• Latest

Продолжи понатаму

April 25, 2018

24 ЧАСА: Притвор за напаѓачот по инцидентот во Штип; јавна осуда од клубовите и ФФМ; Гаши потврди – на избори со стар Изборен законик; четири новинари загинаа во израелските напади на Газа

August 25, 2025
Фото: Wikimedia commons

Осум дена притвор за 43 годишниот родител кој нападна двајца 15 годишни фудбалери на штипска „Брегалница“

August 25, 2025
Илустрација: ВИ

Каде завршува информирањето, а каде почнува пропагандата, што е што во изборен контекст

August 25, 2025
Фотографија:  Алфонс Маис, Фејсбук профил

Германски генерал, Алфонс Маис: Верувам дека сите наши војници знаат што да очекуваат

August 25, 2025
Фотографија: Скриншот Платформа Х

Петти ден како гори руска рафинерија по украинските напади на енегретскиот сектор

August 25, 2025
Фотографија: МИА

Две собраниски седници пред изборната кампања, Гаши на координаторите на пратеничките групи им доставил Декларација за фер и демократски избори

August 25, 2025

ГРАЃАНСКИ ФОРУМ (РЕАКЦИИ): Граѓаните бараат предвремени избори и конфискација на незаконски стекнат имот

August 25, 2025

ОЈО побара притвор за родителот што нападна двајца младински фудбалери на Брегалница

August 25, 2025
Фото: Wikimedia Commons

Франција го повика американскиот амбасадор Кушнер на разговор поради обвинувачкото писмо до Макрон за растечки антисемитизам

August 25, 2025
Скриншот од Youtube видео -ЛНОБТ

Украина и Литванија потпиша документ со намера за заедничко производство на одбранбени производи

August 25, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Продолжи понатаму

April 25, 2018 09:36
in СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

„Мојата тајна надеж е да изградам мостови,
по кои ќе чекориме за да стигнеме до местата
на кои силно зрачи сонцето, она, кое ја топли душата
 на обичниот асфалт, на кој се љубиме, смееме, и сакаме“

Со Денис не се познававме кој знае колку многу до пред еден месец. Се знаевме, што би рекле стари скопјани „од извиџење“.

пишува: Војо Цветановски

Денис е активен на Фејсбук. И тоа многу активен. Неговиот активизам претежно е заснован на помагање, ширење на убава и позитивна енергија. Се дружи и е околу луѓе на кои навистина им е потребна таа негова позитивна енергија, вклучувајќи ја тука и мојата маленкост.

Беше сончев мартовски ден, сабота, претпладне, нешто пред 11 часот. Се враќам од пазар со еден куп кеси во рацете. Денис се појави од кај гаражите, тука кај мене зад зградата.

„Тука живееше?“, ме праша.

„Тука сум“, кусо одговорив.

„Имаш ли пет минути за мене, да се видиме на кратко, сакам да ти раскажам една приказна?“, ме праша.

„Се разбира дека имам и повеќе од пет минути“, одговорив. „Само да ги оставам кесиве дома. Седни тука на клупиве ќе дојдам веднаш“.

Денис седна на клупите. Јас ги оставив кесите дома и веднаш слегов. Рече дека до 12 мора да е во Центар. И, почна да ми ја раскажува неговата идеја – замисла.

„Месец април е месец на аутизмот. Јас другарувам со неколку луѓе/фамилии кои живеат со оваа состојба. Сакам цел месец април да го посветиме на овие, но и на сите оние фамилии кои живеат со ова. Секој викенд ќе правиме по некаков мини активизам низ градов: ќе цртаме графити, ќе делиме стикери, флаери, ќе делиме маици, ќе направиме силна Фејсбук кампања, а последниот викенд од месецот, поточно 28 април, на школка во Градски парк сакам да организираме настан на кој ќе поканиме улични артисти, музичари, театарџии, живи статуи, да дојдат и во двочасовно дружење да им посветиме целосно внимание на овие луѓе за кои ја работиме целава кампања. Нив тоа многу ќе им значи, а нас не не’ чини ништо. Подаваме рака, која треба да ја рашири оваа приказна што е можно повеќе и во неа да се вклучат што повеќе луѓе за пораката да биде што повлијателна. Сега за сега сме Јане и јас. „Дали си ти „ЗА“ да влезеш во целава оваа авантура?“

„Се разбира дека сум за“, веднаш одговорив, „Плус и ти и Јане сте супер луѓе, задоволство ќе ми биде да работам со вас. А и идејава е одлична“.

„Е, сега што е проблемот“, рече Денис со резервиран тон – немаме буџет. Ќе треба сите кои ќе дојдат да настапуваат, да настапат хуманитарно. Вклучувајќи нè и нас“.

„За мене не е проблем. Какви сè глупости сум работел за без пари, ова и тоа како има смисла и вреди да се изработи. Вреди да се подаде рака. Денис, ќе дадам се’ од себе, да успеам да убедам неколкумина уметници да дојдат и да настапат. Не ветувам дека ќе успеам, но ветувам дека ќе направам големи напори тоа да се оствари. Мора да успееме. Мора да ја рашириме приказнава“, му реков.

Се разделивме. Денис замина кон Центар. Јас дома.

Седнав на компјутер и срочив кус е-мејл. Мејлот веднаш го испратив до десетина пријатели – уметници на кои им ја раскажав целава оваа иницијатива. Сите до еден, веднаш се согласија и го потврдија своето учество, уште истиот ден. Дури некои од нив рекоа и дека тие ќе поканат свои пријатели да дојдат да настапат на овој настан.

„Подаваме рака“, му реков телефонски на Филип. „Тоа е идејата. Да се шири приказнава. Да бидеме подобри луѓе. Да создадеме подобро утре, да испратиме порака со која ќе ја кренеме свеста кај останатите, да почнат самите, без никој да им каже дека треба да создаваат вакви иницијативи. Ти ќе кажеш едни, тие на други, другите на трети, третите на четврти… ништо друго не е толку важно колку што е важно да помогнеш некому“.

„Така е, се согласувам со тебе во целост“, рече Филип, исто како што рекоа и останатите на кои им се јавив или им пишав и на овој начин им ја раскажав приказната. „Сметај на мене“.

Му го соопштив ова на Денис. А тој го извести Јане.

И потоа почна приказната. Денис, Јане и јас бевме постојано во комуникација за настанов, цел месец Април. За најкус можен рок се обезбедија сите потребни документи за настанот да може да се случи на 28 април на школката во Градскиот парк. Приказната почна да станува реалност. Почнуваме да создаваме една убава приказна која заслужува да има свое место под ова небо. Мораме да подадеме рака, беше нашето мото, само на тој начин оваа приказна ќе продолжи понатаму, само на тој начин ќе ја вратиме насмевката во овој град.

* * *

Беше пладне, средината на месец Април. Ми ѕвони телефонот. Маја Бабиќ. Не ме побарала од Нова Година. Кревам. На брзина ми кажува дека на 28 април организираат настан – пикник некаде низ парк, уште не им е дефинирано каде, таа и здружението во кое членува Inner Wheel Club – Skopje Europea, по повод светскиот „Pay it forward day“ – (Продолжи понатаму) кој се случува истовремено во 81 земја низ целиот свет.

„Оној филмот бе со Кевин Спејси и Хелен Хант, со детето кое помага на бездомници, наркомани, безнадежни… помага за да се продолжи понатаму добрината, без при тоа да има било какви очекувања за возврат. Едноставно помага. Толку. Прави добро дело. Сигурно си го гледал“, ми асоцираше Маја.

„Како да не сум го гледал“, како од пушка одговорив. „Тоа е првиот филм што успеа да ме тресне од земја“, и’ реков.

Маја сакаше да оддржам предавање на нивниот настан. И кажувам дека на истиот тој ден и ние организираме настан на школка по повод месецот на аутизмот. И ми светна.

„Маја!“, и’ велам, „оваа приказна која ја правиме ние е од хуманитарен карактер би било одлично и вие да се вклучите кон нашиот настан, бидејќи, покрај посветување внимание на луѓето со аутизам, паралелната идеја на настанов е и да подадеме рака, да помогнеме и тоа да продолжи понатаму, да не мора само ние да го правиме. Вашата организација се занимава со движењето „Продолжи понатаму“ што значи и тоа како има логика да сте дел од овој настан. Види како работите се привлекуваат една со друга, а? Неверојатно. И ај после не верувај во енергија“.

Се изнасмеавме и веднаш се договоривме, како што впрочем со Маја секогаш и се договараме. Многу лесно. Ако е – è, ако не е – не е. Толку.

Меѓусебно сите се согласивме дека ова е одлична идеја, заедно да бидеме на овој ден и преку нашиот настан, а и преку нивната организација да испратиме силна порака за помагањето воопшто.

„Како ќе ја именуваме пораката?“, праша Маја додека седевме во едно скопско кафуле, каде што ги договаравме деталите за настанот, таа со луѓето од нејзината организација, Денис и јас. И сите се согласивме дека „Продолжи понатаму“ е одлична порака за овој настан и дека на сите присутни на инфо штандот ќе им се црта срце на левата дланка. Таа рака ја подаваме.

* * *

Скопје, „Продолжи Понатаму“ со добри дела и, да, се гледаме на школка во парк на 28, април, во сабота од 11 до 13 часот.

Print Friendly, PDF & Email
Tags: Војо ЦветановскиДенис ЈанкуловскиМаја Бабиќподај ракаПродолжи понатаму
Share209Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • СРПСКИ (БУРАЗЕРСКИ) СВЕТ: Ќе добие ли ВМРО-ДПМНЕ своја банка?

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Мицкоски: Ако поради независните со два потписа изборите не успеат, Владата има уставна можност да постави повереници

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • МВР го уапси родителот кој го предизвика инцидентот во Штип, ФФМ, Шкупи и Брегалница го осудија – спортот не треба да биде арена за физички конфронтации

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Одбележан Денот на независноста на Украина во Скопје: Мирот е единствена опција

    88 shares
    Share 35 Tweet 22
  • Тој ќе изгуби – светот ќе биде слободен

    88 shares
    Share 35 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ