Министерството за здравство соопшти дека денеска се пристигнати 3000 тестови, дел од донацијата од 13000 брзи тестови, кои се најнова технологија со која за 15 минути се утврдува дали кај тестираните е присутен вирусот КОВИД-19, и истите ќе бидат бесплатни за граѓаните.
Останатиот дел од тестовите ќе биде испорачан до среда.
„Овие брзи тестови се бесплатни за граѓаните, а истите ќе бидат распоредени низ 13 те болници во државата, во Клиниката за инфективни болести во Скопје, Болницата 8 Септември, Институт за белодробни заболувања кај децата – Козле и ЈЗУ Институт за белодробни заболувања и туберкулоза-Скопје, и ќе се користат како би се утврдило дали суспектните пациенти се позитивни на ковид-19. Донацијата ја обезбедија ГД Гранит и Нафтената компанија Галф оил Македонија“, велат од министерството.












