• Latest

Прекин на наставата во долненското село Лажани

January 24, 2017

24 ЧАСА: „Гасни комори и смрт“ за Албанците на спортски натпревар; Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ, Димитревски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ; Таравари бара национализмот да биде осуден и изгаснат

August 4, 2025
Графити во Маџари, снимени на 5 септември 2024 (фото: ЦИВИЛ)

Дијагноза: Колективно воспитана омраза – „Смрт, гасни комори за Шиптарите“

August 4, 2025
Скриншот од видео кое наводно го прикажува погледот од авион што слетува на аеродромот во Сочи на 3 август Shaun Pinner/X

Украинците потврдија успешен напад со дронови врз складиште за гориво на рускиот аеродром во Сочи

August 4, 2025

Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ и Димитриевски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ за националистичките скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фотографија: ВИ

Во пресрет на локалните избори 2025: ДКСК без претседател, Собранието на одмор

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео објавено од Володимир Зеленски на Фејсбук

(ВИДЕО) Русија лови цивили: Зеленски споделува снимки од градовите на линија на фронтот

August 4, 2025
Порака за блокирање на веб-страница. Фото: LSM+

Латвија блокираше 10 веб-страници што шират руска пропаганда

August 4, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: ОБСЕ нуди препораки за Кривичниот законик во Албанија; Спиропали и Османи со остри осуди за антиалбанските скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео на WION

Најмалку 68 мигранти загинаа при превртување на брод кај Јемен

August 4, 2025

Министрите ќе ја извршуваат функцијата и додека се тркаат за градоначалник

August 4, 2025
CivilMedia
No Result
View All Result
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Прекин на наставата во долненското село Лажани

January 24, 2017 18:19
in ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Околу 270 ученици од основното училиште „Мирче Ацев“ во долненското село Лажани, втор ден не следат настава, бидејќи нема елементарни услови за тоа. Советот на родители реагира и бара Општина Долнени  и градоначалникот Боше Милошевски да преземат итни мерки да се ублажи состојбата. Во спротивно, тие стојат категорично на ставот дека учениците ќе ја бојкотираат наставата сѐ додека не се санираат училиштето.

„На 10 октомври минатата година остваривме средба со градоначалникот Милошевски на која ги пренесовме нашите реакции и забелешки. Училиштето не е варосано 8 години, а да не зборуваме за искршениот инвентар и сите други проблеми со кои во детали е запознаен градоначалникот. Но, до денеска ништо не е преземено. Веќе два дена никој од Општина Долнени, не нѐ ни прашал зошто протестираме, и не ги пуштаме децата во училиште“, вели Мирсад Колашинац, претседател на Советот на родители.

Жителите на селото Лажани се вознемирени и очекуваат решавање на проблемот. ЦИВИЛ Медиа го контактираше и директорот на училиштето Даут Љаиќ, но тој одби да даде каков било коментар, прекинувајќи ја телефонската линија.

Градоначалникот Милошевски, пак вети дека ќе оствари средба со родителите и дека ќе преземе мерки за санација на училиштето.

„Точно е дека ова училиште не е во добра кондиција. Јас ќе остварам секако средба со родителите и верувам дека ќе најдеме решение. Освен што ќе побараме помош од Министерството за образование, Општина Долнени и во рамките на својот буџет ќе оддвои средства за санација на ова училиште, со цел наставата да продолжи да функционира непречено“, изјави градоначалникот Милошевески.

Во Општина Долнени има вкупно 7 основни и 15 подрачни училишта, во кои следат настава околу 1.700 ученици. Состојбата во повеќе училишта е лоша и неопходна е нивна што поскора санација.

М. Талеска

Print Friendly, PDF & Email
Tags: „Мирче Ацев“бојкот на наставалажаниМинистерсто за образованиеОпштина Долнени
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

    CIVIL MEDIA NEWSLETTER

    Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

    CivilMedia

    СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

    Следете нè

    No Result
    View All Result