• Latest

Препораки од АЕК по зачестените кибер напади во државата и регионот

September 14, 2022

24 ЧАСА: ОН алармираат за зачестени напади врз новинари и говор на омраза во Северна Македонија; Власта бара поддршка за ребалансот на Буџетот, за Битиќи е знак дека владата ја изгубила фискалната контрола; Русија продолжува со егзекуции на заробеници

July 2, 2025
Наградно прашање: пронајди го Таче. Фото: Фејсбук страната на Димитар Ковачевски

Таче се (по)јави, вистина се (по)јави

July 2, 2025

Јанкуловски побара поддршка од пратениците за ребалансот на Буџетот, за Битиќи Владата скицира нереална економска слика

July 2, 2025

ВЛЕН со кривична пријава против раководството на ДЗС одговорно за пописот во 2021

July 2, 2025
Легенда:
Александар Вучиќ, Сергеј Лавров (фото извор: фотографии од Wikipedia)

Зошто Русија го поддржува Вучиќ против студентите?

July 2, 2025
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Вечерва ќе си каснам малку од идентитетот, ако останало

July 2, 2025
Фото: СДСМ

СДСМ за изјавата на Кос: Очекувавме еврокомесарката да истакне дека македонскиот јазик и идентитет се јасно потврдени во сите веќе потпишани договори со ЕУ

July 2, 2025
Бесар Дурмиши, министер за економија
фото/ Фб профил

Дурмиши најави ригорозни мерки ако има девијантно однесување од трговците

July 2, 2025
Министерство за надворешни работи на Украина

Украинското МНР предупреди дека одложувањето на воената поддршка на САД само ќе ја охрабри Русија да продолжи со теророт

July 2, 2025
Трагедија во кочанската дискотека Пулс, 16 март 2025 (фото извор: скриншот од снимка на ТВ Кочани)

Со полициска придружба од Кочани се транспортира предметот „Пулс“ до Основниот Кривичен суд Скопје

July 2, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home БЕЗБЕДНОСТ И ОДБРАНА ХИБРИДНИ ОПЕРАЦИИ

Препораки од АЕК по зачестените кибер напади во државата и регионот

September 14, 2022 11:38
in ВЕСТИ, СООПШТЕНИЈА, ХИБРИДНИ ОПЕРАЦИИ
Share on FacebookShare on Twitter

Во врска со зачестените кибер-напади во државата и регионот, Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) и Националниот центар за одговор на компјутерски инциденти (MKD-CIRT) препорачуваат организациите од јавниот, владиниот и приватниот сектор да извршат безбедносна процена на своите ИКТ системи и услуги и да имплементираат и применуваат превентивни мерки и процедури за заштита од кибер напади и инциденти.

Од АЕК истакнуваат дека најважна работа за организациите e да се погрижат да се воспостават основите на кибер безбедност за да се заштитат нивните вработени, корисници на услуги, информации, уреди, мрежи и системи. Наведуваат активности кои имаат за цел организацијата да се осигура дека се поставени и правилно функционираат основните контроли за кибер хигиена и безбедност.

Според АЕК, високо приоритетни активности што треба да се применат во најкраток рок се:

-Навремено ажурирање на системски и апликациски софтвер и хардвер со последни јавно достапни верзии од производителите

-Проверка и ревизија на пристапот, преку повремена промена на лозинки, воведување на најава со повеќе фактори, ограничено користење на сметки со администраторски пристап и евиденција на активностите во дневници/Logfiles

-Проверка на мерките за одбрана, преку навремено ажуриран и активен антивирусен софтвер на сите уреди и системи, и со периодично тестирање на правилата за интернет сообраќај поставени на огнениот ѕид/Firewall

-Надзор и евиденција на пристап и кориснички активности, преку запишување на секоја активност во дневници / Log files, и алармирање за невообичаени активности

-Тестирање и ревизија на политиките за бекап и валидација за исправен бекап, со проверка дали политиките и процедурите за снимање на заштитена копија од важните податоци одговараат на потребите на организацијата, како и проверка на снимени копии од податоци со нивно „враќање“ – за да знае организацијата дека снимените податоци се во ред.

-План за одговор на инциденти, со идентификувано лице на кое вработените треба му да пријавуваат сомнителни активности и кое ќе ги организира активностите поврзани со справување со инцидентот – со крајна цел што побрзо да се врати нормално работење на организацијата

-Безбедност на интернет и јавни услуги и сервиси, преку спроведување на надворешно безбедносно скенирање, по што треба да следи период на поправка на најдени слабости, и воспоставени директни контакти со Интернет провајдерот за брз одговор во случај на DDoS напади

-Одговор на фишинг-напади, преку едукација на вработените како да препознаат лажни пораки и кому да пријават

-Безбедност на соработници и трети лица/страни, преку проверка и ревизија на ресурсите до кои организацијата им овозможува пристап на надворешни лица и фирми, вклучитлено и компаниите кои се ангажирани за одржување на ИКТ системите

-Пријава на инциденти и сомнителни активности, во склоп на организацијата и до MKD-CIRT. Споделете информации со MKD-CIRT и на тој начин ќе помогнете да се заштитат и другите организации во државата. При тоа, MKD-CIRT пред да сподели пријавена информација, истата ќе ја направи анонимна и не споделува податоци за пријавувачот со трети страни/лица.

MKD-CIRT, како што велат од Агенцијата, им препорачува на сите организации во државата да ги имплементираат и користат минималните мерки за кибер-безбедност кои се наведени во шемата за само-оценување „Сајбер Одговорна Организација“ за што може да се најдат повеќе информации на линкот: https://mkd-cirt.mk/odgovorno-rabotenje-na-internet/.

АЕК укажува и на потребата од користење на услуга за Надворешна кибер-безбедносна проверка на веб апликации (надворешно скенирање на веб-сајтови). Таа услуга е бесплатна за операторите на јавни електронски комуникациски мрежи и услуги, организации од јавен и владин сектор и оператори на критична инфраструктура во државата. Со оваа услуга организацијата ќе добие извештај за најдени слабости на своите веб-сајтови кои криминалците може да ги искористат, како и насоки како да ги поправи. Повеќе за услугата на: https://mkd-cirt.mk/usluga-za-proverka-na-veb-aplikacii/.

За подигање на јавна свест за значењето на кибер-безбедноста и за едукација на вработените, Агенцијата предлага следење на бесплатни основни онлајн обуки за кибер-безбедност наменети за вработени и менаџери, кои се достапни на порталот за едукација на MKD-CIRT на: https://lms.mkd-cirt.mk/. Обуките се достапни на македонски и албански јазик.

Агенцијата за електронски комуникации воедно апелира до MKD-CIRT да се пријавуваат кибер-инциденти и сомнителни пораки и активности на е-поштата: [email protected].

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Костадинов до Латас: Кога ќе ја чепнеш честа на мојот мртов татко, правдата не се моли. Се зема.

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Едногодишен помен

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • Дијаспората веќе не е „нерезидент“ – Одлука на Уставен што менува правила

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Сервилност или велемајсторски дипломатски потег – дали Руте последен се смее

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Таче се (по)јави, вистина се (по)јави

    89 shares
    Share 36 Tweet 22

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ