• Latest

Преку Европол ќе се обезбедуваат податоци за банкарски сметки и имот во странство на корумпирани бизнисмени и функционери

February 12, 2025
Фото: Министерство за финансии

Две лица лишени од слобода под сомненија за нехуман третман по претресите во домови за стари лица во Скопје

October 7, 2025
Фото: Скриншот од видео на TalkTV

Заменик-лидерот на британската Зелена партија ги брани своите коментари за рабинот од Лидс кого го нарече „животно“

October 7, 2025
Фото: Скриншот од видео на ТВ21/Фејсбук

ЈО: Првичните индиции не упатуваат на политички мотиви зад оружениот инцидент во Куманово

October 7, 2025
Фото: Фејсбук

Над 200 руски војници осудени за воени злосторства во Украина

October 7, 2025
Фото: Скриншот од видео на
WION

Генерал именуван за премиер на Мадагаскар за да ги смири протестите, Генерацијата Z не го прифаќа

October 7, 2025

Во Куманово пукано во Зекирија Шахини, носител на листата на НАИ во Липково

October 7, 2025
Фото:Wikimedia Commons

Поранешниот премиер Едуар Филип: Макрон треба да свика предвремени претседателски избори

October 7, 2025
Фото: Скриншот од видео на
Al Jazeera English

Водачoт на суданската милиција, Али Кушајб осуден за воени злосторства за време на војната во Дарфур

October 7, 2025

Од бугарски ‘куфери со пари’ до УСБ стик – нови лаги на ВМРО-ДПМНЕ за Заев

October 7, 2025

Меѓународната конференција „Одбрана на демократијата: Боиште на вистината“: Заштита на демократијата и изборниот интегритет (9 октомври, ден 2, целосна програма)

October 7, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home АНТИКОРУПЦИЈА

Преку Европол ќе се обезбедуваат податоци за банкарски сметки и имот во странство на корумпирани бизнисмени и функционери

February 12, 2025 16:18
in АНТИКОРУПЦИЈА, ВЕСТИ, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Јавното обвинителство на Република Северна Македонија, преку јавниот обвинител за врски на Република Северна Македонија со Европравда одржало претходно договорен онлајн состанок со претставници на специјализираниот аналитички центар на Европол надлежен за борба против корупцијата со цел разгледување на можностите за воспоставување продлабочена соработка во предмети од областа на корупцијата.

– Врз основа на заклучоците од состанокот и на претходните согледувања од спроведувањето на Упатството за давање приоритет на предметите за кривични дела од областа на корупцијата и од особен јавен интерес, Јавниот обвинител на Република Северна Македонија денеска го дополни тоа задолжително упатство за да ја уреди постапката за обезбедување на податоци и информации за банкарски сметки, имот или предмети од интерес кои се лоцирани во странство, а кои се однесуваат на предмети од областа на корупцијата, без оглед дали учесници во корупција се приватни лица, лица со јавни овластувања или носители на јавни функции, односно против сите инволвирани во акти на корупција без оглед на нивна улога и статус, соопштија од Јавното обвинителство на Република Северна Македонија.

Согласно донесените одредби, доколку во предметите за кривични дела од областа на корупцијата постојат информации или индиции дека осомничените лица може да поседуваат банкарски сметки, имот или предмети од интерес кои се лоцирани во странство, потребно е задолжително да се испитаат таквите околности, а јавните обвинители притоа добиваат можност да ја користат експертизата и дата базите на Европол.

Како што се наведува во соопштението, упатството е донесено пред се имајќи ја предвид долготрајноста на постапките за меѓународна соработка, па предност дава на проверка на индициите и информациите за постоење на банкарски сметки, имот или предмети од интерес кои се лоцирани во странство преку каналите на полициска соработка на Европол, пред да започне формалниот процес на обезбедување на докази по пат на меѓународна соработка.

Проверките ќе се вршат преку Европскиот центар за економски и финансиски криминал (EFECC) и тоа од Тимот за финансиски криминал – Аналитичкиот проект против корупција, при што упатството го појаснува начинот на кој се подготвува таквото барање, како и начинот на проследување на барањето и роковите за постапување. Мерките кои ги презеле јавните обвинители за проверка на наведените околности треба да бидат составен дел од извештаите кои задолжително треба да ги поднесуваат јавните обвинители согласно претходно донесеното упатство.

Извор: МИА

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Крвава кампања во Виница: Кандидат за советник брутално претепан за да се откаже од листата на ВМРО-ДПМНЕ

    153 shares
    Share 61 Tweet 38
  • Говор на омраза и сексизам кон кандидатка за советничка на ВМРО-ДПМНЕ, ЦИВИЛ со осуда

    146 shares
    Share 58 Tweet 37
  • (ВИДЕО) Еди Рама пред Макрон и Алиев му се потсмева на Трамп: Треба да ни честитате, тој го заврши конфликтот меѓу нас

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • Украински дронови нападнаа повеќе воени и индустриски објекти низ Русија далеку од фронтот, експлозии во една од најголемите фабрики за експлозиви

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Украински дронови го погодија најголемиот нафтен терминал во окупираниот Крим, предизвикувајќи огромен пожар

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ