• Latest
Фото: МИА

Прочистителна станица во село Орман со средства од европските ИПА фондови

November 21, 2023
Општина Брвеница

Радически со предност пред Јахиј: Брвеница оди во втор круг за избор на градоначалник

October 19, 2026

Од бразилски ритми и електронски експерименти до француска џез-авангарда: Завршна вечер на 45. Скопски џез-фестивал

October 18, 2026

Во утринско обраќање во живо, Рама тврди дека е спречен напад со експлозивен дрон, најавува нови полициски интервенции и одбива оставка

October 18, 2026
Општина Брвеница

Брвеница избира градоначалник: Шест кандидати во трка за гласовите на 16.256 избирачи

October 18, 2026

Цвет од мигдал

October 18, 2026
Patxi Beltzaitz, Berria, CC BY-SA 4.0, via Wikimedia Commons

Генерацијата на гневот: Младите ја тресат Европа, полицијата возврати со бруталност и грубо кршење на човековите права

October 18, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Истрага како сирење

October 18, 2026
Полициска бруталност, Албанија, октомври 2026

Полициска бруталност во Албанија: Млади демонстранти тепани и приведувани, ЕУ бара истрага, ЦИВИЛ со директна порака до Еди Рама

October 17, 2026
Харкив, 17 октомври 2026 (ДСНС)

Домови, трговски центри и електрани во пламен – рускиот терор врз цивилите во Украина за време на „енергетското примирје“

October 17, 2026

Од македонската авангарда до африканската духовност: Три музички светови на третата вечер на Скопскиот џез-фестивал

October 17, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Прочистителна станица во село Орман со средства од европските ИПА фондови

November 21, 2023 13:44
in ВЕСТИ
Фото: МИА

Фото: МИА

Share on FacebookShare on Twitter

Заменикот на претседателот на Владата за европски прашања Бојан Маричиќ и министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска, во рамките на денешната работна посета на општината Ѓорче Петров, ја посетија и прочистителната станица во село Орман.

– Владата инвестира во иднината и подеднакво се грижи за сите граѓани на Северна Македонија. Со европски средства, преку Инструментот за претпристапна помош – ИПА фондовите, вложивме 330.000 евра само во општина Ѓорче Петров, со што се решава еден многу важен проблем на жителите на селото Орман, на градот, околината и директно влијае на подобрување на условите за живот и животната средина, рече Маричиќ.

Тој потсети дека жителите на селото се соочуваа со сериозен недостиг од основни јавни услуги односно пристап до еколошки системи и третман на отпадни води во Орман. Загадените подземни и површински води, како и предизвиканата контаминација на почвата, додаде, ги нарушуваат постоечките норми за безбедност на храната и квалитативните норми за производство на здрави и безбедни земјоделски производи.

Маричиќ нагласи дека со реализација на пилот интервенции за третман на отпадни води и управување со цврст отпад во прекуграничниот регион и со градењето на колекторот за отпадни води во село Орман, се зајакнува капацитетот за управување и намалување на ризиците од загадување на животната средина. Со овој проект, истакна тој,  се решава проблемот на одлагање на комунален отпад и канализација на жителите на Орман и со тоа директно се влијае на намалување на загаденоста на водата, почвата и храна.

– Оваа инвестиција е една од многуте кои ги реализираме со финансиски средства од Европската Унија, и која ни овозможува да ги користиме придобивките кои ги имаат земјите членки уште пред нашето зачленување во Европската Унија. Уверен сум дека со полноправно членство во Унијата до 2030 година, сите овие придобивки и можности многукратно ќе се зголемат. Сега е моментот да ја зграпчиме понудената шанса и да продолжиме цврсто и сигурно по тој пат.

Претходно, Маричиќ истакна дека ВМРО-ДПМНЕ го блокира евро-интегративниот процес на државата. 

 

Tags: Бојан МаричиќЈована ТренчевскаОпштина Ѓорче Петровпрочистителна станица
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ