„Не сум чуден, само имам дислексија!” е насловот на проектот на кој членови на Здружението за дислексија „Ајнштајн“ денеска ќе ги презентираат резултатите од спроведеното истражување за степенот на запознаеност на наставниот кадар во основните училишта во четири општини во Градот Скопје, со темата дислексија.
Според организаторите, настанот има зел да ја подигне свеста кај локалните власти за потребата од нивно вклучување во процесот за креирање инклузивни образовни услови за учениците со дислексија. Во рамки на проектот биле изработени три истражувачки стории, со цел приближување на темата дислексија до медиумите.
Проектот „Не сум чуден, само имам дислексија!”, е реализиран во периодот од февруари до мај 2018 година, и е финансиран од страна на Европската Унија, преку подгрантовата шема од проектот „Медиа платформа за застапување” имплементиран од Граѓанската асоцијација МОСТ. (МИА)