Автобусите со број 19 и 20 денес веќе возат на релација Шутка – Центар. Парите од Град Скопје пристигнале на жиро-сметката на превозниците кои вчера се жалеа дека немаат ниту за гориво, пренесува Телма.
Резервоарите сега се наполнети, а договорена е динамиката на исплаќање на останатите пари од долгот на Градот спрема приватниците.
Од „Макекспрес“, едни од превозниците на коишто градот им должи пари велат дека утрово добиле дел од парите.
Од кабинетот на градоначалничката информираат дека е исплатена сума поголема од 20 милиони денари или над 320 илјади евра, јавува Телма.