• Latest

Пресметката меѓу Данела Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ ќе ги чини граѓаните 136 милиони евра, а Скопје ќе остане последниот главен град без пречистителна станица

November 4, 2022
Фото: ANF Nеws

ПКК се самораспушти и го запира вооружениот конфликт против турските власти

May 12, 2025

Повеќе од публикација: Одбрана на демократијата и човековите права – повик за акција во борбата против националзимот, десничарскиот екстремизам и авторитаризам

May 12, 2025
Фото: Скриншот од ФБ на Драгана Костиќ

„Ако нѐ нема нас – кој ќе ве штити вас?“, протест на Независниот синдикат на полицијата за зголемување на платата

May 12, 2025
Фотомонтжа: Д. Мишев / ЦивилМедиа. Скриншот од видео на NEWS 18

 Американските експерти за владина етика згрозени од плановите на Трамп да прифати авион од 400 милиони долари како подарок од Катар

May 12, 2025

Одбрана на демократијата: Отфрлање на лажната рамнотежа и зајакнување на демократската отпорност

May 12, 2025
Фото: Фејсбук на Весна Јаневска

Јаневска: Средношколците во Штип, Битола и Скопје ќе полагаат државна матура во амфитетарите на универзитетите

May 12, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: Социјалистите водат на изборите во Албанија: СПАК покрена 39 истраги за изборен криминал; Косовските партии се обратија до Уставен суд поради (не) конституирањето на собранието

May 12, 2025
Фото: МИА

ЕУ ја предупредува Русија – без прекин на огнот, нема мировни преговори

May 12, 2025

Убиства пред полициска станица, во кафич, дома пред детето наспроти благодарницата на Тошковски

May 12, 2025
ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Што мислите за работата на банките?

ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Што мислите за работата на банките?

May 12, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home АНАЛИЗИ

Пресметката меѓу Данела Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ ќе ги чини граѓаните 136 милиони евра, а Скопје ќе остане последниот главен град без пречистителна станица

November 4, 2022 18:13
in АНАЛИЗИ, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: Зоран Бојаровски

Пресметката меѓу Данела Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ ќе ги чини граѓаните 136 милиони евра, а Скопје ќе остане последниот главен град во Европа без пречистителна станица за отпадни води.

Ова се заканува да биде епилогот на драмата „Рачиња во медот“, вклучително со продолжението „Шпицен градоначалник“, ако до крајот на годината не заврши тендерската постапка за изведба на пречистителната станица за отпадни води на град Скопје.

Поконкретно, оваа завршница е сосема извесна бидејќи до крајот на оваа година завршува „рокот на траење“ на валидацијата на тендерските постапки што беа спроведени: Валидацијата на тендерските постапки за надзор и на првиот дел од тендерската постапка за градба, односно за техничките аспекти на понудите, за кои Европската инвестициона банка „немаше обџекшн“, односно целосно ги одобри.

Потоа, како што е познато, целата постапка запре без да се заврши вториот дел од постапката за градба, односно валидацијата на финансиските понуди, кога и едните и другите, Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ си се фатија, односно започнаа да се обвинуваат за „брцање на рачињата во медот“.

Значи, да резимираме за овој дел, ако до крајот на годината оваа состојба не се промени и не продолжи постапката за валидација и за завршница на вториот дел од тендерот за градба, односно за евалуацијата на финансиските понуди на команиите што учествуваа на тендерот, целиот проект пропаѓа и Европската банка за обнова и разво и Европската инвестициона банка ќе си ги повлечат парите – 136 милиони евра, од кои дури 70 милиони евра беа трансформирани како грант од ИПА програмата бидејќи пречистителната станица за отпадни води на град Скопје беше прифатен како проект кој треба(ше) да ги донесе европските стандарди за заштита на животна средина во земјава.

Како што брифираа од Секретаријатот за европски прашања (СЕП), од каде што се координираат средствата од Инструментот за предпристапна помош (ИПА) за Северна Македонија за реформи и прилагодување на стандардите во земјата во повеќе области со оние на ЕУ, сега се доведува во прашање проект кој, како и кај другите големи градови на државите од ЕУ, треба трајно да го реши третманот на отпадните води од главниот град на државата и на кој се работеше полни 4 години.

Загубата, според она што може да се заклучи од брифингот за Цивилмедиа во СЕП, сега се заканува да биде уште поголема затоа што сега, заради економската криза и војната во Украина „парите поскапеа“, па прашање е ако се треба да тргне од почеток колку ќе чини во новите услови изградбата на пречистителната станица, и дали сега ќе успееме да трансформираме дел од тие средства во неповратен грант, како што беше веќе направено. Ова е големо прашање и заради проценката за нашите капацитети, односно на капацитетите на град Скопје, да му бидат доверени вакви големи проекти под толку добри услови, кога „битката за тендери“ стана прв приоритет наместо интересот на граѓаните и постигнувањето на стандардите на ЕУ во животната средина.

Да потсетиме, проектот за пречитителната станица на Град Скопје и ЈП Водовод и канализација, во 2020 година ја доби втората (сребрена) награда на Sustainability Awards 2020, што ја доделува ЕБОР, во категоријата климатска обнова и одржливост, во конкуренција од 47 номинации. Сега се загрозува не навремената, туку воопшто реализација на овој проект за третман на отпадните води во градот Скопје, кој опфаќа 9 од неговите 10 општини и со кој беше предвидено да се намали загадувањето на реката Вардар што позитивно ќе влијае врз животот на граѓаните по течението на реката и пошироко.

Одлагањето и оддолжувањето на проектите за здрава жиивотна среднива го загрозува и процесот на нашето пристапување во ЕУ, бидејќи без изградба на пречистителни станици за отпадни води, земјата не може да ги задоволи европските еколошки стандарди со кои ќе мора да се соочи за време на скринингот и затворањето на поглавјата во преговорите за членство.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Пандов љубител на костимирани настапи: ангелче, комита, моторџија, историчар, директор, а сега влезе и во мафијашки филм

    142 shares
    Share 57 Tweet 36
  • Зошто надворешната политика на владата на ДПМНЕ е антинационална и стана „тажната приказна“ на Балканот

    131 shares
    Share 52 Tweet 33
  • Тричковски: Медиумите се за граѓаните тоа што е златицата за компирите!

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Мрежа за заштита на жените Ромки: Фемицидот врз Рамајана не е изолиран инцидент; 142 случаи на семејно насилство врз ромски жени регистрирани во 2024

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • ПОРТОКАЛОВА ГЛАВА НА ТЕГЕТ ОДЕЛО: Трамп, дрско и без почит, во потрага по внимание на погребот на Папата

    93 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ