Според обвиниението, дел од градежните работи во Музејот се вршени во корист на правното лице „Бетон” од Штип. Пред да се објави оглас за доделување договор за јавна набавка и пред да се спроведе постапката, спротивно на Законот за јавните набавки, Канческа-Милевска преку разговори со генералниот директор на градежното претпријатие „Бетон” од Штип наложила да се продолжи со работа на Музејот, каде што се изведувале градежни работи по претходно склучен договор за јавна набавка.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ