На денешниот заеднички состанок во Берлин, фокусот на разговорите меѓу сојузниот канцелар Олаф Шолц и премиерот на Луксембург Ксавиер Бетел беше руската воена агресија против Украина. Двете земји се согласуваат дека ова е очигледно кршење на меѓународното право и означува пресвртница за Европа и за западниот свет, соопшти прес службата на германската влада.
Премиерот на Луксембур, Бетел и германскиотканцелар Шолц се согласија дека неформалниот состанок на Европскиот совет следната недела во Версај, , ќе ги разгледа последиците од руската инвазија на Украина.
На нивниот состанок од 10 до 11 март, лидерите на ЕУ, исто така, ќе разговараат за инвестициите како услов за успешна зелена трансформација и идна конкурентност. Федералниот канцелар Шолц истакна дека ЕУ итно треба да ја намали зависноста од увоз на енергија.
Бетел и Шолц, меѓу другото, допреа и други европски политички прашања, како на пример, како Германија и Луксембург можат да ја унапредат климатската политика на Европската комисија.
По разговорите со премиерот на Луксембург Ксавиер Бетел, федералниот канцелар Олаф Шолц го нагласи заедничкиот одговор на Европската унија на рускиот напад врз Украина.
„Се договоривме за исклучително строги санкции“, рече Шолц, „Крвопролевањето мора да заврши“
Мерките ќе имаат ефект на отсекување на Русија од меѓународните финансиски пазари и исклучување на руските банки од системот SWIFT, рече Шолц. Руската централна банка сега исто така е предмет на огромни ограничувања, додаде тој, додека строги санкции се наметнати врз самиот Владимир Путин и неговата најблиска придружба.
Федералниот канцелар уште еднаш го повика рускиот претседател веднаш да ги прекине сите непријателства, да ги повлече руските трупи во Русија и да се врати на дијалогот: „Крвопролевањето мора да заврши“, дециден е Шолц.
Истовремено, федералниот канцелар истакна дека Германија цврсто застана рамо до рамо со Украина во ситуација која го загрозува украинскиот народ и демократијата.
„Ние ќе продолжиме да ги поддржуваме во одбраната од овој неоправдан напад“, рече Шолц. „Германија исто така одлучи да обезбеди поддршка во форма на воена опрема за оваа намена. Уште повеќе, ќе продолжиме да обезбедуваме хуманитарна помош, заштитна опрема и медицински материјали за земјата“, рече Шолц.
Д.Мишев