• Latest

Прекугранични проекти – мост за зближување на кумановци со градовите од Бугарија

June 3, 2018
„Марш за ангелите“, Скопје 15 ноември 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Маршот за ангелите го разбуди Скопје – „Правда сега, без одлагање“

November 15, 2025

СПЕЦИЈАЛЕН ИЗВЕШТАЈ НА ЦИВИЛ ( дел 1): Стратешка слика и начинот на функционирање на екосистемот – актери и канали

November 15, 2025
Фото: Твитер

Започнува масовното производство на украинските беспилотни летала-пресретнувачи „Октопус“

November 15, 2025
Фотоколаж: Скриншот од time.mk и видео на baku.tv

Репетитивното објавување на изјавите на Песков – императив на некои македонски медиуми

November 15, 2025
Last Crude Oil Tanker at Shell Haven - geograph.org.uk - 605835.jpg Фото: wikimеdia commons

Ројтерс: Иран потврди дека е запленет танкер со петрохемиски товар

November 15, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Американската војска планира поделена Газа со „зелена зона“ обезбедена од меѓународни и израелски трупи

November 15, 2025

Град Скопје воведува нов режим за изнесување отпад: ноќна забрана и казни до 50 евра

November 15, 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски. Фронтлајн

„Марш за ангелите“ денеска во 12:05 во Скопје

November 15, 2025
Креирано со помош на ВИ

Судството под меѓународна лупа – меѓу критики и политичка одбрана

November 15, 2025

Поранешниот министер за правда Кренар Лога се повлекува од партиските функции во АА

November 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Прекугранични проекти – мост за зближување на кумановци со градовите од Бугарија

June 3, 2018 11:36
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Прекуграничните проекти што се реализираа изминативе години во Куманово ги опфатија, младите, бизнисмените, лицата со попреченост, ги поврзаа институциите и установите со соседна Бугарија, претежно со Ќустендил и Дупница. Најголем дел од проектите ги реализираше Центарот за развој на североисточниот плански регион и бројните граѓански и невладини организации,  во помала мера општината, дел училиштата и други институции. Градот, во изминативе десетина години, како најголема општина од североисточниот плански регион доби неколку меѓугранични проекти, но сепак недоволно колку што се очекува од општина со над 120.000 жители.

Еден од проектите кој беше наменет за бизнис заедницата во регионот, вклучително и Куманово беше проектот кој го реализираше Североисточниот плански регион и ќустендилскиот регион од Бугарија преку ИПА програмата насловен „Зајакнување на капацитетите за заедничка економска соработка помеѓу ќустендилскиот регион и Североисточниот плански регион. Партнерите, Центарот за развој на Североисточен плански регион и областа администрација Ќустендил, Бугарија добија околу 87.000 евра.

Она што беше суштински во овој проект беше поврзувањето на бизнисмените остварените  контакти кои и денес опстојуваат. Тогаш, клучно беше да се запознаат и да се групираат по индустријата во која делуваат.

– Проектот опфаќаше истражување за прекугранична деловна соработка,  беше развиена  стратегијата за заедничка прекугранична економска соработка на регионот Ќустендил и Регионалниот регион на североисточна Европа со Акцискиот план, организирани беа прекугранични економски форуми и беше креиран  портал за прекуграничен економски развој, опремен со опрема за видеоконференции, изјави раководителот на Центарот за развој на североистиочниот плански регион, Младен Протиќ.

„Сите деца учат заедно“ беше  двегодишен проект кој се реализираше преку прекугранична мрежа на инклузивни училишта, од ИПА програмата за прекугранична соработка. Центарот за развој на Североисточен плански регион и Општина Дупница добија речиси половина милион евра. Наставниците од шест училишта од регионот од кои две од Куманово, „Толи Зордумис“ и „Бајрам Шабани“ се обучуваа за современите пракси, методи, техники за поголема инклузија на учениците со попреченост. Во рамки на проектот беше развиена студија, се откриваа потенцијалите со кои располагаат различните институции од социјалната сфера во однос на тоа што можат да понудат за учениците со попреченост. Училиштата добија  соодветна инфраструктура за движење на лицата со пореченост (пристапна рампа, лифт и санитарен јазол за лица со посебни потреби) во  седум основни училишта во Североисточен плански регион.

Центарот за развој на североисточниот регион заедно со регионалниот центар за европска интеграција од Ќустендил го спроведе и проектот од ИПА прорамата „Меѓуграничен центар за млади претприемачи“, за што, двете страни добија околу 116.000 евра. Двегодишниот проект кој се реализираше од 2016 до 2018 овозможи формирање Центри за млади претпримачи. 40 –тина млади лица беа обучени за основање сопствен бизнис, развивање идеи, а беа инволвирани и вработени, сопственици на мали и средни претпријарија и инвеститори кои разменуваа идеи.

„Промоција на туристички атракцији во 3D – ТАП 3D“ од ИПА програмата е тековен проект кој ќе се реализира до октомври, годинава, а за кој партнерите Центар за развој на Североисточен плански регион и Областа администрација Ќустендил, Бугарија добија околу 500.000 евра. Зголемување на туристичкиот потенцијал во регионот преку подобра заштита и одржливо користење на природното и културното наследство,  инвентаризација и каталогизација на туристичките локалитети во областа Ќустендил и Североисточниот плански регион, реновирање и адаптација на сали за туристички изложби, промотивни спотови за туристичките локалитети во прекуграничниот регион Ќустендил – Североисточен плански регион, промотивно туристичко „роуд шоу“ се дел од планираните и делумно реализираните активности во рамки на овој проект.

Кумановската гимназија „Гоце Делчев“ неодамна доби одобрение од Советот на општината да аплицира за еколошки проект од прекугранична соработка. Училиштето учествуваше на вториот повик на Интеррег- ИПА ЦБЦ СОУ со „Еколошки мониторинг на транс-граничните реки помеѓу Бугарија и  Македонија  во соработка и партнерство со Гимназија за природни и математички науки, „Проф. Емануил Иванов“-Ќустендил,Р.Бугарија.

Директорката на кумановската гимназија,  Марија Тодоровска, информираше дека проектот од областа на животната средина има едукативен и истражувачки карактер и ќе  опфаќа низа активности кои ќе се реализираат во рамки на  наставниот процес во областа на природните науки. Активностите ќе придонесат за развивање и чување на непосредната животна средина. Во проектот ќе бидат вклучени наставниците по биологија, хемија, физика и  група ученици. Според првичните проценки, придобивките од проекти ќе бидат  обезбедување на нагледните средства и опремување на кабинетите по неколку  предмети.

И невладините организации од Куманово се вклучуваа во прекуграничните проекти. Една од организациите е младинската Центар за меѓукултрен дијалог која заедно со водечкиот партнер од Бугарија „Без граници 21 век“ од Ќустендил, реализираа 15-месечен проект насловен „Shift“, финансиран од Instrument for Pre-Accession (IPA), чија цел беше да  овозможи иновативни и интерактивни алатки за неформално образование, нудеше развивање и унапредување на знаења и вештини кај невработената популација, особено кај младите и припадниците на маргинализираните заедници во насока на креирање самовработување и зголемување на конкурентноста на поединците на пазарот на трудот. Целна група се беа невработени лица од 18 до 30 години, кои бараат прво вработување, социјални претприемачи во регионот, чинители и граѓани од регионот во Бугарија и Македонија.

Давид Алексовски од ЦИД, објаснува дека овој проект ги зближил младите невработени, од двете држави и им  помогнал да следат курсеви по претприемништво, да остварат контакти со претпримечи, да ги развијат своите вештини преку online web-платформа како заедничко место за учење, споделување на знаења и практики од учесниците и активните претприемачи за отпочнување на социјално претприемништво или придружување во работата на постоечките.

Токму на иницијатива на Куманово и Ќустендил, минатиот месец во Куманово се одржа иницијална средба на која беше одлучено да се формира Асоцијација на градови, преку која триесетина општини од двете држави од меѓуграничната зона ќе  аплицираат на заеднички проекти, користејќи средства од ЕУ. На подготивителната средба беше договорено конститутивната седница на Асоцијацијата да се одржи во Ќустендил. Општините од Македонија ќе го користат искуството од колегите од општините од Бугарија при креирање проекти од кои краен бенефит ќе имаат граѓаните. Клучно, е што освен администрациите во оваа Асоцијација ќе членуваат граѓани, бизнис заедницата, установите од сферите на образованието и културата, невладините организации.

Александра Максимовска

Tags: БугаријазближувањекумановциПрекуграничнипроекти - мост
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    307 shares
    Share 123 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    122 shares
    Share 49 Tweet 31
  • Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Вицепремиерот Стоиљковиќ со нервозна реакција на новинарско прашање од ЦИВИЛ – тенденциозна и потпалувачка порака на социјалните мрежи

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ