• Latest

Преку ГЛОБЕ програмата рестартирана со американска помош, основците и средношколците ќе учат за животната средина

December 21, 2021

Изборна хроника: Црна кампања, српски свет, пациенти и гласачи, мегапаркови наместо диви депонии

October 6, 2025
Shelling aftermath in Olenivka, Donetsk region, July 29, 2022. Photos from open sources

Украинските обвинители истражуваат егзекуции на 322 воени заробеници од страна на Русија

October 6, 2025
Фото: Д.М, ЦИВИЛ

Уапсен советникот на директорот на полицијата на РС и неговите синови под сомнение дека нападнале полицајци во Бања Лука

October 6, 2025
Фото: Фејсбук

Итно започнување на преговорите за пристапување на Молдавија во ЕУ, побараа 55 европратеници од 19 земји-членки

October 6, 2025
Делегација на Хамас пристигнува во Египет на преговори со Израел. Фото: Скриншот од видео на
WION

Делегацијата на Хамас пристигна во Египет на индиректни разговори со Израел за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025

Без докази и без мерка: Уште еден напад од Ана Брнабиќ врз независните медиуми

October 6, 2025

24 ЧАСА: Втора недела изборна кампања; лидерите на Западен Балкан на самитот „Брдо-Бриони“ во Драч; нападната најголемите руска фабрики за експлозиви; изборни ветувања

October 6, 2025
Еден од најголемите производители на експлозиви и муниција во Русија, државната фабрика Свердлов, која се наоѓа во градот Џержинск во областа Нижни Новгород. Фото: Википедија

Украински дронови нападнаа повеќе воени и индустриски објекти низ Русија далеку од фронтот, експлозии во една од најголемите фабрики за експлозиви

October 6, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: Рама ја поништува одлуката со која ги „амнестира“ кулите на олигарсите; Кој ќе биде новиот лидер на СПАК; Османи го обвинува Вучиќ дека се обидел да ја наруши средбата Брдо-Бриони

October 6, 2025
Фото: Скриншот од видео на DW

Канцеларот Мерц смета дека Русија стои зад многу од неидентификуваните дронови над Германија

October 6, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЗЕЛЕНИ

Преку ГЛОБЕ програмата рестартирана со американска помош, основците и средношколците ќе учат за животната средина

December 21, 2021 13:33
in ВЕСТИ, ЗЕЛЕНИ, ОБРАЗОВАНИЕ
Share on FacebookShare on Twitter

 Амбасадорката на САД Кејт Мари Брнз, придружувана од министерот за животна средина Насер Нуредини, министерката за образование и наука Мила Царовска, градоначалникот на општина Ѓорче Петров Александар Стојкоски и директорката на организацијата Еко-свест Ана Чоловиќ Лешоска, денеска го посетија основното училиште „Мирче Ацев“ во Скопје, при што им беше презентирана имплементацијата на GLOBE програмата во училиштето и примената на донираната опрема.

Оваа фаза проектот, како што соопшти МЖСПП, што во Северна Македонија  се реализира од 1998, е финансиски поддржана од амбасадата на САД во Скопје, а се реализира преку Центарот за истражување и информирање за животната средина Еко-свест.  

ОУ „Мирче Ацев“ во Скопје е едно од 27-те основни и средни училишта од државата што добија соодветна техничка опрема и се стекнаа со практична обука и вештини за испитувањa и мерење на квалитетот на атмосферскиот воздух, водите и почвата.

Во специфични услови на Ковид-19 пандемијата, МЖСПП и МОН, со финансисика поддршка на Амбасадата на САД преку организацијата Еко-свест, по повод 22 април, Денот на планетата Земја, организираа GLOBE онлајн обука за професорите од Северна Македонија, Хрватска, Словенија и Црна Гора, која не само што ги обнови напорите за продолжување на имплементација на Програмата и нејзино регионално проширување во специфични услови, туку им овозможи на нововклучените професори да се обучат за спроведување на активностите од програмата, а професорите што веќе имаа искуство да се запознаат за новите протоколи за нејзино успешно имплементирање.  

Еко-свест, во партнерски однос со МЖСПП и МОН во изминатите шест месеци помогна 27 основни и средни училишта од државата да добијат соодветна техничка опрема финансирана од Амбасадата на САД  a дел од училиштата да се оспособат за вршење на испитувањa, набљудувања и мерења пет главни области на истражување: атмосфера, биосфера, хидросфера, педосфера и Земјата како систем.

Со спроведените обуки и донираната техничка опрема која се состои од метеоролошки куќички, барометри и термометри, ПХ мерачи и хемиски реагенси учениците водени од своите наставници ќе можат да учат за состојбите во животната средина, преку мерење и следење на еколошките параметри, нивна анализа и споредување со мерењата од другите училишта од GLOBE мрежата.

Кон развојот на ваквите практични програми многу придонесоа и заложбите на Министерството за образование и наука и на Владата за поттикнување и развивање на критичкото мислење и свесноста за климатските промени и животната средина кај децата и младите. Резултатите се веќе видливи во пракса, бидејќи се дел и од реформските процеси кои започнаа од оваа учебна година во основното образование и се дел од новата Концепција. Покрај промените во наставните програми, МОН прави промени и во подобрувањето на условите за настава во училиштата, кои се од најголем интерес за учениците. За да се доближи материјалот по природни науки и да биде интересен и полесно разбирлив за учениците,  МОН инвестираше во 260, целосно нови кабинети по природни науки, бидејќи тие најдобро се изучуваат преку експериментирање и истражување. ОУ„Мирче Ацев“ е едно од тие училишта.

Посебноста на Програмата GLOBE е што секое од вклучените училишта добива свои координати со кои се впишува како мерно место во светската мапа на GLOBE училишта, во која  досега се вклучени повеќе од 120 земји со над 37 000  училишта, обучени околу 40 000 GLOBE тренери и околу 183 милиони внесени податоци. Од таа причина оваа програма има бенефит за учениците, за професорите и научниците.

Програмата ГЛОБЕ  е на НАСА (американска Национална агенција за атмосфера и вселенска асоцијација), а партнери за спроведување се Националната агенција за океани и атмосфера (НОАА), американската Национална фондација за наука и американскиот Стејт департмент. 

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Крвава кампања во Виница: Кандидат за советник брутално претепан за да се откаже од листата на ВМРО-ДПМНЕ

    152 shares
    Share 61 Tweet 38
  • Говор на омраза и сексизам кон кандидатка за советничка на ВМРО-ДПМНЕ, ЦИВИЛ со осуда

    145 shares
    Share 58 Tweet 36
  • (ВИДЕО) Еди Рама пред Макрон и Алиев му се потсмева на Трамп: Треба да ни честитате, тој го заврши конфликтот меѓу нас

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Украински дронови нападнаа повеќе воени и индустриски објекти низ Русија далеку од фронтот, експлозии во една од најголемите фабрики за експлозиви

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Украински дронови го погодија најголемиот нафтен терминал во окупираниот Крим, предизвикувајќи огромен пожар

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ