• Latest
Фото: ЈПДЈ

Продолжуваат препукувањата меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ чија заслуга е изградбата на експресниот пат Страцин -Крива Паланка

January 5, 2025

Од Матрикс до агентската ВИ: Кога софтверот престанува само да одговара и почнува да дејствува

August 30, 2026

Ако нема штета, нема загадување и нема докази – што всушност остана од случајот „Мазут“?

August 30, 2026
Избирачко место во Исланд (фото извор: скриншот од видео на социјалните мрежи)

Исланд го отфрли враќањето на преговорите со ЕУ, „не“ води со 52,5 отсто наспроти 47,5 отсто „за“

August 30, 2026

ЦИВИЛ: Глорификацијата на Ратко Младиќ е напад врз жртвите, вистината и демократскиот поредок

August 30, 2026
Кијивска област, 29 август 2026 (извор: ДСНС)

Руски терор врз Украина: Најмалку 37 загинати и голем број ранети во Кијивска област, 30 часа непрекинат напад врз цивилите

August 29, 2026
Седиште на ВМРО-ДПМНЕ (фото Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ – или – колку е голема бруката?

August 29, 2026
Рејкјавик (фото извор: hiticeland.com)

Исланд на референдум за обнова на преговорите за членство во ЕУ – што е исто, а што различно од Западен Балкан?

August 29, 2026

Почна втората сезона на Eyes on Democracy: Украина и иднината на Европа (ВИДЕО)

August 28, 2026

СДА Македонија со остра осуда на величењето на воениот злосторник: Дали партнерите на ДПСМ во власта ја делат истата глорификација на воените злосторства на Ратко Младиќ!?

August 28, 2026

Генералот кој умре и продолжува да живее

August 28, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Продолжуваат препукувањата меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ чија заслуга е изградбата на експресниот пат Страцин -Крива Паланка

January 5, 2025 17:17
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Фото: ЈПДЈ

Фото: ЈПДЈ

Share on FacebookShare on Twitter

По вчерашното пуштање во употреба на експресниот пат Страцин-Крива Паланка, денеска продолжија препукувањата меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ околу тоа чија заслуга е изградбата на овој патен правец.

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ останува на ставот поткрепен со видео дека на 1 јули не бил ставен ниту еден метар асфалт на патот Крива Паланка – Страцин, а од опозициската СДСМ со фотографии од ЈПДЈ од асфалтирање на патот во 2023 година уверуваат дека ВМРО-ДПМНЕ не ја зборува вистината, пренесува МИА.

– Фактите се тврдоглава работа, и колку и СДС да сака да ги искриви, не може. Видеоматеријалот кој го праќаме во прилог на ова соопштение јасно докажува дека на 1 јули 2024 година експресниот пат Крива Паланка – Страцин е се само не финализиран. Со години СДС неможеше да го направи патот, исто како што не го направи ниту Градско – Фариш, ниту пак автопатот Кичево – Охрид. За 6 месеци владата на ВМРО-ДПМНЕ со напорна работа на терен ги заврши работите на патот Крива Паланка – Страцин и го пушти во употреба, наведувоа од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата посочија дека нема повеќе застој на инфраструктурните проекти и дека се работи забрзано.

Од СДСМ пак во денешното соопштение посочија дека ВМРО-ДПМНЕ не ја кажува вистината и упатија на фотографии од 2023 година.

– ДПМНЕ лаже за експресниот пат Страцин – Крива Паланка затоа што СДСМ го заврши над 90% а тие го блокираа како опозиција. Првиот асфалт на експресниот пат Страцин – Крива Паланка е поставен уште во 2023 година. Од увид во веќе започнатиот процес за асфалтирање има слики и објава на официјалната Фејсбук страница на Јавното претпријатие за државни патишта на 23 ноември 2023 година . Китењето со туѓи перја е едно но ова, патолошко лаже ДПМНЕ зборува за нив и покажува колку се неспособни па мора да измислуваат дека нешто направиле, наведоа од СДСМ.

Според СДСМ, да не биле блокадите на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, овој патен правец можел да се заврши уште во 2024 година.

– Очекуваме и Мицкоски и ДПМНЕ денеска да излезат и да им се извинат на граѓаните за тоа што ги излажаа, велат од СДСМ.

Експресниот пат Крива Паланка-Длабочица-Страцин во должина од 25,5 километри, вчера свечено го пуштија во употреба претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, заменик шефот на делегацијата на ЕУ, Бен Нупнау, министерот за транспорт и врски, Александар Николовски и директорот на ЈПДП, Коце Трајановски.

Премиерот Мицкоски во обраќањето рече дека патот не е ниту на ВМРО-ДПМНЕ, ниту на СДСМ, туку на граѓаните.

-Иако, морам да кажам дека денеска имаше и такви коишто се обидоа да направат политичка промоција, дека тие кога биле Влада го почнале овој патен правец, за жал им требале шест години и поради блокадите од ВМРО-ДПМНЕ не успеале да го направат иако не знам што ги блокираше ВМРО-ДПМНЕ да стават барем еден сантиметар квадратен асфалт и наместо да им се извинат на граѓаните што не успеаја во изминативе шест години тоа да го направат, тие денеска потрчаа да соберат политички поени. Сакам да им кажам на граѓаните коишто ќе го користат овој пат, ова не е пат ниту на СДСМ ниту на ВМРО-ДПМНЕ ниту на која било друга политичка опција. Ова е пат на граѓаните и ова е пат којшто ќе остане за граѓаните и тие се тие коишто ќе го користат. Кредитот којшто е добиен од страна на финансиските институции ќе биде враќан од парите на граѓаните, затоа нема никој право да го присвојува, никој нема право да кажува дека ова е негов пат, ова е ваш пат, на граѓаните и да си го користите и аирлија нека е, кажа премиерот.

Благој Бочварски, пратеник на СДСМ и поранешен министер за транспорт и врски вчера пред официјалното пуштање во употреба, во изјава дадена кај експресниот пат подвлече дека овој стратешки проект започнат од СДСМ во 2018-та, веќе бил реализиран над 90% до средината на 2024 година и да не биле блокадите на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, вели можел многу порано да се заврши во текот на 2024 година.

-Во северноистичниот дел на земјата СДСМ инвестираше многу, особено во делот на инфраструктурата, патиштата и развој на целиот овој регион. И тоа граѓаните од овој крај добро го знаат, рече Бочварски.

Делницата А2, е во вредност од 107 милиони евра средства обезбедни од Светска Банка и грант средства. Патот има две сообраќајни ленти за возење од по три и пол метри и две ленти за застанување од 2,5 метри, изградени се три клучки, 13 вијадукти и девет надвозници, како и 44 косини. Со изградбата на патот чија вкупна вредност за изградба е 93,7 милиони евра од кои 80,2 милиони евра се средства од Светска Банка и грант средства од ЕУ во висина од 13,5 милиони евра, значително се скратува времето на патување кон Бугарија. 

Tags: ВМРО - ДПМНЕекспресниот пат Страцин-Крива ПаланкапрепукувањаСДСМ
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ