• Latest
Христијан Мицкоски/ Фотографија: Киро Попов

Премиерот очекува растот на платите да продолжи, според СДСМ Мицкоски лаже, прв пат по седум години има пад на просечната плата

September 21, 2024

На Меѓународниот ден на мирот, рускиот агресор продолжи со терор: Во Запорижја оштетени станбени згради, трговски центар и универзитет

September 21, 2026

ЦИВИЛ: Мирот никогаш не смее да стане синоним за предавање

September 21, 2026
Кампања на ЦДУ (Wikipedia)

Изборен земјотрес во Мекленбург-Западна Померанија: Алтернатива за Германија прва, социјалдемократите втори, демохристијаните надвор од парламентот

September 21, 2026

Рускиот агресор предизвикува хуманитарна катастрофа во окупираниот дел на Херсонската област, цивили се таргетираат со FPV-дронови

September 20, 2026
Фото: Антон Препелицjа

Кога се краде како да нема утре, а власта се освојува и одржува со страв, стап и морков

September 20, 2026

Најопасната лага на социјалните мрежи воопшто не е лага

September 20, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Лудост или заебавање

September 20, 2026

Оружје, принуда и заплашување – составни делови на рускиот изборен процес

September 19, 2026
Ова е Хан Соло Џуниор (илустрација: ChatGPT/OpenAI - FRONTLINE.MK)

„Куршлус“ на FRONTLINE: Сатира за времиња во кои реалноста ја надминува шегата

September 19, 2026
Христијан Мицкоски,   Вашингтон, 19 септември 2026 (фото извор: ФБ профил на Христијан Мицкоски)

Мицкоски од Вашингтон: Повторно големи инвестициски планови и проекти, прашањето за бугарската заедница останува без решение

September 19, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Премиерот очекува растот на платите да продолжи, според СДСМ Мицкоски лаже, прв пат по седум години има пад на просечната плата

September 21, 2024 19:29
in ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
Христијан Мицкоски/ Фотографија: Киро Попов

Христијан Мицкоски/ Фотографија: Киро Попов

Share on FacebookShare on Twitter

Претмиерот на Северна Македонија,  Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање кажа дека очекува платите во јавниот сектор да растат во следниот период и додаде дека првите индикатори покажуваат позитива, односно раст на индустриското производство, преработувачката индустрија, растот на БДП, наплатата на обврските од страна на институциите, како и намалувањето на инфлацијата.

Првите индикатори се добри и тоа охрабрува“, потенцираше тој и додаде:

Мицкпски во однос на платите потенцираше дека имаше една теза од поранешната Влада на СДСМ и ДУИ дека со нив платите растеле, а со ВМРО-ДПМНЕ и оваа Коалиција платите нема да растат.

Морам да кажам дека веднаш. Државниот завод за статистика со бројка која што ја објави за месец јули, не само што ги демантираше туку испорача две контра тези на нивната теза. Прво, видовме дека платите во јули месец кој што беше реално прв месец на оваа влада продолжија да растат со исто и забрзано темпо споредено со она кое што се случуваше изминатиот период. Поеднаков, дури и повеќе. но што е разликата“, рече Мицкоски.

Според премиерот, разликата е што тогаш кога се ограбуваше Буџетот на грбот на граѓаните, инфлацијата беше двоцифрена, и некогаш таа инфлација стигаше вредност повеќе до 20 проценти, па платата која што ја добиваа граѓаните беше обезвреднувана.

Денеска платат повторно расте со иста динамика, па и забрзано, но инфлацијата е најниска во регионот во месец август, споредено со август минатата година, и таа е на ниво на 2,2 проценти, а од почетокот на годината заклучно до август е помала од 3,5 проценти. Тоа е разликата што платите растат со истата динамика, дури и забрзано, но нивото на инфлација е ниско“, кажа премиерот.

Мицкоски истакна дека економијата заживува посочувајќи дека Централната банка донела одлука за намалување на референтната каматна стапка за 0,25 проценти, што покажува дека состојбите почнале да се стабилизираат.

„Одлуката на Централната банка референтната каматна стапка ја намали за 0,25 проценти. Тао значи дека полека но сигурно во овие 2-3 месеца помалку од 100 дена нова Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ состојбата се стабилизира, надежта се враќа, и полека економијата заживува. а тоа ние најдобро го гледаме преку овие индикатори. дали така ќе продолжи јас очекувам да, бидејќи сега во Парламентот помина оној заем од 500 милиони евра кои што како закон го донесовме веќе очекувам втора половина на октомври или прва половина на ноември да биде ставен во функција на македонската економија за да можат овој заем од 250 милиони евра да го користат“, изјави Мицкоски.

На денешната изјава на Мицкоски реагираа од СДСМ, од каде упатија критики дека после седум години постојан раст на просечната плата, во јули годинава има пад за речиси 1.000 денари, според официјалните податоци од Државниот завод за статистика.

Мицкоски лаже, прв пат по седум години има пад на просечната плата за 1.000 денари, велат од СДСМ и додаваат: Христијан Мицкоски денеска повторно излажа.

Од СДСМ нагласуваат дека просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во јули годинава изнесувала 40.961 денар и е за 1.000 денари пониска од јуни кога изнесуваше 41.939 според податоците од Државниот завод за статистика, и додаваат дека во изминатите години тие ја зголеми просечната плата до над 41.000 денари.

Дополнително, од најголемата опозициска партија потсетуваат дека во времето на ВМРО-ДПМНЕ просечната плата беше на половина, едвај 20.000 денари. Во 2015 година, во времето на ВМРО-ДПМНЕ просечната плата изнесуваше 20.853 денари. Платата постојано растеше со СДСМ со години наназад, во 2020 година просечната плата беше 28.294 денари, во 2022 година беше 34.364 денари а во 2024 година достигна над 41.000 денари.

Тоа е таа разлика. Дојде ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски и платите почнаа да паѓаат. Платите се намалуваат а цените остануваат високи и растат. Со вакви погрешни економски политики на Мицкоски стандардот на граѓаните само ќе опаѓа, се вели во соопштението на СДСМ.

М. Д.

Tags: Државен завод за статистикаПремиерот Христијан Мицкоскираст на платиСДСМ
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ