• Latest

Продолжува вербалната војна помеѓу Ердоган и Нетанјаху

April 1, 2018

Коридорот на „старо железо“

June 3, 2026

Ќе го чепне ли Маѓар експремиерот Груевски на финансиски план?

June 3, 2026
Проф. д-р Стево Пендаровски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Пендаровски отвора нови прашања за „шпионската афера“ во Кабинетот на претседателката: Ако нема афера, зошто е суспендиран ИТ-техничар?

June 2, 2026
Кијив, 2 јуни 2026 (Укринформ)

Продолжува рускиот терор врз цивилни цели во Украина: Масовен напад врз Кијив, Днипро, Харкив и Запорижја, има загинати и повредени

June 2, 2026
Илустрација ВИ

РЕАКЦИИ: Политичарите се проблемот, не меѓуетничките односи – граѓаните бараат помалку национализам и повеќе заедништво

June 2, 2026

Белешка за еднаквоста во граѓанска држава, а не во држава на „природни“ сопственици

June 1, 2026
Бенјамин Нетанјаху (фото извор: Wikimedia)

Израел повторно го таргетира Бејрут: Нетанјаху нареди напади врз јужните предградија, расте стравот од поширока регионална ескалација

June 1, 2026
Фотографија: Скриншот од видео објавено на Х профилот на францускиот претседател Емануел Макрон

Француската морнарица пресретна санкциониран руски танкер во Атлантикот

June 1, 2026
Фото: Скриншот

Суд во Хамбург му забрани на „Шпигел“ да го поврзува Вучиќ со „Сараевското сафари“

June 1, 2026

УТРИНСКА ПОШТА: Кошта на турнеја низ Западен Балкан, ЕУ со дополнителни 3,2 милијарди евра за поддршка на Украина; на полноќ нови цени на горивата

June 1, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Продолжува вербалната војна помеѓу Ердоган и Нетанјаху

April 1, 2018 18:52
in ВЕСТИ, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган го обвини израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху дека е „терорист“.

Обвинувањето уследи откако Нетанјаху ги отфрли „моралните лекции“ од Турција поради крвавите судири на границата помеѓу Појасот Газа и Израел.

– Еј, Нетанјаху, Вие сте окупатор и како окупатор сте на тие територии и во исто време сте терорист, изјави Ердоган пред приврзаниците во Адана, а обраќањето се пренесуваше и на телевизија.

Според израелските медиуми, претседателот на Турција изјавил и дека Израел е „терористичка држава“.

– Не е потребно да му кажам на светот колку е сурова војската на Израел. Можеме да видиме што прави терористичка држава, ако ја набљудуваме ситуацијата во Газа и во Ерусалим, посочи Ердоган, додавајќи оти Израел изврши масакр во Газа.

Тој најави и дека Турците нема да заборават што им се прави на угнетените Палестинци, оценувајќи дека ниту на израелскиот народ не му е сеедно.

Нетанјаху претходно го нападна Ердоган поради неговите критики на израелскиот одговор на масовните протести на Палестинците на границата на Појасот Газа.

– На најморалната армија на светот нема да му држи лекции некој, кој со години бомбардира цивилно население, наведе Нетанјаху.

Ердоган и вчера во Истанбул остро ја осуди израелската Влада за нејзиниот „нехуман напад“, алудирајќи на убиството на 15 палестински демонстранти во петокот на границата на Појасот Газа со Израел.

– Израел ќе ги стави Палестинците во затвор со своето угнетување. Ќе продолжиме да ги поддржуваме нашите браќа и сестри во Палестина, наведе Ердоган.

Тој ги нападна и тие што го критикуваат него, а не и Израел.

– Не слушнав некој да се спротистави на масакрот во Газа од тие што ја критикуваа операцијата во Африн, изјави Ердоган, мислејќи на турската операција во курдската енклава во северна Сирија.

Десетици илјади Палестинци во петокот во Појасот Газа почнаа шестнделен протест со барање да им се дозволи на палестинските бегалци да се вратат во Израел. Тие поставија десетици шатори на пет локации долж границата со Израел. Организатор на протестот е Хамас. Но, протестот набрзо прерасна во насилство, кое беше осудено од генералниот секретар на Обединети нации, Антонио Гутереш, кој побара независна истрага. И шефицата на европската дипломатија Федерика Могерини побара да се спроведе истрага за употребата на боева муниција за време на палестинските демонстрации.

Односите помеѓу Турција и Израел беа нарушени во 2010 година кога израелски командоси упадна на брод, што превезуваше помош за Појасот Газа и убија десет турски пропалестински активисти. Договорот за нормализација на билатералните односи беше постигнат во 2016 година, но оттогаш во повеќе наврати е е прекршен.

[divide]

извор: МИА

Tags: Дипломатска војнаЕрдоганИзраелЊетанјаху
Share6TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ