• Latest
Премиерот Заев во реконструираното училиште „Наум Охридски“ во Охрид

Премиерот Заев и градоначалникот Георгиески: Охриѓани со безбедна улица, младите со современо училиште за средно стручно образование

July 24, 2021
Фото: Wikimedia commons

Најдолго затворање на владата во историјата на САД

November 5, 2025
Фото: Министерство за транспорт

Коридор 8 добива меѓуграничен железнички тунел – Северна Македонија и Бугарија утре го потпишуваат договорот

November 5, 2025

Членките на ЕУ постигнаа прелиминарен договор за климатските цели за 2040 година

November 5, 2025
Фото: Фејсбук страница на Собрание на РСМ

„Имам став!“ Средношколци ги менуваат пратениците – симулација на демократија во Собранието!

November 5, 2025
Илустрација: ЦИВИЛ

ЕК: Северна Македонија продолжи со реформите, но треба да ја финализира и подготовката за отворање на Кластерот „Основи вредности“

November 5, 2025
Итај Чен, последниот американско-израелски заложник држен во Газа. Фото: Форум за заложници и исчезнати семејства/Whats up

Останките што ги предаде Хамас во вторникот се на Итај Чен, последниот американско-израелски заложник држен во Газа

November 5, 2025
Скриншот од видео на
RTVE Noticias

Стравувајќи од обидите на САД да го отстранат, Мадуро ги повика Венецуелците да кодошат преку апликација

November 5, 2025
Експлозии го осветлуваат небото над рускиот град Орјол за време на пријавениот напад на 5 ноември 2025 година. Фото: Астра/Телеграм

Експлозии во руската област Орјол, жителите тврдат дека е извршен украински ракетен напад, гувернерот вели дека се дронови

November 5, 2025
Скриншот од видео на ВВС

Најмалку 7 загинати, 11 повредени кога товарен авион на UPS се урна при полетување во Кентаки

November 5, 2025
Скриншот од видео на ВВС

Зохран Мамдани победи во трката за градоначалник на Њујорк, демократите победија во главните трки, гласачите му испратија порака на Трамп

November 5, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОБРАЗОВАНИЕ

Премиерот Заев и градоначалникот Георгиески: Охриѓани со безбедна улица, младите со современо училиште за средно стручно образование

July 24, 2021 15:36
in ВЕСТИ, ОБРАЗОВАНИЕ, ПОЛИТИКА
Премиерот Заев во реконструираното училиште „Наум Охридски“ во Охрид

Премиерот Заев во реконструираното училиште „Наум Охридски“ во Охрид

Share on FacebookShare on Twitter

Премиерот Зоран Заев, денеска, заедно со градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески и пратениците од оваа изборна единица направи увид во работите на реконструкцијата на спортската сала и терени на ОЕМУЦ„Св. Наум Охридски“. Воедно беше пуштена во употреба улицата „15-ти Корпус“, значајна сообраќајна артерија на Охрид.

„Станува збор за исклучително важна улица бидејќи таа e влезот во градот за сите оние што во Охрид пристигнуваат од Ресен, Битола, Прилеп и од другите градови од истокот и југоистокот на нашата земја. Улицата е од исклучително значење за жителите од овој дел на градот, како и за сите индустриски капацитети и фирми кои гравитираат во индустриската зона која се протега долж улицата“, нагласи премиерот Заев на настанот.

Проектот за реконструкција опфати замена на атмосферската канализација и поставување на нов асфалт на коловозот и комплетното уредување на пешачките и велосипедските патеки од двете страни на улицата. За реализација на овој значаен проект Општина Охрид издвои 30 милиони денари од општинскиот буџет, а останатите средства во износ од 28 милиони денари се обезбедени од ЈП „Државни патишта“.

„Охриѓани, но и нашите редовни гости кои пристигнуваат во Охрид од овој приод кон градот, многу добро се сеќаваат во каква руинирана состојба беше оваа улица. Ценејќи ги вистинските и приоритетните потребни на граѓаните, но и на фирмите кои гравитираат во овој дел на градот одлучивме да го реализираме овој голем проект“, рече градоначалникот Константин Георгиески.

Тој најави дека паралелно со реконструкцијата на оваа значајна сообраќајница во завршна фаза е уште еден голем и сложен инфраструктурен проект, а тоа е реконструкција на улицата „Абас Емин“.

На увидот на работите на реконструкцијата на спортската сала и спортските терени на Општинскиот електромашински училиштен центар „Св. Наум Охридски“ беше истакнато дека ова средно училиште доживеа речиси целосна реконструкција и обнова.

Реновираното училиште „Наум Охридски“

Во 2019 година со поддршка на Министерството за образование беа обновени прозорците и дел од кровната конструкција, а во 2020 година беше завршена обновата на покривот и комплетно реконструирана фасадата со што училиштето доби сосема нов лик.

Сега се во тек работите на реконструкцијата на спортската сала и на спортските терени и со тоа ова училиште го добива целосниот модерен и функционален училиштен центар со сите погодности за изведување квалитетна настава.

„Ова училиште, како партнер на програмата за дуално образование има посебно место во нашиот образовен систем со оглед на фактот што за оваа новина во нашето образование посветуваме посебно внимание за да биде целосно и успешно имплементирана“, истакна премиерот Заев.

Дополнително, Oпштина Охрид ги реновираше сите училници, кабинети и канцелариски простории, а со цел да се овозможи поголема функционалност на онлајн часовите за учениците од ова средно училиште беа набавени 20 нови десктоп компјутери.

 

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    188 shares
    Share 75 Tweet 47
  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    149 shares
    Share 60 Tweet 37
  • Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ