• Latest

Преку доследна и решителна работа до искоренување на дискриминацијата

October 4, 2020

ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

November 3, 2025
Фото: Украинска амбасадорка Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Русија продолжува со воздушниот терор против мирните градови, единствениот одговор се – строги санкции, поголема поддршка за Украина

November 3, 2025

Северна Македонија не ги усвои уставните измени, треба да работи на почитувањрто на правото и борбата против корупција, се наведува во Извештајот на Европската комисија

November 3, 2025
Креирано со помош на ВИ

Четири жени избрани за градоначалнички на локалните избори 2025, останува „рекордот“ од дури 6 избрани во 2017

November 3, 2025

ДКСК: Потребно е да се усогласи терминологијата во Изборниот законик за рамноправен пристап до платено политичко рекламирање за сите учесници

November 3, 2025

Според АВМУ, анализираните медиуми генерално известувале неутрално за учесниците во изборите

November 3, 2025

Раст на неважечки ливчиња на локалните избори во Северна Македонија: Тренд што го алармира изборниот систем

November 3, 2025
Фото: Министерство за култура на Украиан/Фејсбук

На Денот на борбата против неказнивоста за злосторства против новинари – 116 убиени, 26 заробени новинари од почетокот на целосната руска инвазија врз Украина

November 3, 2025
Британски Томахавк во лет. Повеќето Томахавки се поморско оружје, но постојат и опции за копно и за воздух. Фото: Кралска морнарица

Трамп „засега“ не размислува за трансфер на ракети Томахавк во Украина

November 3, 2025
Скриншот од видео на
ABC News (Australia)

Британец обвинет за масовниот напад со нож во воз во Англија

November 3, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Преку доследна и решителна работа до искоренување на дискриминацијата

October 4, 2020 14:03
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Дискриминацијата по многу основи при вработувањето е честа тема во медиумите и во јавната комуникација. Недоволното разбирање и честата политизација на темата околу вработувањето ја налага потребата од поширока јавна дискусија со аргументи од повеќе аспекти на сите засегнати страни.

ЦИВИЛ ја организираше панел дискусијата на тема „Дискриминацијата и вработувањето во јавниот и приватниот сектор“, во хотелот Сити Парк, каде учествуваа Јована Тренчевска, Раководител на одделение за родова еднаквост, Сектор за еднакви можности во Министерство за труд и социјална политика , проф. Мирјана Најчевска, експертка за човекови права, Висар Адеми, експерт за економија, Лиса Баута Шаќири, авторка и правничка, Рамуш Муарем-Цирко, новинар, а модератор беше Дехран Муратов од ЦИВИЛ. На почетокот на панел дискусијата, свое обраќање имаше и Џабир Дерала, кој ги претстави ставовите и првичните препораки на ЦИВИЛ на оваа тема.

Јована Тренчевска истакна дека одлуката на Уставниот суд да се укине Законот за спречување и заштита од дискриминација, предизвикал бурни реакции, па дури и емоции, не само кај професионалците и активистите коишто се бават со ова прашање, туку и кај граѓаните, затоа што прашањето коешто го третира овој закон, се рефлектира доста во секојдневното живеење на граѓаните, и во остварувањето, пристапот до остварувањето на основните човекови права и слободи.

„Од тој аспект, сакам да кажам дека живееме во време во коешто главна опција и насоченост треба да ни биде градењето на една социјална, демократска, праведна и современа држава, општество, во кое почитувањето на човековите права, еднаквоста и недискриминацијата треба да биде темелна вредност. Поаѓајќи од тука, во моментов, во државата немаме една заокружена законска регулатива, којашто ќе биде посветена на дискриминацијата и еднаквите можности, и затоа, во програмата на владата за 2024 година, еден од високите приоритети беше токму донесувањето на законот за спречување и заштита од дискриминација“, истакна Тренчевска.

Професорката Мирјана Најчевска истакна дека не треба да има различен третман кон луѓето поради одредена карактеристика меѓу која и да е етничката припадност, посебно кога станува збор за вработување во приватниот сектор.

„Тој кој вработува, доколку постои сомнение дека му дал предност на некого поради тоа што припаѓа на одредена етничка заедница, а не на друга, треба да докаже дека го вработил тој човек не поради таа причина, туку заради тоа што ги има соодветните квалитети, вештини, знаења и искуство кои се потребни за тоа работно место на кое и го вработил“, истакна Најчевска.

Новинарот Рамуш Муарем-Цирко истакна дека издвојувањето на етничката припадност за вработувањето не може да се смета како афирмативна и дека тоа се коси со Уставот на државата.

„Знаеме дека сме мултикултурна држава и вакви предлози одма ги кршат копјата, од една или друга страна секогаш има напади, и ова мерка може да донесе повеќе раздор отколку економска или некоја друга стабилност“, додаде Муарем.

Тој истакна дека кај Ромите во државата е повеќе присутна сиваta економија, затоа што самите гледаат дека немаат шанси или шансите се многу минимални да се вработат во јавниот или приватниот сектор.

„Државата прави напори да се елиминира таа сива економија, за да се полни буџетот, а Ромите се принудени така да работат, бидејќи немаат пристап до вработување во приватниот сектор, или ако се вработат тогаш се на функции од понискиот ешалон, а раководителни функции нема шанси да добијат“, рече Муарем.

„Во економија каде приватниот сектор се обидува да наметне конкурентност врз база на човечкиот капитал и капитал на иновации, вие не можете да кажете дека критериум за вработување на еден човек е тоа што знае македонски или албански јазик, веќе никој не бара дали знаеш јазици“, истакна Висар Адеми, економист.

„Ние живееме во држава каде што Никола Груевски го регулираше целиот приватен пазар, тој тогаш кажуваше ние ќе поддржуваме одреден сектор, индустрија или компании. Ние живееме во мајндсетот на регулирање на пазарот и затоа вакви идеа даваат, затоа што толку многу е регулиран пазарот во Македонија и толку многу зависи приватниот сектор од субвенции и државна помош, што тие мислат дека и преку политиката на вработувањето можат да им наметнат вакви политики. Јас мислам дека тоа е погрешен став, таа политика на ВМРО-ДПМНЕ во времето на Груевски, не сега, треба целосно да се уништи, да се регулира пазарот слободно да мисли еден претприемач, човек кој сака да му биде пазарот цел свет или барем регионот, не можете да му наметнете партиски кадри“, додава Адеми.

Лиса Баута Шаќири, авторка и правничка, се осврна на употребата, односно злоупотребувањето на етничкит клуч при вработување во двата сектори.

„Знаете како, треба да направиме една разлика помеѓу тоа што е критериум, познавање на албански, македонски или англиски јазик е критериум, којшто во приватниот сектор работодавачот го наметнува како критериум. Ако се исполнат тие критериуми, може да се вработиш, ако не се исполнат, ќе се најде друг кандидат којшто ќе ги исполни. И тука нема „лутиш“. „Лутиш“ има кога го гледа името и презимето, како што спомнавте пред малку, етничката припадност и вели – не го разгледувам понатаму ЦВ-то. Тука е дискриминацијата. Затоа што не дава шанса да го прочита до крај“, истакна Баута Шаќири.

„Мораме да работиме, како општество меѓутоа и државата преку институциите, доследно и решително на искоренување на дискриминацијата. Сите овие дилеми, по мое лично мислење, може да се надминат овие проблеми и дилеми со строга, решителна и јасна примена на Законот за заштита од дискриминацијата. Мораме да бидеше решителни во гласното барање од институциите тој Закон, не само да се донесе, туку и да се спроведува“, истакна Џабир Дерала.

ЦИВИЛ ќе ги дополни препораките на организацијата и ќе ги вгради во посебен документ кој ќе биде доставен до релевантните институции, како дел од Граѓанскиот форум во кој до сега учествуваа голем број експерти и активисти, како и заинтересирани граѓанки и граѓани.

Панелот  е дел од проектот „Европа е наш дом“, финансиран од Министерството за надворешни работи на Сојузна Република Германија.

Share36Tweet23Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    148 shares
    Share 59 Tweet 37
  • Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    140 shares
    Share 56 Tweet 35
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ