Раководителот на Инспекциски надзор одделение Скопје, Мери Проја Продановска вечерва на прес – конференција изјави дека имало проблеми да се изврши контрола во објект на улицата Боемска.
Вработените не отворале, а инспекторите влегле во објектот по два и пол часа. Продановска вели дека таму е затекнат еден политичар, односно претседател на политичка партија. Ова се случило по 18 часот.
„Еден апел до сите граѓани, до сите политичари, да се свестиме дека ситуацијата е драматична. Јавната свест мора да биде пред сè“, рече Проја Продановска.
Угостителскиот објект ќе добие кривична пријава, а ќе следи и пријава за попречување на инспекциски надзор.