• Latest

Претстојни претседателски или парламентарни избори?!

April 17, 2019

На кои листи ќе нѐ има?

June 4, 2026
Фото: Zakie Andiko Ramadhani / vecteezy.com

Кој ќе ја плати цената за истрагата „Мазут“: Осомничените една година под мерки, без утврден криминал

June 4, 2026

Вучиќ ќе отпатува на самитот во Тиват и покрај предупредувањата за висок безбедносен ризик

June 4, 2026
Фото: Wikimedia commons

Европскиот парламент бара забрзани реформи и политички консензус за продолжување на евроинтеграциите на Северна Македонија

June 4, 2026

Ревизија во Академијата за судии и обвинители: Незаконски исплати, спорни набавки и пропусти во испитниот систем

June 4, 2026
Реакции

РЕАКЦИИ: Кој ја држи Северна Македонија во ЕУ чекалната – граѓаните ја поделија вината меѓу Брисел, Софија и Владата

June 4, 2026

Дипломатски тензии меѓу Белград и Подгорица: Поради безбедносен ризик, БИА му препорача на Вучиќ да не патува во Црна Гора

June 4, 2026

Коридорот на „старо железо“

June 3, 2026

Ќе го чепне ли Маѓар експремиерот Груевски на финансиски план?

June 3, 2026
Проф. д-р Стево Пендаровски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Пендаровски отвора нови прашања за „шпионската афера“ во Кабинетот на претседателката: Ако нема афера, зошто е суспендиран ИТ-техничар?

June 2, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Претстојни претседателски или парламентарни избори?!

April 17, 2019 08:33
in ВЕСТИ, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

За овие претседателски избори има тројца независни кандидати: Стево Пендаровски, кој е предложен за консензуален кандидат од СДСМ со поддршка од ДУИ и околу триесет помали партии, Гордана Силјановска Давкова, која беше избрана од ВМРО-ДПМНЕ на партиска конвенција во Струга и Блерим Река, независен кандидат со поддршка од Алијансата на Албанците и Движењето Беса.

Тројцата кандидати за претседател на државата се претставуваат како независни, но поддршката од партиите кои стојат зад нив, тешко е да се одвои од кандидатите за време на нивните кампањи. Не треба многу време и внимание да се посвети за во едни од говорите, на кандидатите или лидерите на партиите кои ги поддржуваат, да се забележи дека изгледаат како да се подготвуваат за парламентарни, а не за претседателски избори.

Лидерите на политичките партии, зависно зад кој кандидат стојат, за време на говорите на митинзите кои се одржуваат низ земјата, најмногу зборуваат за работите кои ги постигнале како партија во текот на годините кога биле или се на власт и потоа не избегнуваат да ги спомнат слабостите на противниците.

Па така, во еден говор на Христијан Мицкоски, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, може да се слушне за тоа како Зоран Заев и останатите од партијата, го смениле името на државата, им се потчиниле на соседите, лажеле за повисоки плати и пензии и ред други работи. Па ги повикува граѓаните да гласаат за нив, дека тие ќе победат и дека ќе ги променат работите, заборавајќи дека се гласа само за претседател. Обвинувањата кон „противникот“ не изостануваат во ниеден говор.

Овие говори не ги пропуштаат и другите партии. Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, не заборава да ги спомне криминалите на поранешната власт во владеењето на поранешниот претседател Никола Груевски и дека Мицкоски и Силјановска Давкова треба јавно да се оградат од неговите политики. Заев не заборава да каже дека и на овие избори ќе победат тие, дека направиле толку многу за државата и дека не треба сега да застануваат. Се чини како да води партински митинг за парламентарни избори.

Тука останува она „статус-кво“ на ДУИ, кои сè уште не знаат кој кандидат го поддржуваат, честопати велат дека се за консензуалниот кандидат, но многу ретко го спомнуваат името и презимето на Стево Пендаровски.

Во овие изборни процеси се јави и лидерот на ДПА, Мендух Тачи, кој вели дека го поддржува претседателскиот кандидат, согласно со определбите за ЕУ и НАТО. Тачи спомна и дека оние кои го поддржале претседателскиот кандидат Блерим Река шират лажен патриотизам, дека во 2014 година тие за кандидат го имале Илјаз Халими, но не го гласале.

И лидерот на Алијансата на Албанците, Зијадин Села, кој го поддржува Блерим Река, вели дека на државата ѝ е потребен тој како претседател, да донесе правда во државата, онаа за која зборуваа во 2016 година и толку многу граѓани верувале, но, за жал на крај добиле селективна правда.

Кога ќе се сумираат сите говори на политичарите за претстојните претседателски избори изгледаат повеќе како на натпревар меѓу самите партии и како да се подготвуваат за нови парламентарни избори.

Шестите претседателски избори ќе се одржат на 21 април и 5 мај, 2019 година и треба да го изберат петтиот претседател на државата. Овие претседателски избори се првите избори по стапување на сила на Преспанскиот договор, со кој е решен спорот за името со Грција.

А. Петровска

Share12TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ