Караванот на Коалицијата „Можеме“ денеска ќе одржи трибини во Велес, Желино, Чегране и Врапчиште.
Христијан Мицкоски ќе ги посети општините Конче, Радовиш и Струмица.
Владо Мисајловски ќе оствари средба со граѓани во Волково, а Дафина Стојановска ќе оствари средби во Качамаку и во Циглана.
Изет Меџити од ДУИ ќе одржи прес-конференција на Плоштадот Скендербег во Скопје.
Дваесетдневната кампања за изборите за пратеници во Собранието на Република Северна Македонија закажани за 15 јули започна на 24 јуни и ќе трае до 12 јули на полноќ, по што следува тридневен молк.
На предвремените парламентарни избори, според поднесените листи до ДИК, ќе учествуваат 15 коалиции и партии со 1.598 кандидати.