Висок функционер во Министерството за внатрешни работи е приведен вчера попладне под сомнение за злоупотреба на службена положба, дознава МИА од полициски извори.
По налог на Основното јавно обвинителство денеска од слобода е лишен Д.С., вработен во кабинетот на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, под сомнение за сторено кривично дело по член 353 од Кривичниот законик „злоупотреба на службена положба и овластување“.
Тој бил приведен попладнево во полициската станица Кисела Вода.
извор: МИА
Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.