• Latest

Привилегирани притвореници наспроти мизерните услови за „обичните“

October 15, 2019

Нови американски воени напади врз Иран го прекинаа кревкото примирје: Ескалација во Ормускиот теснец и економски шокови

May 26, 2026

Глобалната трансформација на светот со вештачката интелигенција: Од софтверски инженеринг до нови етички и еколошки стандарди

May 26, 2026

Зошто Русија го бомбардира Кијив посилно од кога било

May 26, 2026

Папата Лав XIV: Технологијата мора да му служи на човекот, а не да го замени

May 25, 2026

Вашингтон и Техеран преговараат за прекин на огнот, Пакистан посредува: Деблокада на 20 милијарди долари за Иран во замена за 60-дневен прекин на огнот

May 25, 2026

Продолжува рускиот терор врз цивилите: Украинската дипломатија повика на „решителен одговор“ од меѓународната заедница

May 25, 2026
Џелал Хоџиќ

Парадоксот на „Српскиот свет“: Северна Македонија го спасува режимот на Александар Вучиќ од српската демократска јавност во Србија

May 24, 2026
Кијив, 24 мај 2026 (ДСНС)

Цивилите во Кијив под масовен руски напад: Кремљ удри со ракети и дронови, Украина бара итна поддршка за противвоздушна одбрана

May 24, 2026

Порака до сите што беа на кумановскиот митинг за поддршка на Вучиќ

May 24, 2026
Кијив во утринските часови на 24 мај 2026 година (ДСНС)

РУСКИОТ ТЕРОР ПРОДОЛЖУВА: Масовен напад врз цивилни цели во Кијив, Украина возвраќа со удари длабоко во руска територија

May 24, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ

    Нови американски воени напади врз Иран го прекинаа кревкото примирје: Ескалација во Ормускиот теснец и економски шокови

    Глобалната трансформација на светот со вештачката интелигенција: Од софтверски инженеринг до нови етички и еколошки стандарди

    Папата Лав XIV: Технологијата мора да му служи на човекот, а не да го замени

    Вашингтон и Техеран преговараат за прекин на огнот, Пакистан посредува: Деблокада на 20 милијарди долари за Иран во замена за 60-дневен прекин на огнот

    Продолжува рускиот терор врз цивилите: Украинската дипломатија повика на „решителен одговор“ од меѓународната заедница

    Кијив, 24 мај 2026 (ДСНС)

    Цивилите во Кијив под масовен руски напад: Кремљ удри со ракети и дронови, Украина бара итна поддршка за противвоздушна одбрана

    Кијив во утринските часови на 24 мај 2026 година (ДСНС)

    РУСКИОТ ТЕРОР ПРОДОЛЖУВА: Масовен напад врз цивилни цели во Кијив, Украина возвраќа со удари длабоко во руска територија

    ЕКСКЛУЗИВНО: Експресен одговор од Агенцијата за разузнавање на прашањата на ЦИВИЛ за шпионската афера

    Фотографија: Скриншот од видео на Google

    Google го забрзува развојот на ВИ: Џемини Омни и новата генерација на интелигентни агенти

    Фото: Министерство за правда

    Правосудниот испит на албански јазик отвори нов политички судир меѓу Министерството за правда, ВМРО-ДПМНЕ и ВЛЕН

  • ПОЛИТИКА
    • All
    • ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ
    Џелал Хоџиќ

    Парадоксот на „Српскиот свет“: Северна Македонија го спасува режимот на Александар Вучиќ од српската демократска јавност во Србија

    Порака до сите што беа на кумановскиот митинг за поддршка на Вучиќ

    Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

    Ура за Македонија

    Мајски извештај за продукцијата на ЦИВИЛ МЕДИА: Навигација низ информацискиот метеж

    ШПИОНСКА АФЕРА: Додека се шпионира НАТО, власта на Мицкоски креира политики по терк на Москва

    Проф. д-р Александар Иванов

    (ЕКСКЛУЗИВНО) Проф. Иванов: ИТ-администраторот во претседателскиот кабинет не е обичен техничар, секое доцнење на форензиката има контраразузнавачка цена

    Со обете нозе во една чевла

    Проф. Оливер Андонов (фото: ЦИВИЛ)

    (ЕКСКЛУЗИВНО) Проф. Андонов: Постапката за шпионската афера намерно се води погрешно, се урива кредибилитетот на државата пред НАТО сојузниците

  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
    • All
    • ИСТОРИЈА

    Папата Лав XIV: Технологијата мора да му служи на човекот, а не да го замени

    Архитектура на критичката мисла: Зошто на јавниот простор му е неопходна аналитичка длабочина

    Илустрација ВИ

    Нов закон за игри на среќа отвори фронт меѓу Владата и индустријата: Се најавуваат отпуштања, протести и правни битки

    РЕАКЦИИ: Камерите не воспитуваат – сообраќајната култура и натаму на нула

    Гордана Дувњак (1965–2026)

    Гордана Дувњак (1965–2026): Тивко заминување на еден силен новинарски глас

    Меѓународен ден на Ромите: Култура, идентитет и континуирана борба против дискриминацијата, сиромаштијата и системската неправда

    Јирген Хабермас (Фото: Европска комисија/Szabolcs Dudás)

    Замина Јирген Хабермас, гигантот на модерната филозофија

    Илустрација ВИ

    Иницијатива што поврзува жени од Македонија, Шведска и Германија нуди поддршка за семејни кризи, насилство, родителски предизвици и економска несигурност

    Фото: Ариан Мехмети

    Кризата е тешка, законот може да се менува – ама платите не: Здружение на јавни обвинители со порака до пратениците

    Фотомонтажа: Скриншот од видео

    Отворено писмо до претседателката: Ако ви дошло до смеење, дојдете со мене на онкологија

  • СЛОБОДНА ЗОНА
    • All
    • ES-PRESS-O
    • БЛИЦ
    • БРЗА ПОШТА
    • ДИПЛОМАТСКА ПРИЗМА
    • ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ
    • ЕДИТОРИЈАЛ
    • КОМПАС
    • ПО ДОПРЕН ГЛАС
    • САТИРА

    Зошто Русија го бомбардира Кијив посилно од кога било

    Џелал Хоџиќ

    Парадоксот на „Српскиот свет“: Северна Македонија го спасува режимот на Александар Вучиќ од српската демократска јавност во Србија

    Порака до сите што беа на кумановскиот митинг за поддршка на Вучиќ

    Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

    Ура за Македонија

    Мајски извештај за продукцијата на ЦИВИЛ МЕДИА: Навигација низ информацискиот метеж

    Кога твојот живот е само ставка во табела

    Со обете нозе во една чевла

    Ова не е апел за милостина, туку за здрав разум: Олеснете им го животот на луѓето!

    ИН МЕМОРИАМ | За кривите линии на Коракс

    Гордо – назад и надолу

  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result

Home АНАЛИЗИ

Привилегирани притвореници наспроти мизерните услови за „обичните“

Во изминатите години, некои наши обвинети и притворени јавни личности многу често го користеа терминот „здравствени причини“ за да не дојдат на рочишта, да бараат да бидат ослободени од притвор, а некои од нив поради истите, имаат чести посети во болниците.

October 15, 2019 11:51
in АНАЛИЗИ, ВЕСТИ, ПОЛИТИКА, СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: АНГЕЛА ПЕТРОВСКА

Со Законот за здравствена заштита е определено дека со задолжителното здравствено осигурување врз начелата на заемност и солидарност, на осигурениците им се обезбедува право на основна здравствена заштита, така што правата од основната здравствена заштита се обезбедуваат и на лицата кои се наоѓаат на издржување казна затвор, лицата кои се наоѓаат во притвор, ако не се осигурани по друга основа и малолетните лица кои се наоѓаат на извршување воспитна мерка упатување во воспитно – поправен дом. За оваа категорија граѓани правото на остварување на здравствената заштита е уредено со Законот за извршување на санкциите каде е определено дека здравствената заштита на осудените лица е организирана според општите прописи од областа на здравството.

Во изминатите години, некои наши обвинети и притворени јавни личности многу често го користеа терминот „здравствени причини“ за да не дојдат на рочишта, да бараат да бидат ослободени од притвор, а некои од нив поради истите, имаат чести посети во болниците.

Па така, најсвежиот пример е со поранешната специјална обвинителка Катица Јанева, обвинета во случајот „Рекет“ и во притвор, од истражниот затвор беше однесена во клиниката „Жан Митрев“, каде и беше извршен интернистичко кардиолошки преглед. Здравствената состојба на Јанева, според нејзините адвокати, била лоша и таа се жалела на висок притисок и општа анксиозност. Јанева беше задржана во „Жан Митрев“ четири дена, а вчера ја вратија во притвор.

Бојан Јовановски (Боки 13), кој е осомничен за „Рекет“ и е во притвор, таму неколку пати се жалеше на болки во стомакот. Тој претходната недела беше изнесен со носилка од Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, набргу откако таму беше донесен од затворот во Шутка за да даде исказ. Неговиот адвокат Сашо Дуковски, изјави дека кога тој дошол Јовановски веќе масивно повраќал во тоалетот и потсети дека веќе има мислење од Клиниката за торакална хирургија дека му е неопходна хоспитализација поради целокупната здравствена состојба.

„Непријатни сцени се тоа, обвинителството како и јас не сме лекари, но она што го видовме не беше пријатно. Секој заслужува право на живот, тоа е уставно загарантирано. Јас сметам дека на секого треба да се даде адекватна медицинска нега независно дали и што сторил. Кривична или било каква постапка е една работа, правото на живот или здравје е друга работа. Не случајно е сега итно однесен во болница и не случајно досега најмалку 20 пати бил на субспецијалистички преглед и има мислење дека е неопходна хоспитализација“, додаде Дуковски.

Праксата во македонското судство брои уште вакви случаи, па така, поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески, поради здравствени причини во август годинава беше пуштен од затворот Шутка и спроведен во куќен притвор. Одлуката беше донесена по жалбата на Јанакиевски на мерката притвор од Основниот суд Скопје за предметот „Шпански скали“. Јанакиески беше притворен на 29 јуни по барање на Обвинителство за организиран криминал и корупција во истрагата „Шпански скали“. Судија на претходна постапка им определи 30 дена притвор на Јанакиески и на уште седуммина осомничени, кои беа уапсени за незаконска продажба на државно земјиште со што ја оштетиле државата за над 2,7 милиони евра.

На 2 јули беше објавено дека Јанакески одбивал да ја прими затворската храна, но немаше немаше официјален став дали почнал штрајк со глад, или ја одбива само храната од затворот. На 10 јули, Јанакиески, според болнички извори, се пожалил на болка во пределот на бубрезите, по што бил прегледан в болница од специјалист. Но, тој не нашол дијагноза и причина за да биде задржан Јанакиески на болничко лекување.

Во јули годинава, поранешениот директор на УБК, Сашо Мијалков побара од судот да му го врати пасошот за да оди да се лекува во странство. Еден од адвокатите на Мијалков рече дека тој имал закажано операција на хранопроводот во странство на 14 август и дека таа операција не се прави кај нас.

Правосилно осудениот во случајот „Труст“, Сеат Кочан, во август до СЈО доставил ново барање за одлагање на издржувањето на казната затвор, поради здравствени причини.

„Во однос на повеќе новинарски прашања поврзани со издржувањето на казната затвор на еден од правосилно осудените лица во предметот 1459/17 од Обвинителството означен како „Труст“, информираме дека до надлежниот судија за извршување санкции доставено е ново барање за одлагање на издржувањето на казната затвор по кое барање Судот веднаш се обрати до приватната клиника каде е хоспитализиран осудениот за добивање на целокупната документација поврзана со барањето“, информираа од Кривичниот суд во Скопје.

Во мај годинава, рочиштетот за предметот „Тврдина 2“ беше одложено бидејќи не беа присутни еден од адвокатите, како и првообвинетиот Горан Грујовски, поранешен началник на Управата за безбедност и контраразузнавање, кој беше отсутен поради здравствени проблеми.

На Александар Јаневски Тошта, обвинет за обидот за убиство на Зијадин Села, на рочиште минатата година, му се слоши откако судот соопшти дека за него останува обвинението за убиство во обид.

Поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска, беше ослободена поради нејзината бременост.

Ситуацијата со „обичните“ осудени лица или притворени не е баш иста.

Да се потсетиме какви се животните услови во македонските затвори и на смртните случаи во претходните години.

2017 година ќе ја памтиме по тоа што само во првите шест месеци, во КПД „Идризово“ имаше шест жртви.

За еден смртен случај на осуденичка, од затворот изјави дека откако и се слошило, била повикана Брза помош, која само констатирала смрт, бидејќи во затворот нема дежурен лекар.

Уште тогаш, правен советник на Хелсиншкиот комитет, Воислав Стојановски, изјави дека најголем проблем во затворите е пренатрупаноста и недостатокот на медицински персонал. Тој додаде дека за едно легло во затворите има по двајца затвореници и дека медицинскиот персонал не може да постигне да им излезе во пресрет на сите, затоа што работи само една смена. Исто така, додаде дека „пренатрупаноста во затворите ќе се намалела доколку се воведеше Закон за пробација, со кој, осудените лица казната ќе ја извршуваа во домашен притвор, со носење на алка за следење“.

Во февруари истата година, притвореникот Р.А. од Струмица починал во затворот „Скопје“. Претходно, во јануари, во Казнено–поправниот дом „Идризово“, почина затвореникот М. С. (46). Истиот месец, на 10-ти и 11-ти јануари, починаа 73 -годишникот М.А. од Гостивар и 56 -годишникот С.Р. од гостиварското село Речане, кои исто така, служеле затворска казна во „Идризово“.

Ердал Јусинов беше 25-годишен осуденик кој почина во затвор. Членови на семејството на починатиот 25-годишен осуденик Ердал Јусинов, во разговор за ЦИВИЛ – Медиа обвинуваа дека одговорност за неговата смрт имаат и командирите и лекарите од затворот во Штип, бидејќи, наводно, не му ја пружиле неопходната помош. Во разговорот, во нивниот дом во ромското маало во Штип, покрај сериозните обвинувања за состојбите во штипскиот затвор, тие бараа одговори за резултатите од обдукцијата и за причината – зошто надлежните од затворот не ги известиле за смртта на Ердал, туку трагичната вест ја дознале од осудениците?

Сестрата на починатиот, Музеј Јусинова, тогаш изјави дека пред да почине брат ѝ, телефонски разговарале и дека тој се пожалил оти командирите и затворските лекари лошо се однесуваат со него, но и со останатите Роми кои отслужуваат затворска казна.

„Командирите му велеле: ‘А, бе, копиле, не ти беше лошо кога крадеше, а сега се жалиш дека имаш здравствени проблеми. Не се преправај ништо не ти е!’ Брат ми почина млад и зад себе остави жена со две малечки дечиња. Сега, кој ќе ги чува? Социјална помош имаат само 1.300 денари“, изјави сестрата.

Ова отвора тука неколку прашања:

Зошто „обичните“ осудени лица и притворени, не го добиваат истиот третман како и оние „јавни“ личности кои многу често и „магично“ сите се жалат на некакви здравствени проблеми?

Дали тежината на нивните обвиненија не е исто, ако си некаков функционер во држава, тогаш таа тежина се намалува и половина ти се простува?

Останува она – некои осуденици и притвореници се поголеми од другите…

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ