Во Кривичниот суд во Скопје денеска продолжува случајот за изборни нерегуларности „Титаник“ на Специјалното јавно обвинителство, каде се очекува да се прикажат материјални докази.
Досега СЈО презентираше 1.800 од повеќе од 5.000 материјални докази. На Никола Груевски, по бегството, за овој предмет му се суди во отсудство.
Во Титаник обвинети се и Кирил Божиновски, Миле Јанакиески, Гордана Јанкулоска, Билјана Бришкоска Бошковски, Илија Димовски, Мунир Пепиќ, Едмонд Темелко, Леко Ристоски, Кирил Тодоровски, Катерина Веловска, Станко Коруновски, Коста Марковски, Драгче Драгчески, Марјан Накевски, Гоце Јаневски, Џезми Ахмет, Роберт Давитков, Далибор Алешковиќ и Ленка Рашјаковска.